Јас го симнав, истата снимка е како и тука http://www.filmovizija.com/movie/fifty-shades-of-grey-2015-video_424083184.html пробај, кај мене нејќеше.
Ако не ви се свија Дорнан, пуштете ми го мене, just saying Приказната е толку патетична, да и најнаградуваните актери да глумеа ќе си останеше филмот патетичен. Не секогаш е до актерите, често(многу) е до содржината на филмот и сценариото. Мене лично типот ми е океј глумец и каква таква улогата ја донесе достојно. Ако можам ја го поврзам улогата и зборот достојно, мислам оксиморон. Многу пофин од неа ми беше. Ја имаше таа јебо хемија, и баш си беше доволно налудничав, среќа ликот од книгата е некој друг а не класичен психопат. Дорнан не требаше да ја прифати улогата, три категории над содржината на филмот е. Девојката е......не знам, никогаш не ми се допаѓала. Глумеше во дебилни серии и филмови, си продолжува и понатака, изгледа се пронаоѓа во такви улоги, дебилни....проѕирна е. Филмот е исклучиво лош, али каков филм очекувате од таква книга. Мене сите три книги ми се патетика, леле па каков е завршетокот на третата, лелелелелелелле мајко. Толку реалистички, свака им част (читав кратка содржина, го имам она детското у себе да морам да знам завршеток ако сум почнала почеток) Сума сумарум- паѓање у несвестици од книга, филм до саундтрак. Супер што им текна една од најпопуларните песни на деценијата да и дадат софт порно звук. Не се согласувам дека звучи боље. Крејзи ин лав беше обележје на една генерација која израсна со каква-така ама солидна поп музика, многу подобра него денешната. И неа успеа да ја уништат и искомерцијализираат. Поновиве генерации не ја ни знаат која е песната. Ретко се согласувам со оцени од имдб, ама сега ја погодиле. П.С а што сте запнале па со тој Рајан Гослинг, ај што лично не ми е ич вау сексуално привлечен не ми е, ама колку просечен глумец е тоа чудо некое. Али да не бидам офф топик нема смисла.
Јас го гледав. Мене филмов ми беше на моменти многу досаден,не се случуваше нешто многу интересно освен нели секс сцените.Јас не очекував да има толку секс сцени и мислам дека ако немаше толку многу секс сцени немаше ни малце да биде интересен зашто нема некоја интересна приказна.Глумецот е сон кој што сака нека каже ама преубаво глумеше,глумицата многу како депресивна и изгубена ми беше,не сум ги читала книгите ама па не ја замислував Анастасија таква.Јас би му дала 6/10.
Многу ми беше досаден. Немаше никаква содржина. Ако ми е за секс сцени, ќе си ги пуштам на интернет, и завршена работа. Ме разочара. Само глумецот ми беше прекрасен, и за него ќе дадам 3/10.
Mene bas mi se dopadna filmov ...A vo Дорнан se zaljuviv Odvaj cekam da izlese “Fifty Shades Darker .
Толку длабока книга, све прејако опишано, за малце ќе се удавев! Сериозно?! Ова срање има и филм сега? *човече шо се крсти* Како?! КАКО?! Ова ви се допаѓа? Ова?! Првиот дел од книгата ја прочитав дека многу ја збореа, како била премногу добра, како све било прејако и искрено ме заинтересира и ја земав од библиотеката. Па уште од сам старт е ко „Таа беше нежна, убава, просечна, скромна мома, тој арамбаж, богаташ, со фирми со све, се сакаат се сексаат, коли, пингвини, глупости,...“ и све ми беше јасно! И го симнувам филмот. Го гледам и ми се разјасни уште толку зошто книги и филмови како “50 нијанси на сиво“ се продаваат како алва! Луѓето сакаат нешто шо лесно за сфаќање. Гледам на часовите по етика, филозофија и сл. како љубителките на ваков тип филмови и книги си се допишуваат на телефоните или играат игри или нз шо! Сите не сме дарувани со разум! За жал има многу такви шо си ги викам јас “перани мозоци“. Всушност тие немаат став, не знаат шо сакаат од животот, немаат мислење за ништо и лесно е да се манипулира со таков човек и прави се шо ќе му се каже т.е наметне! Вчера си правиме муабе со една школска, баш за овој филм и јас си кажав мислење за филмот и се вкупно, дека не ми се допаѓаат, дека се многу патетични, плитки и веќе видени, прочитани и таа ми одговара со “Ти не си го разберала филмо!“ Чекај малце! Шо има у оваа да се разбере? Толку е проѕирно,шо уште од сам старт се знае крајот на вакви лесни филмчиња! Не гледам никаква логика! Шо да сфатам? Тоа шо писателката имала некој неостварени фантазии? Тоа?! ОК, да не бидам офф топик сепак глумецот е згоден, оваа Анастасија се уби од грузење уста. Не ми се допадна. Ако толку сте напалени, имате секакви сајтови!
од каде да симнам превод за филмот?инаку го симнав од замунда ама има синхронизација на руски и ништо не разбирам?
Од радозналост гледав снимка од камера. Оххх ... Бајка. Она толку обична, тој толку ексклузивен и се случи сексуална љубов. А на крај и онаа вистинската. Рилиии?? Ќе му мине многу брзо популарноста на филмчево. Толку се труделе, ама не се исплатило. Многу просечен.
Го гледав, и ништо посебно. Не е како што беше најавувано, а книгата ја немам прочитано. А, овие 12-годишниве што го имаат гледано филмот ќе видат што е 50 нијанси на модро кога родителите ќедознаат какви филмови гледаат..
Книгата не се ни обидов да ја читам, а филмот испадна сосема случајно да одам да го гледам во кино. Се беше собрала една група заинтересирани за филмов па и јас во последен момент отидов со нив. Среќа што седев на крај, инаку ќе се мрднев. Не заради филмот, ама сакам пристојност во кино и театар а не да морам да слушам кикотења, оговарања и плитки прашања како кога слушнав некој позади- а зашто мора да потпише согласност? (пред да почнат со бруталниот секс), е толку не ти текнува бе? И очекував да видам јаки садомазо сцени, тепање, млатење, врискање. Колку брзо се случи се, просто неверојатно. Уште во првите минути се запознаа и нели она требаше да упрска се на самиот почеток, па така се сопна кога влезе кај него, па искри фрчење демек одма страсти, љубов на прв поглед. На почеток ме збуни, почетокот со паѓањето пред врата беше сличен со една друга порно книга на Силвија Деј, и она падна во фирмата на тој батката, не знам како се викаше првиот дел што почнав да го читам а никогаш не го завршив, само секс, секс и секс и ништо друго содржински. Немаше ништо возбудливо во филмот. Актерите добро глумеа на тоа не можам да најдам замерки, дури и физички многу добро си одговараа за некоја лесна љубовна драма. Од најавите за содржината на филмот, очекував дека ќе видам некој повозрасен актер, некој што ќе ги задржи погледите на сите жени на улица, моќен, секси, крупен а девојката очекував да биде некоја поцврста, да не кажам дрољаста за да издржи такво садомазо темпо. Искрено не очекував толку романтична девојка. Изгледа дека не знаев за каква книга се работи и за какви ликови. И да се вратам на она што сакав да го кажам, очекував повеќе садистички секс, па некои сцени со камшикување, со млатење по брадавици, со користење на секси алатки за сите отвори, па мислев нешто ќе прикажуваат во детаљи, ама немаше ништо од тоа, досадно беше, не дека ако имало нешто такво ќе било интересно, ама ако веќе сакаш да го правиш филмот според книгата, оди до крајности. И друга работа е што кога читаш книга сите мисли и емоции се прикажани со збор а во филмот тие мисли не се прикажани доволно, само малку. А од друга страна па што може да се прикаже тука, цело време на секс мислат. Немаше врска ова со љубов и не знам на некои жртви за љубов. Ова беше некоја ефтина приказна, дечкото си имал мака од минатото, мајка му била наркоман, па умрела кога имал 4 години, па го посвоиле богаташи, он се дрогирал и тогаш некоја теткица другарка на мајка му за да го тргне од дрогата го навлекла на ваков секс, ама тогаш тој бил потчинетиот а она негова господарка. И сега овој нема избор, не може да се одвикне од тоа, не знае што е љубов, романтика, мора да тепа. А баш имаше романтични сцени, ја скина романтично, па летаа во авион он се смешкаше уживаше романтично, кај клавирот се сексаа поромантично..изгледа утнале малку во сцените Тоа што беше богат нема никаква врска со филмот, не знам што толку се кака за богатството и насилството, па демек материјалистки и не знам што. Ете авторката на книгата така ги замислувала, он богат она "сиромашна"(не беше баш сиромашна, ама не беше како тој), има приказни во кои мажот е сиромашен а жената богата, или двајцата богати, двајцата сиромашни итн. Во вториот дел се ќе му вратела, ќе се скараат па пак ќе се смират и она случајно ќе затрдуднела, па децата ќе се земат на крај Јака содржина нема што. Ама нема толку да го оцрнувам филмов, зашто овие две-три години дали два три квалитетни филмови изгледав, иако сум повеќе на серии сега. Така што овој е просечен филм со убави актери и лесна приказна за пред спиење. А најсмешно ми е што некои што ги знам толку длабоко се впуштија во филмот, се потресоа до максимум и едвај го чекаат продолжението ама пред тоа за да се смират мораа да дознаат што ќе се случи со нив во другите делови
Вчера некој ми помогнна да го спуштам и да го гледам со превод. Океј, почетокот на филмот го знаев. Едино болесни беа оние секс сцени во играчницата. Боже Господеее, какви болесници има Неговата порака ја сфатив како секс без обврски само кај нас нема такви момци кои не би те делеле со друг и не би ти купиле, кола,лаптоп итн. Уствари тоа се тие последици после тие случувања. За жал... Едниот од нив ќе се заљуби и тука завршува се. Само глупо заврши... Што знам сум гледала и подобри филмови. Дорнан е прекрасен глумец но оваа улога не му прилега, не се лапа добро Од сите работи јас тоа приметив, кога гледам некој таков филм очекувам глумец што добро ќе се бакнува Вештачки глумеа на почетокот кога Ана беше во канцеларијата. Но, 8/10
Filmot spored mene ne e sodrzinski tuku kako da se preneseni samo seksualnite fantazi na glumecot i sve okolu toa se vrti sodrzina nema i samo seks...Ok e ama jas ocekuvav mn.poveke glumecot mi e strasno dobar i privlecen ne e rabotata toa sto e bogat tuku izgleda mn.mokno i toa e privlecno barem za mene...Mene taja ne mi ostavi nikakov za mene glumicata mi e totalna utka...
Јас дојдов да кажам дека кој ја бирал Дакота бил и слеп и глув.Толку млитаво и флегматично суштество досега немам видено,добро,освен Кристен Стјуард.Нема трошка сексипил во неа,затоа и сцените кои треба да имаат еротски делови,се едноставно чудни и ни делуваат смешно и ретардирано. А Џејми Дорнан уште не можам да дефинирам дали ми се допадна како изглуми,само знам дека човекот е ненормално секси,да го грабнеш и бегаш. Стојам на тврдењето дека филмчето е класична лимонатка,само со исклучиво лошо сценарио. Ама добро,барем саундтракот им е добар
Она не ни треба да биде сексипилна.Нели е невина,мирна,не навлезена во сексуалниот свет,тој ке биде оној што ке ја вовлече во се.Она е романтичар,наивна е..нешто како the girl from next door.Бар јас така ја доживувам.Книгите не ги читав. Замисли да беше Меган Фокс?Она толку жешко изгледа што и да сака мислам неможе да одигра некоја наивка. За него делам исто мислење.Не знам убав ли е нели е...но е сексипилен дефинитивно.
Абе колку сака нека е романтичар,типката прифати садо мазо игри и триста чуда,а уживањето не и се покажува на фаца. Не значи дека наивните и мирните не се секси,тие во кревет сигурно растур праат Оваа Ана и дома и надвор исто антипатично лице покажува,без емоции.
Не е болен туку влече трауми од детството.Очувот го има тепано а мајка му била наркоманка.Жената со која прв пат имал секс на 15 год ,го камшикувала исто. Он е растен со тоа чувство дека некој некого треба да повредува и дека тоа е нормално.Ова на филмот не е прикажано но тоа е таа приказна. Овде се крие нешто мн подлабоко не е само сексот,фантазиите ,доминацијата.Тој всушност се заљуби одма во неа но несакаше да си признае себеси.Не сакаше да признае дека една сосема обична девојка го промени она што никој не успеал години наназад. П.с се извинувам на дупли постови ,од моб пишувам и неможам да спојам.