Добро што оваа тема Педагошки Фкаултет- Битола е активна.Сакам да се изјаснам во врска со нешто. Сите ама буквално сите го потценуваат факултетот,се запишуваат на други факултети (Технички,биотехнички,ФИНКИ,... Скопје,Штип вари,таму) и потоа партиски ќе ги вработат овие со вакви факултети во среднивили основни училишта како професори и наставници и потоа повторно идат на нашиот Педагошки факултет да земаат предмети за да видат со комплетно образование за професор. Бидејќи учам на овој факултет за не е омилен,најомилен,секој ден гледам вакви случаи.
Здраво девојки. Дали може некоја што полагала филозофија кај проф. Валентина да ми пише? Сакам да се консултирам за нешто.
Здраво девојки, дали има некоја што полагала Народна книжевност кај професорот Ранко Младеноски? Сакам да прашам нешто.
Здраво на сите, јас сакам да се запишам на македонски јазик и книжевност во Битола ама не знам ништо за овој факултет, дали може некој накратко да ми објасни нешто за самиот факултет и за оваа насока и дали ќе можам да го совладам со тоа што ќе морам да одам вондредно, ве молам некој да ми одговори многу ми е важно и немам каде да се обратам, а имам уште 10 дена до упис !
Здраво дечки, дали некој знае кога ќе се запишува нова година? Секој ден проверувам на страницата ама нема ништо.
Здраво дечки. Дали случајно некоја има материјали по предметот Фразеологија кај проф. Јанушева, односно нешто забележувано и пишувано? За жал се што пишував ми се изгуби а ми треба за полагање..
Прва година имаш задолжителни: фонетика и фонологија, теорија на книжевноста и психологија. Изборни се старословенски јазик и уште некој не ми текнува, и еден странски јазик (француски, германски или англиски). Материјалот како матерјал е онака. Убаво е чувството дека си го учиш сопствениот јазик, однсоно јазикот шо цел живот го зборуваш, дознаваш некои работи шо никад не си слушнал, навлегуваш у суштината итн... Професорите се ок, искрено според мене ако ги рангирам најубав предмет ми е теоријата на книжевноста и психологија, додека пак најкористените проф ми се Ранко по теорија на книжевноста и Зоран Н. француски. Единствен професор и предмет што ме измачува малку е психологија, ама и тоа ќе биди. Не е лошо, топло ти препорачувам да дојдеш
Кај Татјана полагав пред шест/седум години и ми остави позитивно искуство. Не знам сега каков и е начинот за полагањето, тогаш беше усмено. Ми постави пет прашања, додека одговарав не ме прекинуваше, не ми поставуваше дополнителни прашања (да ме врти во материјалот). Одговарав точно, прецизно како што беше во скриптата напишано. Се сеќавам - седеше спроти мене, ме гледаше и само кимаше со главата Добив 8 оти на последното прашање заглавив. Знам додека студирав Татјана важеше за една од построгите професори таму и многу студенти се плашеа од неа. Јас сметам дека со научен материјал нема шанси да падни кандидат ама па не ги вади ни од ракав оценките. Си бара знаење ама не е страшна како што ја претставуваат