Здраво. Ме интересира дали некој знае каков тест е психофизички тест на педагошкиов? Т.е какви прашања поставуваат?
Здраво. На тестот ќе си поминиш супер, не е ништо страшно и скоро сите (ако не и сите) го поминуваат. Ќе те прашаат дали имаш можеби некои психички проблем или било какви други проблеми со блиски личности, семејството, дали си физички активна, дали спортубаш нешто, дали си спортувала можеби и на крај треба да стоиш на греда за рамнотежа (носи патики). Се ова беше минатата година и не верувам да има некои измени. Пак ќе ти кажам не е ништо страшно. Со среќа
Некој да ми даде мало објаснување што се изучува поконкретно на социјална и рехабилитациска педагогија ?
Физичкото присуство не може ништо да го замени. Втора година сум, во прва си поминав супер и не замараат многу ако сакаш просек и да научиш вистински треба да вложиш труд.
Вие што студирате на овој факултет,кој професори се добри според Вас,а кои се така построги. Ви се допаѓа ли факултетот?
Јас сум на македонски јазик и книжевност. Па искрено до сега сите професори кои ми предавале беа супер, се разбира има и построги, но едноставно сите си бараат знаење.
Јас сум четвртата година,насока Воспитувач и јас сум од сите задоволна ,т.е. јас всушност многу учам,а кога човек учи нема проблем со професорите
Даа се согласувам со тебе. Ти посакувам побрзо дипломирање и се најдобро. ❤️ Не, Даниела е многу добра професорка пресрцкаста е. Јанушева ми нема предавано, по нејзините предмети ми предаваа други две професорки, асистентки, Христина и Марија и тие исто така не се воопшто строги.
Што мислите ќе биде со физичко присуство? Кога се почнува? И ме интересира дали начинот на облекување е воочлив од страна на професорите?