...или едноставно ни се допаѓа. Ете јас не спаѓам ни во едното ни во другото. Најмногу ми се допадна нивниот character development. Кристијан и Ана не се исти во третиот дел како што беа во првиот. Признавам и мене ми личеше тој на психопат и таа на мазохист, ама мислењето ми се промена кога ги изгледав другите два дела. Вториот дел расчисти за минатото на Кристијан и зошто бил таков каков што бил, но Ана сепак го промени. Третиот веќе е за нивниот заеднички живот и на крајот тие живеат живот како сосема нормални луѓе. Што знам ете, но мислам дека на повеќето луѓе не им се допаѓа трилогијава заради првиот дел. Сепак, секој со свое мислење. Не осудувам. За книгите не коментирам, пошто како што кажав ги немам прочитано.
Жити character development...дај не зезај. Мене не ми се допаѓа општо, како концепт. Оти е полно со нелогичности и е премногу нереално сето тоа онака како што е прикажано. Куп измишљотини, помешани со сексуални фантазии на некоја си таму „авторка“ од рангот на Лајла Грејс. Не се разбираме, па затоа дискусијата ќе ја прекинам тука.
Јас паднав на истото. Едноставно дури и покрај тоа што имаше некои нереални моменти, најмногу ми остави впечаток начинот на кој двата лика се развиваа во текот на сите 3 дела. Особено фактот што Ана како обична девојка успеа да го промени Кристијан, кој на прв поглед и мене ми делуваше како психопат.
Баш тоа сакав да го кажам. Погледнав подлабоко од сексуалните сцени, навистина тие двајца многу се променија од првиот филм.
Дефинитивно. Треба подлабоко да се проанализира за да се сфати поентата, иако нели, на прв поглед филмот изгледа само како едно глупаво филмско сценарио со еротска содржина. Баш начинот на кои се менуваат и двајцата ја дава самата суштина, што според мене не е нешто што е невозможно и во реален живот. Како и да е, во филмот има многу повеќе од само секс.
И ние погледнавме подлабоко од сексуалните сцени, но не видовме нешто што веќе Лајла Грејс не го опишала во нејзините прекрасни дела.
Филмовите се крајно површни и аматерски сработени. За поздрав е само раскошот, вложени се многу пари, а очигледно е дека има добар профит. Не е проблем темата која се обработува, туку начинот на кој е прикажан односот садист и мазохист. Едно што дијалозите се мизерни, ама колку се само глумците слаби, аи леле мајко. Да не ги покажеше Дакота цицките, ни вториот дел немаше да се сними. Мистер Греј е класична глуперда со пари, благотелечи поглед со фина насмевка. Он контрол фрил левел миљарда, она несигурна у себе и мисли дека овој има секс со секоја втора. Ама љубав, па се заедно. Многу ме занима што направиле со третиот дел, ама моментот - Ју кен кол ми Мисис Греј - наговестува дека и по трет пат ја утнале работата.
Гледав неколку делови од филмов на страната на фб преубав е, да не знае некој каде можам да го најдам цел филм со превод?
150 денари е карта даа го гледаш во кино Милениум во Гтц. А нет сигурно ќе биде поставен за некои 2 месеци со превод.
Го нема уште бидејќи само што излезе, можеш или да го гледаш на кино сега или ако ти се чека чекај го на оваа страна https://yts.am/yify може да се симне со торент и со висока резолуција. А за превод ќе треба накнадно да бараш на нет да симниш и да го вметниш во филмот (има таква опција).
Јас успеав да го догледам некако првиот дел (на 2-3 пати ако не се лажам) вториот само го почнав, оти нели curiosity killed the cat значи филмов стварно не можам да го сместам во ниеден жанр, идејата за еротика паѓа во вода зашто има само 3-4 сцени кои мене ама баш ич не ми се еротски, драмата ми е премногу пластична да ја речам, а љубовната прича е на ниво на 15 годишни кога бевме (повуци потегни, држ па не дај).А знам дека ќе го ѕирнам и овој дел, иако не го бива Глумицава ми е антипатична, ај мистер Греј поминува некако, ама пак многу бејби фејс за тој профил. Првата книга ја имам зачитано до пола негде, и таа е измачување ама без никаква уметничка вредност, бар причата да ја биваше ако ништо друго, едино може да помине кај теткици во климакс и девојчиња во пубертет.
на нет го ставиа уште пред два дена на gledalica само што снимката е малце лоша(од кино е) едит:сега гледам го тргнале од страна а незнам зошто .
Надвор од темава. Не знам дали го имаш гледано Џејми во The Fall, многу, многу интересна серија каде актеров улогата си ја заврши перфектно. Муабетот ми е дека не е до актеров што филмов е толку лош. Ако ја немаш гледано погледни ја ќе видиш ем дека го бива, ем интересна приказна е
Фино ако ви се допаѓаат, но да знаете дека навистина има прекрасни љубовни приказни што ќе ве треснат од земја со длабочината на чувствата, уката, целокупниот впечаток. Како таква ќе ја издвојам “Вештица“ од Венко Андоновски, ми требаше време да ја “сварам“ од што беше толку зрела, а истовремено и толку детска, духовна љубов од која ќе ви трепери срцето и ќе посакате да сретнете таков човек. Што книги преферирате и филмови зборува за самата наша “перцепција“ на љубовта и што очекуваме од неа. Јас очекувам многу, многу и барам. Така да филмовите и книгите на “50 нијанси“ би ги оставила за Моника која би имала 15 години во недела навечер. Никако другачје. Сепак, и тогаш омилена книга ми беше “Оркански височини“ од Бронте, која е разликата од пишување дека некој ви го лижнал “рипчето“ до “Врати се, во која било форма, прогонувај ме, измачувај ме, само врати се“. Проценете сами.
Ова е најголема заблуда што уметноста ја наметнува. Овие трилогии е СФ за карактер девелопмент и промена. Ако сам не си се преомениш бидејќи ти навистина сакаш ни Ана ни св.Ана не те менува. Иако да добри филмчиња за тепање време од типот Твајлајт,Бриџит Џонс....и за смеење или превртување очи идеални трудови.
Не сум гледала ниту еден дел и немам во план. Велат дека се копии на 9 1/2 weeks, а толку лоши критики сум чула за нијансиве што не ми се верува да имаат допирна точка (?)
Првите два дела ај до некаде ама во третиот се претера со патетиката и тоа колку она стана главна и испозанесена. Девојката што живееше во дупка и возеше една канта сега е центар во животот на милионерот. Тешки патетики, аа и уствари која е тамата на третиот дел?? не сватив зошто го снимаа