Имам земено изборен предмет од педагошки и сакам да го полагам во јунска сесија ама никаде не можам да најдам датуми за полагање. Каде можат да се најдат?
Здраво. Дали може некоја која е студентка на овој факултет да ми каже колкава е конкуренцијата за запишување и дали примаат само одлични ученици? Насока одделенска настава. Секоја информација е добредојдена.
Здраво феминки, дали имате инфо за предметите Општа педагогија (5 кредити), Педагошка комуникација (5 кредити) и Училишна педагогија (6 кредити), како се полагаат, дали се лесни/тешки за спремање и нешто плус ако знаете. Ви благодарам многу.
За предметот Општа педагогија кај проф. Розалина, многу е важно да ги научиш сите материјали со целосно разбирање. Таа не цени кога студентите учат напамет и бара темелно познавање и критичко размислување. Поради високите стандарди и очекувања, треба да се вложи многу труд и внимание за да се постигне добар резултат. Од друга страна, предметите кај Татјана има различен пристап. Резултатот кај неа може да зависи од нејзиното расположение и од тоа дали си редовен или вонреден студент. Ако си редовен студент и покажеш добро знаење, можеш да добиеш соодветна оценка. Меѓутоа, ако си вонреден студент, дури и да знаеш за оценка 10, можеби ќе добиеш само 6, бидејќи Татјана има различни критериуми за редовните и вонредните студенти.
Планирам да оставам некој предмет за полагање во септември. Дали сите предмети треба да се пријават на iknow или само тие што ќе се полагаат во јунска сесија?
Здраво , дали некој може да ми даде некаков контакт со студентски прашања или било какви информации на педагошкиот факултет во Скопје. Тој број што го има на нивната страна не знам дали е во функција , саат време ми покажува зафатено.