Добро, може некој да ми каже што е фркава со Филмов? Обично на работите на кои што се креваат фама не ги гледам па љубопитен сум некој да ми објасни што к24 се случува во два реда муабет. Фала!
Типот е контрол фрик и се затрескуе во едно невино суштество. И се би било топ да типот не е настроен на садизам. Е сега зависи-ако ја читаш книгата топ ќе ти е. Ако го гледаш филмот смешно ќе ти е
Инаку, двајцата главни ликови на почетокот биле Едвард и Бела од твајлајт, писателката ја започнала целата приказна како фанфикција и ја објавувала на fanfiction.net
Мене најчудно ми е од се фамата за еротските сцени, ништо посебно или што вика Диги ако сум 17 може ќе се чудевме што не снашло.
Блабла... шитз. Обично почитувам филмови од еротика жанр како Pleasure or Pain, Или Nipmhomaniac ... Овие кој што ми се праи фама без врска знам од старт дека не се добри. Затоа и прашав дали некој може да ми го објасни во две реченици, али се си кажа.
Па тоа ти кажувам, гледам стрикно хардкор филмови од тој тип ... хахаха. Не го глеам во никој случај ... па и викаш као твајлајт е , тоа е срање лошо. Го гледав коа бев заљубен пред 5 години , од атер на девојками .. као '' вампирска романтика ''. Лош секс е тоа се на се .. не ми требаат такви работи во животот.
Тек сеа видов дека тема сте отвориле за 50-ве нијанси... DigY мислам ја погоди поентата... Ова е малку препакувано за употреба од страна на домакинки со хроничен неебитис .... излеа... така ми личи.... Ако сакаш без компромиси... ете то Маркиз ДеСад - Филозофија во будоарот... исто така се работи за младо невино девојче,...и други ликови...
Знаете што е она што ви се допаѓа? Фамата околу филмот ви се допаѓа, долго беше очекуван, најавуван, пумпан, книгата ги воодушеви сите што немаат прочитано нешто напишано на повисок стил, фамата околу секс сцените ко да е нешто што првпат ќе се покаже на големото платно и сета таа еуфорија што се ствараше околу филмов и книгите. Е тоа е тоа што ви се допаѓа, а не дека филмот па и книгите имаат којзнае каква фантастична содржина. Знаеш дека сите ќе го гледаат, дека ќе биде бум и ин и се, еднсотавно мораш да го гледаш и мора да ти се допадне штом е толку форсиран... Мора да бидеш и ти во толпата на луѓе кои ја прочитале книгата и ќе го гледаат филмот, едноставно мора и тебе да ти се допадне затоа што милиони луѓе низ светов едвај чекале да излезе за да го гледаат и и м се предопаднал. НЕ! Никој не кажа нешто конкретно, ајде јас вака го кажав ова од памет, според мене како изгледа сето тоа, ама вие што сте ги прочитале книгите и што го погледнавте филмот да кажевте нешто конкретно бре? Ама нема ништо конкретно, нема впечатоци, нема едноставно што да раскажеш. Леле колку добро/лошо беше претставен ликот - коментар, а зошто коментар нема? Мислам дека кога гледате некој филм и кога читате некоја книга ако е тоа толку добро и вредно секогаш ќе имаш што да кажеш, вака делува ко да е преглупава книгата и филмот и ко да нема што да се каже, никакви импресии и впечатоци. Само сакате да ги има, а всушност ги нема, да ги имаше ќе ги кажевте. Не е коментар или импресија ако пишеш само „мене ептен ми се допадна„ - ама што ти се допадна и зошто? Ах бреее колку само паѓате на искомерцијализирани работи...
Не ми се свиѓа. Книгата ја прочитав, првиот дел само и искрено болје би ми било да сум сама, отколку покрај мене да имам посесивно животно како Греј. НЕ НЕ и Не Ме викаа другарките за премиерата, ама не отидов. Не губам два саата на глупост
А чекајте малку другарки, типот ако беше на пример грд и сиромашен, онда ќе беше одвратен филмов така? Абе вака-така... голем дел од жените очигледно се потајни голддигерки. Потоа се чудам зошто се отвараат глупи теми на форумов каде девојчево кука како го сака, ама тој не ја третира добро и упорно бара совети како да го надмине тоа, а во превод бара совет како да го промени... Да не знаеш кој е поголем психо. Садистот или мазохистот. Драги мои дами, тоа што сте го гледале на филмот има дијагноза и за типот и за девојката. Дали е книгата или филмот, нема ништо уметничко ни во обете, ни па интересно, туку е тажно. Најтажно е што филмов и книгата ја деградираат жената во целост, а има толку многу жени кои се воодушевија од сето тоа... Гледам дека не треба да слушаш ничии љубовни проблеми, ниту да се трудиш да дадеш совет, од една причина - си го бараат и го сакаат патењето затоа што се оштетени. И ве молам, сите воодушевени...ве молам... имате достоен секс, со оргазам, со све... и пред се со љубов, да видите како тоа изгледа. Што би рекле романтично - водете љубов, водете љубов со маж што ќе ве сака од прстињата на нозете до темето, што ќе ви го даде сето внимание, а и вие него. Доста се воодушевувате на моментални шундови и безвредни дела кои заработуваат милиони од вашата површност. Ај здраво...
Јас си признавам дека сакам мажи кои се контрол фрикови,така и ја зачитав книгата. А тоа што НЕ ПОСТОИ маж што е контрол фрик и нема кеш-не е чудно. Само по себе си доаѓа. А ова што Греј е садист е друг муабет
Филмов е наменет за личности со настрани секусални потреби, една од нив и садо мазо јас знам колешка од факултет која отворено си кажува дека е садист и сака да мачи машки. Во секој случај е настрано ама па и за нив треба филм да се направи, да знаеме што се дешава какви се не будали има само не знам зашто толку фама околу филмот а тапа е, изгледа ради експлицитноста и екстравагантоста на самите сцени и фетишот како таков, овој филм може да ги возбуди само тие што имаат вакви садо мазо пориви а другите може само да се фураат како демек воодушевени чисто ради преголемиот маркетинг на филмот. А тоа дека жените у главном сакаат кога се субмисивни, точно е, но мазохизам е далеку поопасно и поболно од субмисивност.
Абе испадна дека и книгите и филмов се најлошото нешто на светот Книгите навистина се на прост јазик напишани и немаат никаква уметничка вредност,а филмот може да помине како лимонатка,како сите романтични филмчиња што испаднаа последниве 5 години. Од една страна се претера со експонирање,ама ете се гледа колку му е оценката на ИМДБ,дури 4ка,што значи не им се допаѓа на поголемата маса луѓе. И само за книгите да кажам,јас не ги читав заради фамата,додуша ги прочитав уште пред да станат популарни и тоа чисто од интерес.Ниту ги препорачувам,ниту ме воодушевија,ама не е дека немам прочитано полошо. Мене пример за преценет филм ми е и Твајлајт,ама милиони се плачат по Патинсон и Стјуард,а јас си се чудам. Секогаш ќе постојат преценети дела,а не дека е овој првиот од тој жанр,садо мазо одамна има,не е единствениот за деградирање на жените.Тие што уживаат во тоа,нивна работа.
Да не претеруваме. Книгите ИПАК се бестселери што не значи дека сите жени што ги прочитале сакаат да се мачени, силувани и сл (што никаде во книгата нема ништо такво). Исто така можеби не сме кажале на глас но-ај да признаеме дека сите си сакаме цврст маж ,не лигле. Под поимот цврст маж не подразбирам некој што ке не малтретира, туку некој мажествен па макар и со камшик кој НЕ БОЛИ, а не со каиш да не мава. Тоа што филмот е КАТАСТРОФА, е далеку од тоа дека книгите не се прифатени.