Прошеткав по форумов видов дека го нема ПФБТ(Педагошки факултет од Битола)и мојата насока македонски-англиски јазик т.е Професор по македонски и англиски јазик. Ајде драги феминки споделете ги своите искуства доколку ги имате за овој факултет па можеме да направиме и споредба со Филолошки факултет од Скопје кој нема ни приближна сличност со овој во Битола.
Јас сум веќе апсолвент и можам да ти кажам дека не е баш баш онака како што ни го испрезентираа (ако веќе ви го презентирале во средно). ,,Бегаат,, пари на мртво, учебници нема ќе учите од скрипти, а професорите од Охрид се хаос, тие од Скопје се супер (посебен респект за Венко Андоновски) и да не набројувам повеќе, да не дојде дека те разочарувам. Сепак, за кратко ќе имаш можност да видиш се.поздрав и СРЕЌНО
И мене навистина ме интересира, бидејќи имам страст кон јазиците, а и кон педагогијата но би сакала да знам дали се исплаќа, ете како шо слушам абе сите англичани се напрајвте, и не сакам да се кааам за погрешно избран смер со кој нема да најдам работа
Здрво, би сакала да ве прашам дали некоја има информација за бројот на студенти кои ќе се примаат оваа година на овој факултет поточно за насока македонски - англиски, и дали е овој факултет ставен во мирување како што еднаш кажаа на вести колку што се сеќавам...багодарам однапред.
Слушнав нешто дека педагошкиот факултет во Битола оваа година ќе паузира , т. е не ќе можат да се запишат студенти во прва година, дали е некој е запознаен со ова ?
Сакам да ве прашам за професор уште колку испити дополнително се учат и како оди сето тоа? Дали има објаснето на страната од факултетот?
Имам две прашања 1.Дали е призната дипломата во странство (Америка, Канада)? Знам дека треба да се дополага нешто, но дали воопшто се признава? 2.Дали таму бараат некој што има Bachelor in Education со 4 години, или се прифаќа да има Bachelor од друг факултет и Major in Education? Имате некое искуство или пак некој познат со вакво искуство? Или пак некој што заминал со овој факултет да се вработи како учител таму?
Мислам дека со новата спроведена програма можиш да бидиш професор со самото завршување на факултетот.
Благодарам на одговорот Не разбрав, за во нашата земја зборуваш? Не сум запозната со таа програма. Може да ми дадеш повеќе детали? Благодарам уште еднаш
Да да за во Македонија,јас не студирам таму но како што сум известена тие што оваа година се запишаа прва или ќе се запишуваат допрва има некоја нова програма бидеќи не постои повеќе смерот македонски/англиски и можиш само еден јазик да изучуваш и со завршувањето на факс можиш да бидиш професор.
Онака од љубопитност... Ако се заврши на Педагошки...дали можи како професор да се работи во средно?Дека имам слушнато дека за наставници се можи,ама за професор магистратура нешто така.... иии има насока историја на Педагошки нели? Само си прашувам
Да, сега воведоја дека можело да се предава и во средните училишта со 4 годишнен завршен педагошки факултет.
Да? Хм...љубовта кон историјата можам да си ја усовршам во родениот град...Баш би сакала да сум професорка...ама има време за мене....
Не се разбравме изгледа Јас сум на друг факултет не на педагошки и за да можам да работам како професор по одреден предмет сакам да ги земам уште тие испити. Порано знам дека имало 4, 5 испити ги полагаш и имаш сертификат дека може да работиш и како професор. А сега кажуваа дека имало некои измени па за тоа прашував ако знае некој
Ме интересира дали има смер Англиски јазик и книжевнот и дали е поделен како факултетот во Скопје на книжевност и превод и толкување? Дали ако изберам Англиски јазик на факултетот во Битола и книжевност ќе треба да учам и втор јазик? и уште едно прашање дали со овој факултет ќе можам да работам само како професор?