Spoiler Младата апсолвентка по книжевност, Анастасија Стил, мисли дека има проблеми. Таа е ситна, со нескротлива коса, срамежлива и сѐ уште девица. Вози искршена буба и за една недела ги полага финалните испити на факултет. Ѝ треба време за да учи, ама покрај сето ова е приморана да ја замени својата цимерка, прекрасната Кејт, уредник на студентскиот магазин, која има лоша настинка, да оди во Сиетел за да го интервјуира младиот милионер Кристијан Греј. Лута на Кејт, на себе и на светот оди на закажаното интервју, потполно неподготвена. Влегува во импозантната канцеларија на г. Греј, се сопка и му паѓа право в раце. Уште од првиот допир осеќа електричен шок. А г. Греј е млад, успешен, секси, арогантен и пребогат. Интервјуто почнува, а Анастасија иако неподготвена и срамежлива, успева во рок од петнаесет минути да го насмее, изнервира и да го шармира г. Греј. Си заминува за Портланд со мислите на учењето. Во наредните денови г. Греј е секаде каде што е таа, дури доаѓа каде што работи и купува разен асортиман на јажиња... Ана е шокирана, сите ѝ велат дека богатиот ерген е тука заради неа и да ја искористи оваа прилика. Но Кристијан постојано ја предупредува дека не е за неа. Не можејќи веќе да издржи го приморува да ѝ каже зошто не е за неа. И тука почнува вистинската приказна, кога Кејт ќе види дека таа и всушност немала никакви проблеми пред да го запознае г. Греј кој не дозволува никој да го допре. Тој е Доминант. Сака сексуално потчинети партнерки и сака сексуално да ја потчини Ана. Ѝ ја покажува својата Црвена соба на болка и задоволство и очекува таа да избега како од ѓавол. Но, Ана секогаш успева да го изненади. Не бега од него, не го осудува. Кристијан ѝ дава избор, да потпишe договор со правила и да му стане потчинета или слободно да си замине... A Ана, не прифаќа ни едно ни друго, туку му ја дава својата невиност. Шокирајќи го до неверување. Снимањето на филмската адаптација на првиот дел од еротската триологија „Педесет нијанси“ од авторката Е.Л.Џејмс, започна на почетокот на декември оваа година. Актерите кои ќе им дадат живот на ликовите од оваа триологија се: Jamie Dornan - Christian Grey Dakota Johnson - Anastasia Steele Eloise Mumford - Kate Kavanagh Max Martini - Jason Taylor Callum Keith Rennie - Ray Steele Marcia Gay Harden - Dr. Grace Trevelyan Grey Rita Ora - Mia Grey Luke Grimes - Elliot Grey Victor Rasuk - José Rodriguez Jennifer Ehle - Carla May Wilks Dylan Neal - Robbin 'Bob' Adams Премиерата на овој филм е закажана на 13.02.2015 год. Патем, знам дека се уште е рано за темава, но може да се дискутира за изборот на актерската екипа, самата приказна(доколку сте ги прочитале книгите), како и да се постираат новости и фотографии од снимањето.
Од чиста љубопитност сакам да го гледам филмот,да видам како ќе испадне спрема книгите.Инаку главниот глумец ми е ОК,го имам сретнато само во Once upon a time не беше лош,а за девојката мислам дека не е погодена,ама ќе видиме,може ќе ме изненади. Пошто книгите се малку безвеза напишани,не знам што да очекувам од филмот,ама сепак мислам дека ќе биде лимонатка за гледање,па ќе помине ко за тепање време.
Јас мислам дека за првпат во мојот живот, филмот ќе ми се допадне повеќе од самата книга. „Педесет нијанси“ дефинитивно не е врвот на литературата и авторката нема некој посебен талент за пишување како и вокабулар. Меѓутоа, приказната во суштина не е лоша и мене лично ми се допадна. Патем, Jamie Dornan е бонбона!
Сеуште не ми се свиѓа изборот на глумците. Кој има изгледано барем една епизода од Дневниците на Вампирот многу добро знае дека ian somerhalder е правиот човек за глумење контрол фрик и е преголем шармер. Ми се свиѓаше идејата да глуми тој со мила кунис. Сега девојкава ми е ок ама типов ич не ми праи кеиф. Посебно смеѓите мажи некако не ги сваќам сериозно, барем јас. Скептик ке сум додека не го изгледам филмот.
Ian Somerhalder, Henry Cavill и Matt Bomer се имињата кои најчесто се појавуваа како фаворити за улогата на Christian Grey. Кога го одбраа Charlie Hunnam, кој првично требаше да го игра Christian, настана општ хаос помеѓу фановите. Се подигна петиција за негова промена, а да не зборувам за негативните коментари на сите можни форуми, портали итн. Навистина не може да се најде актер кој би ги задоволил барањата на СИТЕ фанови. Штом го одбрале Jamie Dornan, сигурно има причина зошто е тоа така, а мислам дека веќе и фановите почнаа да го прифаќаат. Еве неколку фотки од снимањето: Spoiler
Јас се надевав дека еден од лепотаниве ќе биде Кристијан... Џејми не го имам видено во Once upon a time се надевам дека ќе биде добар,а Ана како избор воопшто не ми се допаѓа ми ја нема таа мила фаца,невина како што е опишана во книгата,за др.ликови не ни правам муабет.Само мене не ми се допаѓа Рита Ора да биде Миа??? Фан мејд видео http://www.youtube.com/watch?v=swSA_GiB0g0
Јас се уште не можам да ја прежалам Alexis, совршена беше за улогата на Anastasia. Но морам да признаам дека и Dakota не е толку лоша, едвај чекам да ја видам на големото платно. Еве уште еден fan made trailer, со Jamie и Dakota : http://www.youtube.com/watch?v=ddPxOJZKQmQ
Ми се допаѓа машкиот лик ама женскава никако не можам да ја смислам Се надевам дека грешам и дека нема да го уништи филмов
Не сум на кејф со глумциве. Не ми изгледаат како што си ги замислував Кристијан и Ана. Ама ај да не судам прерано. Едвај го чекам филмот и се надевам дека ќе знаат да одглумат, и да си го доживеам филмот како што ја доживеав книгата. Само што и филмот е само првата книга, а мене втората најмногу ми се допадна од трилогијата. Јас уствари сама си се местам предвреме да не ми се допадне филмот... Епа сама сум си крива.
Според многумина, Џејми е еден од најперспективните, а воедно и најталентираните актери моментално. Во 'The Fall' беше одличен, штом лик каков што е Пол Спектор успеа да го долови толку добро, за Греј нема дилема! Така да, јас сум 100% сигурна дека за глумата ќе нема проблем. А и Дакота сигурно наследила нешто од талентот за глумење на нејзините родители. А патем, ќе има три книги = три филмови. И мене вториот дел ми е далеку поубав, на тој филм повеќе му се радувам!
Хм, малку сум изненадена од изборот за Кристијан, ама откако ги погледнав сликите од снимањето ми се свиѓаат двајцата и мислам дека направиле добар избор. Иан Сомерхолдер никако не ми се уклапаше во улогата на Кристијан, веројатно поради тоа што додека ги читав The Crossfire Series цело време неговото фацуле ми идеше пред очи за Гидеон Едвај чекам да видам како ќе успеат да снимат пристоен филм од книгава. Мене некако се ми изгледа дека ќе биде порка со приказна
Да си ја размрдам малку темава. Мене човеков ми е прекрасен - го обожавам! http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... -interview
Испадна и трејлерот. http://www.youtube.com/watch?v=SfZWFDs0LxA Како што рече некоја феминка,мислам дека ова ќе биде првиот филм што ќе испадне поубав од книгите Трејлерот навистина е привлечен,убаво е прикажано дејствието.Ќе го изгледам заради Џејми Дорнан,секси човек е
Мене глумците не ми се допагјаат.За главниот актер гласав да биде mat bornam иако е геј во приватниот живот на платно мн секси ми делува него ли овој изабраниот.актерката исто ми нема no sens.млитава,не убава,некако превише бледа за ваква улога
Зошто, зошто ми ја уништија преубавата совршена слика за Кристијан?? Каков го замислував, овој е нула у споредба... Ми се иде да не го ни гледам филмот кога ќе излезе...
Ова глумецов во трејлерот како 18 години да има, ич не ми е претставителен. Викав дека и онака не ми се свиѓа на изглед, ама со трејлеров дефинитивно си го зацементирав мислењето... За глумицава, ај некако ќе пројде. Ако не ми се погоди филмот на крај, никогаш више нема да гледам филм откако ќе ја прочитам книгата! Така се разочарав од Девојката со бисерната обетка, врска немаше со книгата!