Книгата ја немам прочитано, одамна викам, ајде да земам да ја прочитам ама секогаш наоѓам нешто поинтересно. Филмот бев во кино да го гледам, баш ме интересираше, искрено се разочарав, девојката беше очајно избрана или воопшто таков и е ликот, Кристиан беше океј. Но самата содржина бесмислена, ако веќе треба да биде со брутални секс сцени, или воопшто со садо мазо сцени, нека направат нешто поинтересно за гледање, можеби тогаш и нема родители со деца да одат да го гледаат.
Ги имам прочитано сите три делови од книгата и го гледав филмот. Се на се чист просек за тепање време. Се трудела авторката да има некоја поента книгата покрај толку секс, меѓутоа не ми е вредна за вниманието кое и се дава во светски рамки.
Педесет нијанси на насилство Spoiler Добар ПР би го спакувал и монструмот Јозеф Фрицл во пакет што ќе биде привлечен за јавноста. Секако, под услов да изгледа како Аполон и да спие на пари. И да „вози“ хеликоптер, зашто бесна кола е премногу мејнстрим. Деновиве се изначитавме и се изнаслушавме коментари на тема „50 нијанси сиво“. За тоа дали филмот се гледа со друштво или во двојка и дали книгата е петпаречко романче за тинејџерки или забава за на плажа. Дали Кристијан Греј е портретиран доволно секси во филмот, онака како што е претставен во книгата, односно дали одговара на замислената слика за „опасен фраер“. Но од кога е фраерски да млатиш жени „за свое и за нивно задоволство“? Во последниве неколку години, откако се појави првата книга од трилогијата, и особено во последниве неколку недели, по промоцијата на филмската верзија, голем број активисти, социолози, експерти за родови и семејни односи предупредуваа дека овие дела го глорифицираат насилството врз жените, ставајќи го под превезот на сексуален фетиш. Тие посочуваат дека начинот на кој е претставен односот меѓу главните ликови во „50 нијанси“, притоа без осуда за лицата што практикуваат садо-мазохистички сексуални егзибиции со доминација и потчинување, е потенцијално опасен. За жал, и во практика се покажува дека се во право. Минатата недела американските медиуми објавија сторија за студент обвинет за сексуален напад на колешка, кој, признавајќи го делото, во своја одбрана рекол дека ги „креирал“ сцените од филмот/книгата - без дозвола на „потчинетата“. Обвинетиот признал дека бил свесен дека прави нешто погрешно, но сепак го направил. Секако, ниедно филмско или книжевно дело не може да се посочи како директен виновник за нечии реални постапки, но не може ни да се ослободи од одговорноста за однесувањето што го промовира. Наспроти предупредувањата дека „50 нијанси сиво“ е глобална кампања што промовира насилство, наспроти лошите критики, и книгата и филмот успеваат да привлечат масовно внимание и воздишки од тинејџерки, кои го доживуваат фамозниот Греј како совршениот маж. Но, дали неговото однесување ќе беше прифатливо и толку масовно посакувано ако не беше претставен како милијардер, неодоливо згоден и привлечен? Замислете сценарио: момче и девојка седат во кафуле, девојката случајно ја врти главата настрана, а момчето ѝ префрла дека гледала во некој тип што исто така случајно поминал во близина. Секако, тоа што во таа случајна секунда „зјапала“ во случајниот минувач, неслучајно значи дека би спиела со него без размислување. По некој месец истата двојка седи на истото место, но девојката досега научила да си гледа пред себе, во земја, со наведната глава. Следната недела, кога ја викаат другарките на женска дружба, ги одбива без размислување, зашто попрво ќе се откаже од забавата за да не треба да се справува со љубоморните испади на нејзиниот господин Совршен. Можеби веќе и не ѝ се чини толку совршен, но излезот од нездравата врска ѝ изгледа потежок. Па решава да трпи. А ако му ставиме милиони во банка и ако во сликата додадеме неодолива насмевка, длабоки очи, секси-задник, мускули што ѕиркаат под скапата облека... Зошто ова однесување, кое воопшто не е ретко во реалниот живот, е поразлично од она на Кристијан Греј? И оваа девојка доброволно е во врската како и по малку здодевната Анастасија Стил. Колку „погрешни“ погледи му се потребни на споменатиот мачо-фраер за да експлодира? Филмот изобилува со лоша глума, филмски не содржи ништо вредно, исто како што и книгата е напишана со тотално евтин, нелитерарен стил. Но, тоа е друга приказна. Она што е важно е дека според статистиката, една третина од жените во светот барем еднаш биле жртви на злоупотреба од партнерот, а една третина од убиените жени всушност се жртви на момчето или на сопругот. Имајќи го тоа предвид, светот навистина не може да си дозволи промовирање, поддржување или неосудување на какви било содржини што го прикажуваат насилството како нешто природно и прифатливо. Впрочем, „Педесетте нијанси“ би биле перципирани сосема поинаку ако господин Греј промовираше, на пример, расизам. Зошто насилството врз жените би било третирано поинаку? http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=33151457209&id=13&prilog=0&setIzdanie=23410 Одлично напишано. Размислете малку пред да поддржите секакви бљувотини (навистина не можам да најдам посоодветен термин за содржината на филмов) и пред совршениот маж да ви биде Кристијан Греј.
samo edno ke kazam za tie sto gi hejtaat knigive ne ste ja svatile vistinskata poenta na knigava... filmot e preubav knigite isto taka glumcite se prekrasni advaj cekam da izlezit fifty shades darken
50 Shades Of Ruining Our Childhood. Не, озбилно... што е оваа одвратна порно верзија на песнава?! Ова е болно за нас кои пораснавме со Beyonce. А баш убави времиња беа тоа... Он топик - книгата не ни помислував да ја читам откако прочитав за што се работи, а и филмов претпоставував дека ќе биде просечна еротска лимунада интересна за тинејџерската и BDSM популација. Арно ама и покрај сите мои убедувања на луѓево околу мене да не го гледаат, сепак, јас бев наговорена од истите да го погледнам, чисто да ми докажеле дека филмов уствари дека не е толкаво промашување. Но сепак е... Јас ве читам и уште не можам да сфатам која е поентата/пораката која сака писателот/режисерот да ја долови?! Ништо повеќе од скриени фетиши на писателката. Невина девојка случајно паѓа во канџите на богат бизнисмен, потајно посакувајќи да испроба нешто ново во сексот, ја убедува (практично ја купува), но сепак, на крај не и се допаѓа тоа што не може да го смени и решава да го напушти. Ништо спектакуларно, ни љубов, ни драма. Згора на се и ужасна глума на главниот женски лик. Каде е бре таа филмска еротика, таа страст? Изгледа исчезна некаде во деведесетите. И Холивуд веќе не е тоа што беше. Ако ви се гледа добар љубовен филм погледнете некој од типот нa Nine and a half weeks, Wild Orchid... страст и голотија во умерени граници. Да осетиш топлина и чувство дека е убаво да си сакан, а не тепан и принудуван на разни болни игри.
Neznam zosto na poveketo ne im se bendisuva filmot pa nemozi sekoj del od knigata da bide izveden ako toa e taka togas filmot bi trael mnogu poveke od 2 casa...vo filmot se potrudile da go kazat ona sto e povazno i mislam deka e mnogu dobar filmot i se nadevam deka naskoro ke izleze vtoriot del .... pozdrav
За тие што се чекираат додека го гледаат филмот имам едно прашање: Се чекирате кога гледате порно?! Инаку единствено нешто што ми се допаѓа кај „филмот“ е главниот лик (кој го знам од Once Upon a Time).
Дека ми се допадна нешто екстра, не, а уау во стомакот само ми предизвика самоконтролата на Кристијан! Дечкото е тежок случај, просто бев изненадена до кој степен научил да си ги контролира чувствата. Можеби бидејќи јас сум импулсивна личност, па затоа ме воодушевуваат луѓе кои знаат да се исконтролираат Или пак самоконтролата е резултат на шестгодишното „ропство“
Може некој да ми даде линк да го симнам филмов, сигурно има некој линк ставено назад во страниве ме мрзи да барам
Порано книгата многу ми ја кажуваа дека била нешто wow, ама никако не стасав да ја надам и да ја прочитам, а филмот го гледав пред 2недели и не ми се допадна, катастрофа, мислам ништо посебно за толку прашина да се крева
Реков дека нема да го гледам овој филм, но ете...сплет на околности Немам позитивно мислење, ниту пак искрено го мразам, не го заслужува моето внимание за толку да го анализирам или му се посветувам. Само ќе кажам, жалам што еден куп други филмови што обработуваат можеби слични теми биле многу подобри, а не го добиле ова внимание, но...тоа е ти е медиа плеј Би сакала само да им порачам на девојките на кои ова им се допаднало, да се биде во врска со една страшно посесивна личност, а на тоа ми личи овој Кристијан Греј лик, воопшто не е јуникорнс енд реинбоус. Она што многу појасно го отсликува овој филм е можеби константната потреба на еден пар е да создаде совршен партнер спрема своите потреби, да го смени оној другиот, Кристијан од една невина неискусна девојка да создаде свој секс слејв, Анастасија од еден ладен играч, романтичар или нешто такво. Па девојки... зошто едноставно сите да не си најдеме фини дечки, што и така се фини, без да ги форсираме да бидат нешто друго. Затоа што се потоа ќе биде...знаевте каков е, можевте да се спасите од сето тоа Како и да е, тоа беше само моја кратка опсервација, не ми се дава умот да ми се заморува со ова
Може некој да ми прати торент и превод ако има излезено за филмов, ако нема превод не мора. Не можам да се снајдам :/
Излезе торент со одлична снимка еве го https://kickass.to/fifty-shades-of-grey-2015-uncut-hc-hdrip-x264-ac3-titan-t10313268.html
Да бидам искрена очекував повеќе секс сцени, дури и ми се чинеше дека снимката што ја симнав е кратена, ама испадна дека не е. Приказната премногу брзо се одвиваше, додека трепнеш веќе оди на вечера со неговите родители и и купува ситници. Првата половина од филмот беше живи смешки, се воздржував да не го изгасам зашто сакав да видам до кои крајности ќе одат. Додека втората половина беше помалку лоша (не викам дека е добра). Глумицата ај што не беше убава, појма си немаше да глуми. Се измачував додека ја гледав А Кристијан добро ја долови улогата, плус ме потсеќаше на еден колега , ама Matt Bomer подобар ќе беше Сума сумарум, премногу фама се крена за буквално ништо и да не беше познат, никогаш не би го гледала. Единствено саундтракот ми е по вкус Fifty Shades Of Grey - Soundtrack
[QUOTE="Elena69221, Глумицата ај што не беше убава, појма си немаше да глуми. Се измачував додека ја гледав А Кристијан добро ја долови улогата, плус ме потсеќаше на еден колега , ама Matt Bomer подобар ќе беше [/QUOTE] Matt Bomer е бомба.Штета што е геј