Мене ништо од ова не ме прашуваа. Ме прашуваа основни работи, да кажам нешто за себе, од каде сум, што сум учела/завршила, зошто сум ја одбрала оваа струка, што ми е целта...некои вакви слични работи. Додуша јас на прашањето: Кажи ни нешто за себе, сѐ што ги интересираше им одговорив, па не ме прашуваа нешто дополнително
Здраво феминки. Некој да сподели ако сака испитите се учат од книга или од скрипти? (конкретно прашувам за предучилишно) Дали вонредните имаат право на колокфиум? И ако сакате да споделите нешто плус за предучилишно би ми било од корист Ви благодарам ❤
Од скрипта се учи и од книги ако мислиш дали мора да се купат не секаде повеќе се копии зависно од проф. За дали се оди на колоквиуми се зависи пак од проф
Здраво, дали некој може да ми каже како се полага Психологија на личноста и кои најчесто прашања поставува?
Оф треба да е со самото пријавување меѓутоа за се подетално на студенски или имаш на фб страна pedagoshki fakultet колегите се ок помагаат за секое прашање
Здраво Дали некој знае како ќе се одвива наставата на Педагошки факултет во Скопје? Дали ќе е онлине или со физичко присуство?
Немате ли известување посебно од факултетот? Кажаа на телевизија дека онлајн ќе е наставата за сите факултети и плус имаше соопштение кај мене на факултет.
Здраво,сакам да прашам за одделенска настава - што треба за да фатиш услов да запишеш наредна година дали се собираат кредитите или зависи од положените предмети
Здраво ме интересира кои предмети треба да се полагаат на педагошки факултет за наставник јас имам завршено на Природно-математички факултет па за наставник ми требаат испити од педагошки колку се идали треба да фи запишам во соодветен семстар?
Доквалификација е тоа ќе прашаш на факултет се слуша еден семестар и се полагаат 6-7 испити, воглавно методики
Здраво на сите, оваа година ќе се запишувам на факултет па се размислувам за Педагошки факултет- одделенска настава. Дали ќе може да ми кажете нешто повеќе за факултетот? (пристапот на професорите кон студентите, начин на наставата или било каква информација е добредојдена. Благодарам многу однапред.
Здраво, Малце факултетов е распашана команда (барем таков впечаток добив јас, можеби е заради периодов со короната). Иначе во однос со професорите, како ќе се поставиш према нив така ќе биде. Ако си го сватиш факултетот за сериозно, ќе си ги чистиш предметите без проблем. Јас лично се изнаслушав муабети за одредени професори, дека биле строги, не знам какви, затоа пак ќе кажам, ако си учиш нема да имаш проблем. Се надевам нешто помогнав Среќно