Јас не ја имам читано книгата, филмот веројатно ќе го гледам.Наминав само да кажам за глумецов.Колку што знам тој треба да е тип што сака садо-мазо игри, по тоа како глумеше во The Fall сметам дека подобар актер не ни можеле да одберат. Кој не ја гледал серијата, поим нема колку добро му лежат вакви улоги на актеров, таму има улога на психопат кој убива млади убави девојки, гушејќи ги постепено додека не умрат. Ептен има таква мистериозна, секси фаца.Јас сметам дека добар избор направиле. За девојката поим немам каков лик е во книгата, ама на трејлерот ми изгледа океј.
That's what I'm talking about. Мене многу ми се погодени актерите и трејлерот ми е одличен. Палче нагорe! Интервју за Today Show https://www.youtube.com/watch?v=90mo_Fk_414
Сите три дела ги имам прочитано ,само пофални зборови.Глумците ме разочараа Кристијан и Анастазија ги замислував многу поубави додека ги читав книгите.Во мојата фантазија Кристијан беше повозрасен и убав ,но ајде ке видиме како ке испадне филмот.
Преубав пар ми се едвај чекам да дојдит фебруари 2015 најубав ќе е филмот вреди да се гледи ви препорачувам на тие што ќе го гледаат филмот а не ја имаат читано книгата да ја прочитаат нема да зажалат....
оуу филмот обавезно ќе го гледам примамлив ми е иако критиките за книгите не се баш во најдобро светло од повеќето од околинава што ја имат прочитано
Филмот најверојатно ќе го гледам онака, од љубопитство, за да се уверам дека лудакот Кристијан не може да биде претставен на филмското платно каков што сум го замислила во глава; инаку од книгите и не сум воопшто фасцинирана. Премногу бујна фантазија и ништо друго. Па, искрено, го замислувам како „ванила“ верзија на филмчињата за возрасни, мислам дури и затоа буди толкава фама кај публиката. Ќе видиме што ќе излезе на крај, а од актерската екипа сум онака - мех, можело и подобро. Идеален за улогата на Греј ми е Џастин. Не Бибер, туку овој големиот Џастин. Баш си ги замислував Ана и Кристијан како ЏТ и девојката од клипот ТКО. Хемијата меѓу нив е малтене иста како онаа на погоре споменатиот пар.
Едвај чекам да излезе..ме интересира како и колку ќе биде прилагоден на книгите што патем не беа толку лоши и баш ми се допаднаа но сепак за филм се работи не е исто ..
Ќе го гледам филмов чисто за да видам како изгледа оргазам на прв секс на девица. И да видам како режисерот ке се справи со толку многу небулози од книгата.
Видео инспирирано од 50 нијанси на сиво.. дефинитивно овие актери ми се многу подобри и повеќе прилегаат на улогите одколку тие што ги избраја ми делуваат малце млитаво
Глумецот мо е ок ... на моменти симпа на моменти не има харизма и мислам дека добро ќе ја заврши својата работа ... Глумицава ја опишувам со 1 збор УЖАС
Книгите ги имам прочитанo и ми се ооодлични,ама со филмов мислам дека ептен ја имаат оплескано.Глумциве ни тој ни таа не ми се допаѓаат.Уф да беше Ian Somerhalder.Ќе го гледам чисто од љубопитност ништо повеќе.Инаку мора да ја слушнете песнава од Бијонсе што е soundtrack за филмчево,предобра е!
tretatta kniga ja chitam, iskreno nesakam kraevi so brakovi ama ke vidime kako ke zavrshitek sum na pochetokot. a filmot edvaj cekam da go gledam , ne sudete za glumcite pred da se vidi deloto
Книгата не ме воодушеви воопшто, ги симнав сите делови во pdf и првата едвам ја прочитав.. Многу просто напишана, не знам.. можеби поради тоа што не сум љубител на ваков жанр или поради тоа што имам читано многу поквалитетни дела па затоа оваа ми изгледаше мизерна.. Како и да е, остана уште месец до премиерата.. повеќе сум возбудена да ја слушнам целата верзија на Crazy in love, и живо ме интересира како актерите ќе се покажат во експлицитните сцени, актерката е погодена немам збор.. ама изборот на актер ме разочара, но сепак да не судиме пред време можеби и ќе не изненадат.