Се опседнав со книгите и едвај чекам да излезе филмот. Само ако може некој да ми каже кога ќе го има кај нас во кината?
добро у книгата Анастасија е девојка со малце пониска самодоверба, ама глумицава се понаша ко цело вр да седи на колец искрен очекувам филмов да падне и да се направи преработка (ко што прават кога славата на книгата нема да ја добие истата слава преку филмот) со подобри и поквалитетни глумци
филмов искрено го чекам заради толкава прашина околу него. иначе не сум љубител на садо мадо хистични ствари и игри од типот подаик или мачо маж. да не одам подалеку со осудувањате ќе почекам да го гледам филмот. иако знам дека книгата и филмот нема да бидат исти. не книгата ја немам прочитано а мојата другарка од уста не ја вади. така да отприлика знам што се дешава ама нз не е мој тип.
Книгата е многу повеќе порно, од што еротика. А сега па филмот ќе испадне порнич. Има едно ненапишано правило, а тоа е дека сексот продава. Пишувајте за сексот, рекламирајте ги своите производи така што ќе ги поврзете со секс и патот кон богатство ви е сигурен.
Книгата ја прочитав уште кога излезе. Сите три дела. И како секој од вас си направив слика за глумците. Со огрмоно внимание го следев изборот на глумци. Некои ми се допаѓаа некои не. Не ми се допаѓаа од разни причини. Но за изборот финален,за овие кои ќе глумат,слободно можам да кажам две работи: Aнасатасија,горе долу долу е тука, но нешто ме вади од такт. Како да ќе заплачи секој момент,како да има некоја депресија делува глумицата а не како да има ниска самодоверба.А Криситијан! Тотален промашај! Според моите замисли а и баш читав, и др. го делат моето мислење, само ужасно! Не е ни блиску до тоа што го замислувавме. Како несозреано дете ми е. Се знаше Кристијан според книгата беше човек по кого секого би се свртил, јас разбирам книга и филм не е исто ама толкаво промашување не ми е јасно. Ќе го гледам филмот чисто да видам цел проект како испадна.. Но дека глумецот нема да се снајди во улогата на Кристијан сум повеќе од сигурна!
Џејми е дури предобар за улогава и филмов, но мора нешто да му биде отскочна даска во Холивуд, нели? Дакота е одлична, не знам зошто ви остава впечаток како да е во депресија?! Баш мислам дека ѝ дава некоја свежина на Ана, која и така и така е малкуцка досадна како лик. Мене ме интересира како Сем Тејлор Џонсон се има снајдено како режисер. Од неа го имам гледано Nowhere Boy и ми е еден од подрагите филмови. Стои многу добра екипа зад филмов и тоа ми влева надеж дека ќе добиеме добар краен производ. Од премиерата во Њујорк.
А што е финтата со сцените што ги има по Јутјуб? Па дај нека остават да излезе филмот,вака мистериозноста му ја утепуваат. И со сите тие рекламни постери и клипови,it better be good
Дечкото т.е Џејми Дорнан не е воопшто анонимен, си има претходно глумено во неколку филмови и хит серии, ама кој го знае знае. Ни под разно филмот нема да го гледам, ама дечкото е топ, солиден глумец за физики нема да коментирам, чиста 5ка е. Ако филмов му е отскочна даска, подобро и да ја нема. Не ја разбирам фамата околу истиот и околку книгите искрено, имало и ќе има каде каде подобри ваков жанр. Запрепастена сум од одзивот кој го добива, искрено штета, какви филмови се изминуваат и на какви се обрнува внимание.
Верувај ми, добро сум запознаена со, буквално, сите негови проекти и многу го ценам. Иако имаше мала улога во Marie Antoinette, ми остави убав впечаток уште тогаш. Во The Fall е повеќе од генијален, во Once Upon a Time и New Worlds исто така. Но, си стојам на тоа дека овој филм е негова отскочна даска во Холивуд и ќе му ги отвори вратите за поквалитетни филмови во иднина. И баш ми е драго што ја добива оваа шанса вистински да се докаже на големото платно, па макар биле Педесет нијанси. Верувам дека со својата огромна харизма и талент кои ги поседува, ќе успее да привлече позитивни критики, без разлика на сè.
Не сум ги прочитала книгите, искрено после толку многу негативни критики не ни планирам. Но филмот ќе го гледам, бидејќи сакам лесни филмови, за опуштање, се надевам ќе ми се допадне..
Читав дека овие биле актерите кои биле во трка за улогата на Кристијан.. -Charlie Hunnam -Ryan Gosling - Chris Hemsworth -Christian Cooke -Dominic Cooper Со оглед на овој избот можам да кажам дека Џејми Дорнан и Рајан Гослинг ја имаа најголемата предност, според мене Џејми не може ни оддалеку да се споредува со Рајан, самата негова појава возбудува а замислете да го гледавме во тие секс сцени.. Епа девојки мислам дека сите после тоа ќе завршевме на кардиологија Не знам зошто не го избраа Рајан, мислам дека е створен за улогата на Кристијан, и дефинитивно со таа улога ќе го достигнеше врвот на својата кариера.. Али ете, останаа уште неколку дена па ќе го видиме крајниот исход и ќе процениме дали актерите добро си ги сработија улогите. Навистина огромна фама се крена за филмот, а не е нешто wow, не знам ама мене книгите не ме воодушевија пишав и претходно.. Единствено добро нешто е римејкот на Бијонсе за Crazy in love, конечно излезе и можам да кажам дека песната е ремек дело, поубава дури и од оригиналот.
Инаку јас се опседнав со песнава,таква дарк и мистериозна е,привлекува,одлично им се вклопува со тематиката.