1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педесет нијанси на сиво (Fifty Shades of Grey) [2015]

Дискусија во 'Филмови' започната од Rock.Lady, 20 декември 2013.

  1. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас бев вчера на премиерата се на се задоволна сум од филмот ,мене ми се допадна се држеа до книгата немаше некој измени и пропусти .Читам има критики дека немало мн еротика и сексуални сцени во филмот ,според мене тоа што го имаше е таман сепак ова е филм не е порнич :)
     
    На joy1, stefani.kiki, Kiflicka05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. M-1207

    M-1207 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Јас сум прилично задоволна од филмот, ми се допадна и едвај чекам да излезат и другие делови :D Случувањата до негде беа според книгата,но мислам дека ако претходно ја немав прочитано, филмот немаше да ми се допадне .
     
    На stefani.kiki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Здраво, здраво.
    Правам социјален експеримент.
    Сакам да ви поставам едно (две) сериозн(и)о прашање на сите вас кои ви се допадналe и книгата и филмот.
    Што точно ви се допаѓа? Што точно ги прави посебни за вас?

    Еве јас филмот не сум го гледала, книгата првиот дел се обидов да ја читам...
     
    Последна измена: 14 февруари 2015
    На 1209, mims-89, SwanMay и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kazanova

    kazanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Devojki dali nekoja moze da mi dade link za da go gledam online... Fala vi
     
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Тотално срање и книгата и филмот. Не би ги препорачала. Многу крената фама за ништо.
    И мене ме занима што точно ви се допаѓа во филмов?
     
    На IthoughtIwasAnAllien му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Нема линкови, рано е уште.
     
  7. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    2.378
    Јас најдов торент, го спуштив и сега ќе го гледам, ако некој сака линк, нека ми пише.
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Сигурно е ужасна снимка,пред 2 дена испадна.Убавите снимки се кога ќе излезе филмот на ДВД,Блуреј и го ставаат на интернет во пиратска копија.
     
  9. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    2.378
    Снимката е океј, не е ни матна,али фала богу дека не е како оригиналот.
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Книгите ги немам прочитано а филмот го гледав по настојување на другарка ми. Ми се допадна зошто до сега не сум гледала нешто слично. Ми се допаѓа начинот на кој е претстваен Греј. Лош, доминантен дечко кој е научен се да биде како што тој ќе каже. Не мислев дека девојката е девица. Се растажив на крајот кога ја казни со 6 удари со ремен. Исто така ми се допаднаа сцените кога се возеа во хеликоптерот, како беа претсвени и уредени собите. Сакам да видам дали ќе најдат компромис и дали психичкото пореметување на Греј ќе биде сменето. :)
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    64.730
    Пол:
    Женски
    Џабе потрошени 2 саата:|
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Планирам да го гледам филмов кога ќе излезе добра снимка. Баш ме интересира за што се крена толку фама.
    Еден период ги имав дома книгите и почнав да го читам првиот дел до негде, ама за брзо го оставив. Не ми го привлече вниманието дури ни за 50 страни да прочитам.
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  13. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав денес и морам да признам дека сум многу изненадена и тоа непријатно.
    Книгата ја имам до пола прочитано и сметам дека е добра книга.
    А филмот е друга приказна...
    Прво во книгата настаните се подредени и се слеваат еден во друг поврзано и преку мислите на Анастасија ги дознаваме нејзините ставови, мислења, конфликти во врска со Греј, а во филмот е онака се набапкано оти нели не можат мислите да му ги внесат во сцените...
    Многу хаотично. Во обид нели да биде подлабоко испадна претерано. Се облекуваат, се слекуваат без везаааа... Не знам.

    И сериозно сметам дека не треба да им биде дозволено на малолетни лица да влегуваат во киното оти беше тотален хаос заради нив. Не се слушаше ништо се смееја како ретардирани и дофрлуваа работи, се превозбудуваа... Сфаќам дека можеби за нив е така возбуливо ново ама сериозно беше претерано зад нас едни девојчиња помали абеееееее шооооо... Се откостија од смеење оти рекол нешто вулгарно или слично. Без навреда на сите помали феминки кои сакаат да го гледаат и онака ќе излезе на интернет па ќе можете сите да си го гледате. Невкусно беше да има толку мали деца таму, а тие голи на сцената дури непријатно да ти падни опколен со мали деца. Има време за се.
    Си ја заслужува оценката од ИМДБ - 4. И ништо повеќе. Едниствено давам 10ка за саунтракот на Бијонсе бидејќи ееее уфффф! :$:lol:
     
    На M-1207, crimson и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    1.990
    Го изгледав и јас конечно сношти и што да кажам.. како и што очекував, ништо посебно.
    Уште кога почнав да ја читам книгата и кога видов колку е просто и невкусно напишана реков дека и филмот ќе биди без врска. Не знам дали е до мене но бидјеќи не сум љубител на ваквата литература, ако можи воошто да се именува како таква, бидјеќи повеќе претпочитам сериозна литература и општо сериозни фимски тематики можам комотно да кажам дека би си ја навредила интелегенцијата ако речам дека сето ова ми се допадна.
    Оние кои не прочитале ништо настрана од вакви бош книги за нив ова е нешто спектакуларно.. Ама ете кај американците ваквите сра*а се извинувам на израз се продаваат како алва, бидејќи се таков народ кој не се замара со сериозни работи.
    Единствено што ќе кажам е дека малку ги потценив актерите во однос на глумата, Џејми и Дакота се покажаа одлично во експлицитните сцени што е навистина тешко да се доловат такви интимни моменти кога околу тебе има екипа од 50 луѓе и сите чекаат гола да одглумиш оргазам, за тоа ќе речам сфака им част.. ептен професионално од нивна страна. Џејми до некаде ми ја задоволи харизмата која ја очекував да ја покажи на екранот, префинето и со стил.. Прво се прашував како побогу му ја дале улогата бидејќи на прв поглед ми изгледаше млитаво, ама откако видов како шмекерски одигра се се покајав.
    И за Дакота го имам истото мислење, одлична глума.. и признавам има навистина згодно тело :$
    И се на се најмногу што ми се допадна беше музиката, се гледа дека повеќе работеле на неа отколку на сцените воопшто.. Не знам но мене ми изгледаше се многу набрзина, дејстијата ми изгледаа толку непрегледно, не поработиле на ликот на Анастасија воопшто и експресијата на нејзините емоции што е главно претставено во книгата.
    И да навистина како што кажа феминката погоре, мислам дека не требаше да дозволуваат малолетни да го гледаат филмот од таа проста причина што направија толку галама што едвај го изгледавме филмот, јас ги разбирам дека му е смешно.. на сите ни било кога сме имале 12 години да видиме некој кај што се бакнува а не пак во сцени каде што се прикажува секс.
    Се на се, на Imdb дури и е преценет, јас би дала една задоволителна 2ка, ништо повеќе!
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Уште некој со импресии?

    Сериозно многу ме интересира.

    Што е тоа што толку многу ви се допаѓа, што точно, најточно?!
    Што ви предизвикува уау во стомакот кога гледате?
     
  16. kazanova

    kazanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ajde link :)
     
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    @Lilit немаше дел кој предизвика вау кај мене.
    Дур ги читав книгите беше сасим друго. Доживуваш нешто што не го знаеш, а можеби е и до тоа што ете-ти остава сам да си режисираш во глава.
    Но не може човек да рече дека добар филм е кога еве пример-еден дел во книгата е кога тој и плете плетенка пред да ја внесе во собата на болка. Што би требало некако споредно ( што се вика уз пат да се прикаже тоа) а во филмот е вака прикажано-Дали ке ме казниш? -Да ке те казнам! Се залетува и и плете плетенка ко тоа да и е казната. И како да не се изнасмееш кога мислиш дека пародија гледаш. И не бев само јас, туку цела кино сала се смееше.
    Актерот беше ужасна утка за ликот на К. Греј. Да ставеа некој помажествен мислам повеќе
    ќе ја доловеа книгата.
    Анастасија Стил-јес да е невина девојка, ама вајда и невините се депилираат. Оваа ја соблака Греј и како што се гледа силуета , од светлината и се гледаат недепилирани нозе. Аутоматски испаѓа невините плетат џемпер. И на тој дел цела кино сала се смееше.
    Гризењето уста што на 20 секунди го имаше, воопшто не делуваше природно туку ептен нападно и како да мора тоа да го стори. Ко да одиш да миеш садови (ајде измиј уше овој тањир).
    И искрено? Мене САМО еден кадар ми остави впечаток. На почетокот како почнуе филмот, го покажуваат Греј како трча во сиви тренерки со капуљача на глава. Нормално, дека не се гледаше воопшто типот, затоа ми остави впечаток.
     
    На Marossa и tessie им се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Го гледав и мене баш ми се допадна. Макар што мислам беше премногу тоа што се се одвиваше брзо, заљубување, запознавање со родителите, преставување во јавност како девојка, толку внимание, што реално е ретко скоро ич.
    Очекував поинаков крај ама ете ќе чекаме втор дел изгледа.
    Како и да е супер филмче.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Искрено, коментаров ме потсети на оној вицот со бабите што гледаат порнич и што викаат „да видиме дали децата ќе се земат на крај.“ :D

    Го неам гледано и нема да го гледам. 40 страници од книгата ми беа сосема доволни и не беа ни зор. Башка слушам имало и разочарани од филмот.
     
    На Mishela и DigY им се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Цело време се смеевме синоќа, чекај да видиме дали ќе се земат децата..хахахаа
    Инаку и јас вчера тргнав со мисла дека е катастрофа, ама не знам разочараните што очекувале. Најверојатно се разочарани само оние што ја читале книгата оти книгите се секогаш подобри од филмот. Инаку најнормално си беше филм, со луксуз, љубовни сцени и така. Стандард.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.