Здраво девојки, не видов слична тема на оваа па решив да направам нова .Не знам колку девојки имаат запишано ваква доквалификација или пак колку ја имаат завршено па мислев тука да споделат околу деталите.Имено,за тие што не слушнале предходно,се работи за доквалификација со која после може да се работи како наставник/професор.Јас лично почнувам со полагање неделава па мислев да подпрашам тука кој знае,што да очекувам Ве поздравувам сите
Јас сум во оваа група исто. Не знам дали Џулиет доби одговор, али јас ќе си побарам пак. Во вторник се полага психологија кај проф Виолета Арнаудова. Пааа..ако знае некој да сподели искуство? После тоа се полагаат уште плус педагогија и методика т.ш. методика мора да се полага последен. Ај форумџики мала активација Гњават професорите? Се полага писмено или усмено? Строги се? Знаете што да паѓа најчесто?
И јас сакам да се информирам во врска со полагањата за ППМ доквалификација утре полагам педагогија кај Марија Тофовиќ Ќамилова па ако има некој искуство искрено замолувам да помогне и сподели мислење
И јас сакам да се запишам на ова. Може да пишете колку се плаќа и колку испити се полагаат? Мислам дека се 3 ама не сум сигурна.
се плаќа 10 000 денари плус индекс пријави семестрален лист + сликички твои и уште нешто може има сеа не ми текнува баш т.е исто како да се запишуваш на факс а предмети кои се полагаат се педагогија, психологија и методика последен го полагаш
Девојки знаете ли колку пати имаме право да полагаме? Јас оваа сесија прв пат ќе полагам, па ме интересира дали имам повторно шанса. Секако без да плаќам повторно. Ве молам за одговор. Инаку ако има некој што ќе полага кај Огнен (психологија), јас него го одбрав, рече дека прашањата ќе бидат на заокружување и дополнување или евентуално нешто накратно да се напише, пример како дефиниција или сл.
Зарем нема никој кој се доквалификува за наставник? Освен педагогија,психологија и методика треба ли да се бираат и 2 изборни предмети? Видов дека запишувањата се септември и февруари,па доколку соберам информации би се запишала во февруари.. Ако знае некој нека каже сигурно колку се плаќа,кои професори е подобро да се изберат,ако треба кои изборни предмети да се земат,тешки ли се предметите и сл. И дали имаш право да полагаш повеќе пати еден испит,знам дека за да полагаш методика мора да ти се положени педагогија и психологија?Секоја информација би ми била од корист.
И јас сум заинтересирана за истите прашања, а работата е што пишува дека конкурс треба да има во септември а уште нема? Ако некој се сеќава како било минатата година, дали уште е рано или? И дали има разлика доквалификацијата на педагошки факултет со онаа од филозофски?
Дали некој има информација во врска со конкурсот? На сајтовите нема ништо во врска со уписите за доквалификација.
Не знам зошто уште ништо нема. Во Битола веќе е излезен, а за Скопје нема информации ниту од филозофски ниту од педагошки факултет.
Здраво девојки, Гледам дека постовите за педагошка доквалификација се од пред 2 години, па сакав да ве прашам како поминавте со полагања.. усно, писмено?? дали треба редовно да се оди на предавања, освен педагогија, психологија и методика треба да се земат уште два изборни предмети и која е цената? и кога отприлика излегува конкурсот? Поздрав
Ako nekoja od feminkite ima zavrseno pedagoska dokvalifikacija na Pedagoski fakultet vo Bitola neka pise ili tuka ili vo lp ve molam pisete vednas bidejki mi e itno!
Дали има разлика ако се полага доквалификација на Филозофски или на Педагошки факултет? Некои велат дека повеќе е вреднуван Институтот за педагогија на Филозофски...
Здраво, доколку ја земам доквалификацијата на педагошки факултет (Инаку сум дипломиран економист) , кои предмети можам да ги предавам? Има ли некој искуство или слушнато да ме информира?