1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пеглање: Сподели совет и освој неверојатен Philips парен генератор!

Дискусија во 'Дом' започната од Femina, 31 март 2017.

  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    4.585
    Пол:
    Женски
    Доколку ви се случи да ја залепите пеглата за некоја облека или едноставно треба да се исчисти потемнела.Можете да ја "светнете"со паста за заби или парацетамол.Загрејте ја пеглата и со парталче намачкајте ја со паста за заби,потоа избришете.Или па загрејте ја пеглата и со нешто држете го парацетамолот и тријте по флеката.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано по интернет дека може и со оцет, ама не сум пробала.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме колку е деликатно пеглањето околу и меѓу копчињата, па кога пеглате нешто со копчиња (посебно пластични), со другата рака покривајте ги со лажица за да ги заштитите. Проверено! (y)

    И за да не ви се влече постелнината по земја, потпирајте ја на столчиња. Јас директно на кревет го постилам испегланиот дел и оставам така да се излади, цепидлака сум да не ми го изгужваат пак столчињата. :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Откако станав мајка пеглањето е зачестена моја домашна обврска. Приоритет е облеката на син ми , таа мора да е испеглана, нашата ако се има време :)
    Најголем дел сигурно го знаете овој совет и го имате применето, при пеглање обавезно, особено на некоја облека од поделикатен материјал ставам намокрена тенка крпа и врз неа пеглам, дури и температурата на пеглата да е повисока нема да го оштети или залепи материјалот. Иако пеглата ми има опција пеглање и на пареа сепак ништо не ја заменува старата добра крпа. :)
    Омекнувачот за алишта исто така ми е добар пријател во пеглањето. :)
    Во однос на чистењето на залепената пегла она што мене ми успеало е употреба на сода бикарбона и мека жичка за чистење.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Совет за пеглање: купувајте облека што не треба да се пегла:lol:
    А ако веќе морате има тука разни фори ( пеглај тазе исперена облека, пушти си музиче, ако имаш пегла на пареа обавезно со дестилирана вода, бидејки водата од чешма остава бели дамки и ја уништува пеглата, рабовите секогаш со пареа, може да си купиш и средство за пеглање, и алуминиумска фолија да ставиш, и сите туторијали на youtube да ги изгледаш) ама се ти е џабе ако не ти чини пеглата:D Баш би сакала да ја добијам оваа пегла за да не изгледа дека се подготвувам за полетување кон месечината пред секое пеглање :emo:(fingers)
     
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски


    еве како да си ја исчистите пеглата :)
     
    На Mishela и referentka им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.193
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    После долго време,добив желба и инспирација за пеглање :wasntme:
    Не се заборавало, одма влегов "во шема" :D
    Неколку совети,тазе применети:
    * направете си атмосфера за пеглање ( за мене тоа значи обезбеди 'дадилка' за деца или заспиј ги ) + пуштете си ја омилената музика
    *пред да започнете со пеглање,наредете ги алиштата од најсензитивни до поиздржливи при што првите ќе ги пеглате со послаба температура која постепено ќе ја зголемувате ( да не мора да правите премин од лен на свила па на волна на пример )
    *тазе испегланите алишта кои се уште топли и од самото пеглање делуваат влажни, не ги редете непосредно по пеглањето во шкафот, оставете ги да се изладат убаво, со што го избегнувате ризикот на замирисан шкаф на влага
    *после пеглањето, истурете ја водата од пеглата ( ако имате на вода како јас )
    *секогаш оставајте ја пеглата да се излади далеку од дофат на деца

    Верувам доволно е :D
     
    На Sesil и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    :inlove: Пеглањето ми е еден вид на терапија, толку ме релаксира, ме опушта едноставно уживам во таа работа.. Применувам доста совери од горенаведените да не се повторуваме.. Се надевам ќе имам среќа да ја добијам оваа пегла, богами прекрасна е!!
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јас ја сакам... денес пак имав сомот панталони за пеглање.
    Не ги можам...домаќинка не домаќинка на мажми ќе му забранам да купува сомот панталони.

    Среќа па лето иде ииии нема пеглање одреден период.
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    30.993
    Пол:
    Женски
    Ако користите скопска вода и ви се прави мнгоу бигор во пеглата, од време на време ставајте бел алкохолен оцет и остајте го да постои малку. Потоа ја протресувате пеглата и ја полните со вода за да ја исплакнете. Од внатре паќаат и влакненца и бигор и се.
    Потоа си имате чиста и убава пегла.
     
    На Sesil, Mishela, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Сега ја гледам рекламата на телевизија. Одлична пегла.
    Добро би ми дошла, особено сега кога ја расипав мојата.
    Совет од мене е да не пробувате да вадите уфо лепак со лист хартија. Сите букви ми се прекопираа на пеглата и сега лепи.
    Не можев да си ги испеглам работите на бебенцето со мерак.
    Лесно пеглање.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Пеглата на помош во секоја ситуација! Доколку сакате да си освежите и украсите некое парче облека, купете циркони. Обележете го местото каде што треба да стои, ставете го цирконот, покријте го со парче хартија за печење, и залепете го со пегла за облека (30-60 секунди). Денес си украсив една стара и заборавена маичка со полуиспаднати циркони, и се изнарадував. :inlove:


    Еве ја процедурата.

    Оф-топик, ама и тостови може да се прават со пегла.. Го завиткуваш тостот во алуминиумска фолија, го притискаш со загреана пегла, и... ТАДАААМ - тост без тостер.
     
    Последна измена од модератор: 14 април 2017
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    ова е најбитно, па ќе ти оди ко песна шо и да пеглаш :music::music:

     
    На CoCoGiiiRL и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Зошто некој би правел тост со загреана пегла ?! :^)
    Извинете, ама ова е премногу. :D
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.946
    Допаѓања:
    134.537
    Пол:
    Женски
    ако нема тостер у моментот а има пегла на пример :lol:
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Kids, don't try this at home. :tmi:
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Имам другарка што седи во студентски, има пегла, а нема тостер. Снајди се, па живеј, нема некој се што имате вие :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Испробано, и функционално. Без грижи ;) Супер diy e.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    И јас немам тостер па не јадам тост. :)
    Само кажав дека не би користела пегла (која патем ја користам за облека) за храна. Без разлика што е преку фолија. Ништо лично и ништо кажано со лоша намера.
     
    Последна измена: 14 април 2017
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Секој си знае за себе најдобро :)