1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педагошки факултет - Битола: Германски јазик и книжевност

Дискусија во 'Образование' започната од Hygieia, 24 јуни 2013.

  1. Hygieia

    Hygieia Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Здраво, нова сум на форумов. :hai:
    Значи вака, неодамна дипломирав на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Никогаш не се пронаоѓав во правото, но ете 3 години ми летнаа и дипломирав.
    Сега сакам да се запишам на Германски јазик. Во Скопје има филолошки факуалтет, каде што има смер Германски јазик. Но, сакам малку да ја сменам околината, и сакам да се запишам во Битола.
    Па, дали некој студира Германски јазик на Педагошкиот факултет во Битола?
    Дали после завршувањето има можност да се оди на постипломски надвор од Македонија?
    Дали просесорите се Ок?
    Секакви информации би ми помогнале.

    Фала многу. :)
     
  2. Hygieia

    Hygieia Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
  3. Zimzelena

    Zimzelena Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Прво кажи ми од кој град си .
    Јас сум од пп .
    Таја програма што ја бараш ти се активира лани и има многу слаба заинтересираност , јас студирам таму и од 16 студенти останавме само 10 .
    Порано беше германско -македонски , така се викаше .
    И не се знае за сигурно годинава заради слабата заинтересираност , дали ке се стават тие студии во мирување .

    Многу е битно дали досега имаш учено германски јазик , би требало да имаш .
    Професори немаш многу само 3 се , ама чим си положила правен немаш гајле кај овие , ке ти ја пратам програмата ке ја разгледаш , имаш и некои македонски предмети ама не се многу .
    Проблеми можеш само да си имаш со Јаготка , ама јас кај незе положив од одма , а некои ги туркала и по 9 пати .
    И Валентина ги турка , ама ако те види дека работиш нема шанси да те турни .
    Професорот Рау , тој е германец , е со него нема шанси да не положиш , полагаме со скрипти од википедија , германска книжевност предава , иако е германец предава на македонски јазик .

    Со македонските предмети специфични биле Јордан и Јанушева , ама пошто не е насоката таква , нема да не гнава толку појче .

    Некои викаат дека скопје им било полесно , ама шо знам јас мислам дека ваму е полесно оти таму со Ранка Грчева и еден куп други појма неам како се снајдува.

    Кај нас програмата и предметите се сеуште кашапопара ние бевме прва генерација од ко се отвори насоката , неаме асистенти , само тројца професори и една демонстраторка која ко че не пази можиш да се изнапрепишуваш , неаме ни салам литература ни книги ниту лабораторија за превод и толкувње .

    Професорката Валентина многу не почестува секаде не вика и не носи ( на концерти , прослави , презентации во библиотека , кино се шо е на германски ) а да си на друго место , барем на правен нема шанси ни добар ден да ти речи од толку студенти .

    Распрашај се дали ке биди програмата во мирување и дали можиш да се запишиш .
    Ако ти ода јазици нема да си имаш мака ваму , само ке имаш многу за домашна за пишување кај професорката Валентина :geek: .
    И ако можи да се запишиш таму , рачунај ке имаш и интервју со незе на германски јазик (основни работи :каде живееш , за семејството , хоби , што и дали сакаш да читаш ....што работат твоите )

    Интересно е ....и многу сме блиски со професорите .
    И ке имаш многу помалце за учење од правен и чим имаш правен и плус германски секако ке можиш мегународно нешто или туризам да запишиш постдипломски .

    http://www.pfbt.uklo.edu.mk/dodipl.html

    овде ти е програмата , симни си ја , ако имаш било какви прашања прашај ме .
     
  4. Zimzelena

    Zimzelena Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
    со дисперзирани студии воДебар 175 100/200 65 100/400 50 400 290
    УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ - ЧЕТИРИГОДИШНИ
    Информатика и техничко образование (заедничка
    студиска програма со Технички факултет – Битола) 60 200 10 400 10 400 80
    Македонски јазик и книжевност 15 200 5 400 5 400 25
    Англиски јазик и книжевност 40 200 20 400 10 400 70
    Англиски јазик и книжевност – Дебар 20 100 10 100 5 400 35
    Македонски - германски јазик – Дебар 20 100 10 100 10 400 40
    Македонски - англиски јазик – Дебар 20 100 10 100 10 400 40

    како шо видов во конкурсот изгледа нема
    http://www.pfbt.uklo.edu.mk/KONKURS_13.pdf :(
    Само дисперзирани во Дебар , освен ако не ти се брза ако ги активира другата година во Битола .
     
  5. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Нема оваа година германски јазик само во Битола.
     
  6. mika 8889

    mika 8889 Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    одделенска има