Пеглам се, од чорапчиња до боди и пешкири, не до толку внимателно ама поминувам со пеглата, до кога не знам, уште малку сме 3м
Јас пеглав и за големата дада и сега за ова бебе. До чорапче пеглам. Мене дури и мерак ми е да им ги пеглам алиштенцата... Дадата е 4 години и сеуште пеглам поголем дел од облеката која ја носи, за бебеката пак задолжително ми е се што ќе исперам да го минам и со пегла. Препорачувам да се пегла облеката на бебињата!
Има доста што не пеглаат, некои едвај до 40дена и толку, кој како си сака, не е ни тоа грешка таман работа, а некои пак за жал и да сакаат не можат да постигнат, многу обврски/дечиња
Еве ме јас не пеглам ништо, сано пред да се роди бебе од мерак се испеглав. Пеглам ако нешто е изгужвабо инаку од чиста мора никако таква обврска на глава не си ставам.
Пеглав до првиот месец. Еве до ден денес 10+ е и никогаш не пеглам. Кога ги вадам од машина ги диплам и оставам некој саат па ги пружам, ова ми беше совет од мајка на 4деца. И навистина се баш како пеглани.
За со првото бебе пеглав и чорапчиња дури и до 40+ денови на раце перев секој ден негови алиштиња , ама пред да се роди второто исправ и испеглав се , а откако се роди од обврски ни пеглата не знаев кај ми е , а не да земам да пеглам или на раце да перам како со првото , дури и алиштињата заедно со на првото дете му ги перев и со некои мои .
ista sum. dzabe vreme i struja potroseni. koga ke vidam lugje deka peglaat carsafi i postelnini ic ne mi e jasno
За беба пеглам алиштенца и тетра пелени. Толку. Се шалам дека покрај неа и дада и носи пеглани алишта. Кога веќе е уклучена пеглата.... До кај 3 мес ќе пеглам после ќе видиме.
Ги пеглам тетра пелените зошто му ги ставам на лице кога пие млеко. Исто и јас како @sofi2107 ги диплам убо и ги оставам некој сат или преку ноќ и ги пружам. Или пак некогаш ја користам печката за нешто побрзо да ми се исуши и така се како пеглани.
Не пеглам. Ги испеглав само првите алишта пред да се роди бебето и повеќе не. Пеглам само по потреба. Кај сум секогаш сама па уште и пеглање ми фали Мразам да пеглам, нема ништо по досадно од пеглањето.
Откако ја купив машината за сушење, за детево, па и нашите (ептен кошули, панталони дека посвечени пеглам) не пеглам. Топли ги вадам од сушарницата, исправувам и диплам, исто како да се поминати со пегла.
Пеглав до 2 месеци, додека имав малце помош по дома...сега сум сама скоро цел ден и едноставно немам време .
Same here. Peglam se i za bebus i za nas. Osven frotirano drugo se peglam. Da se razbereme, ne radi dezinfekcija tuku od sto sakam se da mi e pod konec zdipleno (OCD ).
Пеглам се и од малата и наши.Само чорапчината не и ги пеглам.Пеглам кога таа спие и едноставно ме опушта,паметот на пасење,некоја музика а некогаш и филм ќе погледам.
Peglav do pred mesec ipol.Sveki ni pokloni susara,pa nema potreba od peglanje.Meki pamuk se i nezguzvani.