1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педесет нијанси на сиво (Fifty Shades of Grey) [2015]

Дискусија во 'Филмови' започната од Rock.Lady, 20 декември 2013.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ajde petok ke odam da go gledam,pokuso jas da ne ostanam,ljubopitna sum da vidam sto se krena tolkava fama, pa ke pisam impresi...
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.669
    Пол:
    Женски
    Од бестселери како овој, најчесто бегам како ѓавол од крст.
    Имав еден професор по литература, кој не пропушташе дискусија, а да не рече дека бестселер не значи дека книгата е најдобра или напишана на не знам каков стил, туку просто како грав - најпродавана, најкомерцијална книга.
    Мене најчесто ваквите не ми се допаѓаат, милион пати се докажало дека едноставно не се во мој стил.
    Не дека читам само филозофски тематики и стручна литература од Ле Корбизје и Цумтор, ама ваквите книги па и филмови не ми се допаѓаат.
    Ова ми е класичен чик-лит во комплет со филмот кој го гледавме со дечко ми чисто колку да ја убиеме радозналоста и да се уверам дека впечатокот ми бил сосема на место. Ме зафркаваа дека сум го гледала за да хејтам, ама далеку од тоа - не сум крива што со некои немаме ист стил на филмови кои ни оставаат позитивен впечаток.
    Мислам дека само сексуално неискусните тинејџерки останаа попалени по приказнава, барем јас добив таков впечаток.

    Тотално очекувано беше она што го видов на филмското платно од моја страна. Рејтингот на имдб е сосема во ред, обично класичните лимонатки се до 5 или 6 ѕвездички, така да, не го делам само јас тоа мислење, очигледно.
    Џејми Дорнан ми делуваше чудно, има некоја психопатска експресија и навистина беше нешто веќе видено (и нешто нехаризматично), а Дакота е само слатка девојка која се уби од гризење усни, што дури на моменти посакував да и` купам лабело. :wasntme:
    И да, фала Богу што не го одбраа Рајан Гослинг за улогата, дефинитивно ќе се разочарав од него.

    Мене момент за паметење, хајлајт оф д стори ми се двата оргазми на невинашкото вече. :D
    Ово нема ни у Београду, мислам, wow девојко Анастасија Стил невинашице, во кој свет на бајките живееш ? Или подобро би било да прашам во кој свет или кои неостварени сексуални фантазии си ги пишувала авторката. :^)
    Има други преубави филмови со еротска тематика, овој е се` освен еротика која навистина би побудила некои посебни сексуални фантазии.
     
    На Nausicaa, senza.parole, Kom.pot и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ Па што ако се бестселери? Прочитај кои книги се бестселери... вистински вредната литература фаќа прашина на полиците. Масата прифаќа лесна и безвредна литература, затоа се продава како алва.

    За тебе овој болесен лик е цврст маж? Па тоа е дефиниција за лигле.
    Дефиниција за лигле е контрол фрик и потреба од очигледна и нагласена доминација бидејќи не е сигурен во себе и има потреба да си го докажува тоа.
    Гет јор фактс стрејт.
    Вистински маж се доминира и контролира само себе и своите емоции,а не доминира и контролира жена.

    Ај да признаеме дека имате потреба да бидете суредени соодветно и да ви биде покажано каде е кујната во реалноста зошто не сакате маж-лигле и после да кукате - оној мојон никаквиот. А во фикцијата, да ве садизира згоден богаташ,ууу да, и да ве силува, да го обезвреднува вашето не, зошто нели... не вредните ни за себе, ни за него.

    Гет ријл @DigY , ако ликов беше гаден уличен продавач и да го имаше овој однос, тоа немаше да го наречеш цврст маж, туку ќе го наречеше - манијак, а филмов ќе се викаше - психо хорор.
    И те молам прикажи ми ја корелацијата со контрол фрик и правачи на кеш, потврди ми ја со статистиката која го докажува тоа. Се уште не сум имала среќа да налетам на такво истражување.
    И да го сведеме ова ти сакаш контрол фрикови, контрол фриковите добро заработуваат, ти сакаш мажи кои имаат пари? Така? И чекај малку, мажите кои имаат пари утврдено не се лиглевци и се мажи со прави вредности? Ммммм ок!
    Мажите имаат пари, со тоа ја остваруваат доминацијата над вас, вие се чувствувате помалку вредни и сметате дека заслужувате бидејќи тој има пари.

    Аха, сега ми е јасно зошто светов е отиден по ѓаволите.

    Вие со ваквите дефиниции за цврсти мажи најчесто па и не сте фермани по неколку години брак од тие цврсти мажи... што знам, еве не знам. Ако немате среќа па и завршувате и размлатени, а тој со некоја швалерка. Животиште - курво, неправди...
     
    На Offspring, kjukli, elisabeta и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Моето мислење е како што кажав-таков караактер не може да биде уличар и скитник. Книгата ми се допадна, филмот не. И следен пат кога ќе прашувате за да судите еве ветувам нема да се мешам.

    П.С. Нема да дозволам моето мислење да се МАТЕРИЈАЛИЗИРА и да се осетам навредена зошто НЕКОЈ мисли сакам маж со пари.

    П.П.С. А ти олесна откако индиректно ми кажа дека ке ме млател некој и нема да ме онаквел 2% после неколку години!?
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.694
    Книгите се едно, филмов сосема друго. Катастрофално, набрзина изрежирано,досадно и веќе видено. Воопшто не ми се допадна изборот на актери, очекував нешто далеку подобро од овие двајца кои се без шарм и плус воопшто го нема вродениот сарказам типов Џејми, што преовладува во книгата.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    @DigY Не мислев на тебе, зборував воопшто и не ми олеснало ништо. Животот така покажува дека тоа се случува.

    И не е навреда последователната логика... Ви импонираат моќни мажи со пари, а потоа барате вистинска љубов...и убав третман, па потоа ве гадат другите материјалистки од жени и луѓе што ги ценат другите луѓе низ призма на пари. Ма драми...
     
    На mims-89 и elisabeta им се допаѓа ова.
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Мислам дека е време да прекинеш да ми кажуваш што сакам јас. :)
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ @DigY Никој не ти кажува што сакаш ти, тоа си ти, сакала да признаеш или не и тоа не се мои зборови, туку ТИ тоа самата си го кажа, но не сакаш да го видиш во кажаното. Има разлика.
    Да те потсетам :

    Сакам мажи што се контрол фрикови, не пости маж што е контрол фрик и нема кеш...
    True story!

    Би било добро фразава да му ја кажеш еден ден на доминантниот контрол фрик во твојот живот, вежбај ја!

    П.С. Извини, мислев дека сакаш да ти кажуваат што сакаш ти... УПС!:wasntme:
     
    На senza.parole и Boleyn.7 им се допаѓа ова.
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Затоа нагласив дека тоа што е садист не ми се свиѓа така да нема простор за зборот ДОМИНАНТНИОТ. Уствари што уопште објаснувам, кажав, филмот не ми се допадна,книгата и те како ми се допадна. Точка од мене. упс!
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми се свиѓаше, од мене има 5/10! Многу нереални реакции и лоша глума. Цело време чекав нешто УАУ, ама ништо, си заврши филмот така... И многу моменти од книгата ги немаше што ме разочара. Иако и книгата не ме воодушеви премногу, ова па уште толку помалце.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  11. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Го симнав денес филмот и на лоша снимка го гледав. Не можев да дочекам :) Како и да е, не ми се допадна многу. Значи мислам дека требаше да трае уште еден час, бидејќи, очигледно, на режисерите не им било доволно 2часа за да, подлабоко ги развијат ликовите. Се беше толку површно. Значи можеше да направат и многу подобар филм од книгата. А, вака се беше набрзина... како ај да ставиме и ова и ова и на крај безвеза.. А пак, ако не му е читана на некој трилогијата, нема шанси да му се допадне, нема ни да сфати (а и мене ми беше тешко) кога се засакаа, колку Ана влијаеше Кристијан да почне да се менува. Колку му стана важна...а вака: Кристијан девица сум.. Е ако де, сега ќе водиме љубов. И ајде. Толку. Одиме на друга сцена...ццц.. Си треба време и внимателно бирање сцени, со цел да се долови карактерот на ликот и гледачот да се соживее и поверува.

    П.с. За оние кои ја споменаа плетенката, мислам дека е поврзано со сеќавањето на мајка му.. дека и ја чешлал косата и бла бла бла.. Можеби грешам, ама на тоа ме асоцираше прво.
     
  12. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Да да, со тоа е поврзано. Ама го примети ли како се залета да ја плете ко-е сеа ќе видиш шо ке ти напраам :D :D :D
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    38.281
    Пол:
    Женски
    Јас не сум го гледала и после κоментаρите не ни планиρам.Ама саκам да пρашам κаκо бе не ви е сеκси муж овој Гρеј?Мене ми е стρашен, κρиво ми е оти не го запознаа луѓето по дρуги улоги, зошто стваρно е добаρ и одлично глуми, ќе му падне ρепутацијава поρади филмов.
     
    На Rock.Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А бе види сеа, постојат луѓе коишто ги ежи помислата да им ја чепка косата друг сем фризер... најверојатно. :rofl: Е за нив тоа баш би било „ќе видиш ти“...

    Инаку според она малку коешто го имам прочитано и од книгата и нешто наслушнато за неа, пред да ме изнервира максимално :D , лично ниту јас не го гледам Греј како лик којшто треба да го глуми актер со премногу мажествен изглед. Искрено, мажите коишто сакаат да доминираат ниту сум ги гледала, ниту ќе ги гледам како многу мажествени. Според мое скромно мислење, човек којшто е навистина сигурен во својата сила и супериорност, не се напнува постојано да се докажува на тоа поле и да се стреми да ја манифестира. А, за Анастасија искрено, баш добар избор на актерка направиле. Ова го коментирам како резултат на лично доживување.
     
    На DigY и Valerin им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Зошто да му падне репутацијата, напротив. Да го изгледаш филмот обавезно и јас од коментарите овде се разочарав па кога го изгледав ми беше баш супер филм. Ништо спектакуларно баш нормалент филм и уште се чудам што очекуваа повеќе другите. Мене ми беше филмот обична љубовна драма, романса. Секако ми се допадна глумата и на двајцата.
     
    На stefani.kiki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    @tessie :D :D :D да си ми жива и здрава. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.669
    Пол:
    Женски
    Напротив, мене ми бил сосема ок во другите улоги во кои сум имала прилика да го гледам, но тука не ми се допаѓа, едноставно како да не е за овде, не можев да го вклопам и да се навикнам да го гледам во кадрите.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss.Bass

    Miss.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    206
    Можеби сум оф топик ама ќе може линк за онлајн да го гледам?
     
  19. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Подобро ќе пуштам да гледам порно филмови отколку вакви “еротски“ филмови снимани со дуплери, лажни секс сцени, секс кој во реалност не постои и триста глупости. Се е вештачки, глупо, досадно, пролазни и чуени приказни. Да беше филмот сниман пред 70 години можеби и би бил интересен, но во време на курвалак и и секоја втора дроља на улица не знам што тоа толку ги “руши“ табуата?

    Типично досаден женски филм.
     
  20. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Хаха, да, да :Dама слабо, требаше една внатрешна да и сплете :D:D:D
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.