За да се спречи создавањето на дамки од пот на бела кошула, пред пеглање се става малку бебешка пудра под пазувите и на јаката
Јас па обожавам да пеглам алишта, затоа поклонете ми ја пеглава и на сите ќе ви испеглам. Поздрав до оние шо мразат, јас обожавам. Затоа и треба да ми ја подарите
И помагам на мајка ми често во недела со пеглањето. Исто така кога ми треба нешто за излегување сама си пеглам, ако го добијам парниов генератор ќе ја изненадам мајка ми таман за годишницата од брак. А може после и натпревар да правиме која побрзо ќе пегла дали јас со генераторов или она со обичната пегла. Како трик за полесно пеглање на скроз сувите алишта со мајка ни е следново: пред пеглањето ги прскаме алиштата со шишенце на кое има пумпица (внатре ставаме вода и парфимиран омекнувач), потоа ги замотуваме алиштата во чаршаф и така ги оставаме да остојат 30 минути, може и повеќе ако има и други работи за завршување меѓувремено. Така алиштата се ем полесни за пеглање, ем подолго и трае мирисот на омекнувачот. Со парниов генератор овој процес би ни се убрзал, плус ќе нема да има опасност јас да залепам некои понежни ткаенини - па така јас безгрижно ќе пеглам, а и на мајка ми ќе и ја олеснам работата.
Јас сум антиталент за пеглање. Ако морам да пеглам, цел ден ќе ме фати, и пак не се нешто нај нај испеглани алиштата. Пеглав за малата кога беше новороденче, сега само кога се мора. И да, алишта си купувам претежно од материјали кои не се гужваат многу. А ако треба да излезам, и тоа што сум го планирала за носење ми е изгужвано, бирам нешто друго
СУпер вие што не морате да пеглате. Маж ми е секој ден чиста кошула облака, некогаш и две дневно се фаќаат ако треба некеаде и навечер да оди службено. За апеглање купишта. Едвај чекам лето зашто тогаш е порелакрисано облекување па нема толку кошули.
Не ми е јасно: сите што користите вода и омекнувач во шише со пумпица за влажнење на алиштата за полесно пеглање - нели ви остава флеки? Скопскава вода остава флеки, а не можам ни да замислам колку повеќе флеки остава омекнувачот.
^ испробана неуспешна техника, јас исто имам исглекано кошули со омекнувач. Користам само дестилирана за пеглање. Со чешмовача може само да се запуши пеглата па дупла беља после.
Само со дестилирана вода, и секако, да не се претерува со количината на омекнувачот. Мене досега не ми се случило да ми остане флека, а 4 години бели мантили пеглав со вода и малку омекнувач.
Јас не користам обична вода за пеглата. А за чешмовачата сум забележала дека остава флеки на алишта кога ќе прсне врз нив, а не ми паднало на памет да ги прскам алиштата со неа. Затоа прашав за омекнувачот. Ама и онака јас не користам, ниту сакам омекнувачи. Сите отрови што можам да ги избегнам, ги избегнувам.
@Annath јас панталони и кошули пеглам додека се уште влажни, така ми е полесно, ама дури и ако се пресушат или ги прскам со обична вода од чешма или ги пеглам со мокро марамче одозгора, и досега не ми се случило да останат флеки по пеглањето, а сум на овој скопскиов водовод. Може треба да напоменам дека користам од оние старине модели на пегли што се во струја, не е на пареа, па можеби тоа игра некоја улога?
@MagsDestiny можно е да има врска, не знам. Немам искуство со стара пегла тука, освен кога бев студент, ама тогаш пеглав ептен по потреба. Како и да е, најбитното е да не се пресушат алиштата, а на тоа сега многу внимавам, оти не сакам да ги мокрам повторно за пеглање.
1. Алиштата полесно се пеглат кога не се пресушени, туку сосем, ама сосем малку влажни. Секако, не е добро да се пеглат утоп мокри. 2. Доколку немате време да ги испеглате алиштата веднаш откако ќе ги соберете, од олеснување ќе ви биде доколку ги здиплите и наредите и така надиплени ве чекаат до терминот за пеглање. Така полесно ќе се справите со стутканите алишта, отколку ако ги соберете од плет и го оставите во заедничка згужвана бомба. 3.Доколку сушите алишта во сушара, да за се спасите колку толку од пеглање, потребно е штом заврши сушарата со сушење, да ги извадите алиштата и убаво да ги здиплите. На ваков начин јас лично немам потреба од пеглање на алиштата освен на фармерките. 4.Секогаш пеглајте на обратната страна- опачината од алиштата, како би исклучиле можност за светнување и горење на лицето на алиштата. 5. Кога пеглате прилично осетлива ткаенина, користете тетра пелено или крпа за садови со која ќе го покриете конкретниот осетлив материјал, и врз крпата ќе наросите малку вода (доколку е пеглата на пареа од старт сте во ќар ) па ќе испеглате. 6. Точка 5 ја користам и за правење рабови на класични костумски панталони. Ем да можам да го направам работ на панталоните од страната на лицето (а не од опачината на панталоните, пошто ќе биде наопаку и работ), ем да не светнат од топлината од пеглата. 7. Кога перам кошули, во зависност од материјалот, претпочитам да ги сушам на закачалка надвор. Значи не пружени со штипки на плет, ами на закачалка. На овој начин таа си е убаво оптегната надолу. При пеглање на кошули, а во зависност и од бојата и материјалот, се служам со распрскувач на вода во пумпица, како и помошна крпа (погоре споменатите тетра или кујнска). Пеглам и од опачката страна и од лицето. При пеглање на кошули е од особена важност од кој дел ќе започнеш со пеглање како да не би с евртела во круг, а на крајот да го истуткам првоиспегланото. Препорачувам вака - Најпрво се пегла јаката од двете страни, а веднаш потоа и столчето на јаката. Потоа се пеглат ракавите каде манжетните се пеглаат од двете страни. Со ракавите / или веднаш по нив, се пеглаат рамењата заедно со грбен горен дел. На крај се пеглат заден средишен дел, па двете страни со закопчувалата. Бидејќи и јас и маж ми се кошулџии, а гледам дека и син ми сака да носи, а јас немам посебна љубов кон пеглањето, се обидувам на разно разни начини да си олеснам. Затоа и ги напоменав моментите на пред пеглање со начин на сушење и чекање на момент до пеглање. 8. Доколку имате накапено восок или пак залепено гума за џвакање на некоја ткаенина, можете да ја извадите со помош на пегла и весник. 9. Даската за пеглање, покрај постоечката тенко сунѓераста обвивка, секогаш ми е обложена и со дополнителен чаршав. Тоа сум го видела кај мајка ми, не знам точно од кои причини (помалку да се гори даската!!! или сл. ), а го применувам и јас. Имам впечаток дека без дотатниов чаршав подлогата ми е потврда, а со дополнителниот чаршав ем е доволна цврста и тврда подологата, ем доволно мека па полесно се лизга пеглањето. 10. На здравје пеглање Се надевам дека барем некој од моиве совети со моја лична практична примена ќе ви послужат во вршењето на вашата омилена домаќинска работа.
Во упатството на мојата пегла баш пишуваше дека е направена за чешмовача и не се препорачува дестилирана. А забележав и јас дека чешмовачата прави ептен многу бигор, после секое пеглање треба да ја чистам. Да си земам дестилирана сепак, а?
Не сум сигурна дека со зовриена чешмовача ќе подизлезе бигорот. Не знам колку е ризик, ама јас би пробала една доза со бел алкохолен оцет, да го истрошам без пеглање, ами онака со прскање и пареа, и после 1 доза со вода, за да се исплакне оцетот. Џст сеинг