1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педагошки факултет- Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од karmin.50, 29 октомври 2011.

  1. karmin.50

    karmin.50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво феминки, ги разгледував темиве и гледам само за Педагошки нема тема :lol:
    Сакам да се запишам на Педагошки па ме интересира како е, се оди ли на предавања, колку испити има, тешко ли е, какови се професорите, собирате ли потписи, испитната литература колку страни е ?
     
  2. milaSS

    milaSS Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4

    Ти честита за изборот тоа е една од најубавите професии за жена :)
    На предавања се оде многу нормално, освен ако не си вонредно запишана ама и тогаш ке имаш предавања во петоки сабота по едно за секој предмет во секој семестар, мислам дека се околу 38 не сум точно сигурна не ме земај здраво за готово = дипломски испит на крајот, професорите си се како што треба секаде има некој малку позафркнат ама треба упорност и нормално да се уче...литературата ке ја видиш никој не може да ти ја опише не е нешто да не можиш да го научиш ако се сака се се може....за тежината да ли е тешко или лесно на кој факултет и да си ако не седниш да учиш ништо нема да направиш....во секој случај ти поскавам да ти се исполне желбата....
    И ако човек сака да се запише на факултет колку само да има факултет воопшто нека не се ни запишува затоа шо според мене основното образование е најважното нешто за секое дете...таму се ставарат основните навики...се стекнуват првите знаења и многу зависе понатамошниот развој на детето како човек како единка...
    Поздрав :) :) :) се надевам дека ти помогнав.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Minnie.Mouse

    Minnie.Mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    22
    И јас истотака сакам да се запишам на Педагошки факултет
    па ме интересира кои предмети ке треба да ги полагам за матура..
    Бидејќи сега е време за пријавување на предмети за полагање
    некако сум изгубена во сето ова :D
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    доколку редовно го посетуваш внимаваш на предавањата не е тежок. Мислам зависно што подразбираш под тежок :lol: :lol: :lol: овој не е :lol: :lol:
    Што се однесува до собирањето потписи се собираат и лесно се земаат не обрнуваат многу внимание на тоа дали си бил или не. Литературата и обично големината на испитите е смешна се полагало и колоквиуми по 20 страни но и по 150 мислам дека нема поголем колоквиум од 150 страни. Што е финтата на овој факултет ако положиш на колоквиуми си спасил глава ако оставиш на испит можеш да го завлечеш предметот бар такво некое мислење имам стекнато. А најглавното професори имаш и такви и такви кај некој и без учење ке поминеш а кај некој ќе пукнеш од нервоза, секоја година има бар по еден кој ако го положиш си исчистила година. Навидум е лесен но многу за***н, баш поради тоа што се учат основни работи и се мислиме дека знаеме но не е така ;) Па среќно
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Јас би сакала да ве замолам оние кои што се педагошки факултет за мала помош, бидејки незанам каде да прашам на друго место. Јас не сум на тој факултет но за магистратура ја одбрав темата задолжително средно образование. Би можеле да ми кажете или пратите некоја статија од преофесор, некој труд, книга(и од кој професор е книгата или статијата) или било што, што би ми помогнало, јас сеуште си ги собирам материјалите. може да ми пишете и во ЛП. однапред ви благодарам
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Пази само да не се зафркнеш. Има со лопати да ринеш завршени на ПФ. Перспективата е таа ... ја нема.
     
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Тешко дека ќе најдеш нешто за средно образование. Обиди се на педагогија и психологија тие мора да имаат, не барај на педагошки ;)
     
  8. Bubuh

    Bubuh Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас сум вонредна студентка на Педагошки факултет во Скопје група Предучилишно воспитание на македонски јазик, па ги молам сите колешки кои студираат исто, а се редовни студенти ако може некоја да се јави, ми требаат материјали од предавањата кои сте ги слушале за I семестар.
     
  9. redheaded

    redheaded Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки јас имам завршено биологија на ПМФ, но со мојот смер слабо можам да најдам работа па сакам да дополагам неколку испити за да можам да предавам биологија во основно училиште. Па би ве замолила доколку некоја знае нешто на оваа тема нека пише како оди процедурата и колку се плаќа? :)
     
  10. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Девојки, би сакала да знам колку години е факултетов? :?:
     
  11. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски

    4
     
  12. thecrazyoneortwo

    thecrazyoneortwo Нов член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Студентка сум на Педагошки факултет и би ве запрашала да не случајно некој има семинарска или било што за поделба на менторството во образованието или категоризација на менторството. Благодарам однапред. Поздрав! ;)
     
  13. H.a.p.p.i.n.e.s.s

    H.a.p.p.i.n.e.s.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Дали некој од вас можеби е запишан на постидипломски на овој факултет па да сподели какво е студирањето? :)
     
    На tanjabela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    Дали има некоја од вас која е на педагошки вонредно?
    Сакам да се запишам и ме интересираат некои работи, како оди вонредно, дали е потребно да си вработен и слично??
     
  15. Badzo95

    Badzo95 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Луѓе ај ве молам кажете ми со колку најмалку поени примаат на педагошки смерот за наставник од прво до четврто?? И колку годишно примаат, и дали им се пополнети бројките?
    Ме интересира повееќе за факултетот, дали е тежок, дали има многу математика и слично. Благодарам однапред.
     
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Зависи какви оценки имаш .Мислам јас кога се запишав пример во државна квота без партиципација се бараа 60 мислам , а после тоа влегоа околу 400 студенти кои плаќаа 200 , 300, и 4оо ЕУ
    А за тежината не е тешко многу но се сака учење не е така едноставно како што кажуваат се разбира ако сакаш да научеш нешто а математика има во прва и во втора год мислам по еден предмет во двете год ,Се полага прво писмено а после усмено двете математики .Не е тешка математиката се разбира се е тешко доколку немаш никакви познавања но милсам дека оваа математика на педагошки не е некоја тешка..Поздрав па пробај среќно и интересно е ...јас дипломирав пред 10 год 2оо4
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Епа да ја живнеме малце темава. :) Денес поднесов документи за на Педагошки, во последен момент го сменив мислењето а бев решена за Туризам на ПМФ. Епа сега овде прв пат читам дека имало математика првите две години, вистина ли е? :D Јас се запишав Предучилишно, а доста сум слаба со математика и затоа ме интересира, бидејќи во предметите кога ги разгледував не заприметив математика. Дали е тешко и како што нема да прашам, бидејќи се знае дека завршување факултет на лепе очи ко што може во средно нема. :D Вака како за прво одење ми се допаѓа, ми дава некој мир, баш убаво се осетив. Ако сака некоја идна колешка да сподели нешто важно околу факултетот, добредојдено е. Поздрав. :hai:
     
  18. natashataseva

    natashataseva Нов член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,би сакала да ве прашам дали знаете во понеделник од колку саат почнуваме? :)
     
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Кога бев пред речиси две недели, секретарката ми рече најверојатно ќе биде од 10 но сепак да си проверам на вратата во меѓувреме. На страната нема информации околу тоа, има ама за 2013-та се. Јас планирав утре да отидам да ѕирнам, па ќе пишам. Не за друго, да не ја оплескаме од прв ден ако е порано, ако е покасно нема везе. :lol:
     
  20. natasha.taseva

    natasha.taseva Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Epa vidi i pisi za da znaeme :)))