Филмот „Педесет нијанси потемно“ (Fifty Shades Darker) е потпишан од режисерот, Џејмс Фоли по сценарио на Ниел Ленард, а претставува продолжение на приказната за Анастасија Стил и Кристијан Греј. Двајцата се главни протагонисти на еротската драма „Педесет нијанси сиво“ од 2015 година која е пишувана по истоимениот роман на британската писателка Е.Л.Џејмс. Приказната го следи откривањето на „темното“ минато на Греј во формата на фатална Елена Линколн. Покрај наведените, улогите ги толкуваат и Ким Бесинџер, Лук Гримс, Елојз Мамфорд и други. Spoiler: Trailer Филмот се прикажува во Cineplexx Skopje City Mall. Spoiler: Термини и сали за почеток на филмот https://www.cineplexx.mk/movie/fifty-shades-darker/ А еве и линк каде што можете да го гледате онлајн со превод, со снимка од кино. Spoiler: Филм https://www.gledalica.com/sa-prevodom/fifty-shades-darker-2017-video_be0933d92.html Јас го изледав и искрено ми се допадна повеќе за разлика од првиот дел и од мене има 10/10.
Баш сега сакав да прашам дали го има онлајн да се гледа.. Одма го пуштам сега..Фала ти Инаку мене првиот дел многу ми се допаѓа, се надевам дека вториов нема да ме разочара.
Гледај го и пиши после твое мислење, се надевам нема да те разочара. Мене првиот ми беше добар, очекував многу подобар да биде според најавуваното, али тоа е.
Го симнав на торент го гледав, мене искрено и првиот ми беше досаден, ама овој бетер беше и од првиот, заспав при крај, не ми текнува како заврши.Не ми се јасни вакви филмови кај што се мешаат 100 жанра драма, романса, еротика и целокупниот резултат е каша попара, башка што дејствието е многу бавно, и воглавно ништо не се дешава...Ај првиот дел влечеше повеќе на еротика (иако може вода да им носи на Addicted и 9 and a half minutes во тој поглед) ама овој е чиста утка.
Мене па првиот дел ми беше поинтересен барем имаше некоја поента...овој дел.. тие што практикуваат или сакаат да пробаат S&M не го гледајте...la la land same shit..
по крајот мислам дека ке има и трет дел.. премногу секс во еден филм ,некои ептен глупо реплики(сврши Ана сврши за мене ),слаба глума ептен слаба,нецелосна приказна ај него и да го сватам зошто е таков нели трауми влече од детсвото ама она? да сака да биде некому покорна у секој случај он ми беше плакнење на очи
Мене ми е жaл штo тoлку убaви песни, oсoбенo "Helium" oд Сиa се искoристени зa филмoв...aкo мoжaм тaкa дa гo нaречaм.
^^ Ова мене никако не ми се свиѓа, нит за око, нит за уво. Понизна жена и исфрустриран маж... Али отслик на секојдневие, да, буквално. Живот пише романи. Таман да искористам да кажам дека многу сакаат да глумат жртви. Што викаше еден другар:" Има жени кои сакаат да се среќни и такви кои се среќни кога се несреќни."
^ Најглупа сцена беше онаа со Лила.Седи Лила!!И она клекна Како послушно куче Сцената во хелихоптер Омг!Снимена во студио колку само се познаваше
Повеќето што ги знам, се воодушевени од книгите, па можеби и затоа... очекуваат дека филмот ќе биде исто толку добар како книгите. @joy1, ќе има и трет дел, го најавуваат за 2018, или 2019... Педесет нијанси ослободени. Јас ги имам книгите дома, дури почнав да ја читам првата и на почетокот ми се виде ептен досадна и ја оставив, тогаш не ни беше снимен филмот, па и не знаев што ќе се дешава понатаму. @Mr. Right, ако ништо друго, бар добар soundtrack има филмов... Можеби и најдобар од сите филмови.
Не ни знаев дека е трилогија книгата.Претпоставував поради последната сцена каде го дадоа нејзиниот шеф.Веројатно во третиот дел ке спрема одмазда некоја тој
Трилогија е книгата. Освен првиот дел, овој новиот го немам гледано. Книгите ги прочитав трите , тогаш кога беше популарна. Не дека книгата е нешто ваау, ама е многу подобра од филмот. Барем првиот дел. Вториот се мислам дали да го гледам.
И 50 делови да има филмов, пак ќе си остане просечен булшит. Дакота врска нема од глума и мислам дека доволен ми беше првиот дел за да се уверам дека на крај најмасовно попалена публика по „филмов“ ќе бидат тинејџерките кои секако немаат поим што значи добар секс.
Мене лично вториов ми е подобар од првиот го гледав во кино и после тоа уште еднаш дома,прекрасен е тука повеќе се работи за нивната љубов и за борбата да ја сочуваат ма да има повеќе с..с него друго,според тоа што читав на интернет во третиот дел fifty shades of freed кој ќе излезе наредна година исто февруари,Ќе се случи нивната свадба и нивниот меден месец,потоа Ана ќе има проблеми со татко и он ќе биде нешто во болница,и таа ќе заборави да пие контрацепција во тој период ќе остане бремена,на почеток Кристијан ќе се лути и нема да го прифаќа детето,тогаш она ќе ја дознае вистината за Кристијан и неговото детство,после се појавува Џек бившиот шеф на Ана,за да му се одмазди на Кристијан ќе ја заведе неговата сестра Миа и ќе прави многу сплетки,едвај чекам да излезе мислам дека тој е последен
Филмот беше ДОСАДЕН. Без поента, без развивање на настаните, од почеток до крај.Таква лимонадка беше дури се фрапирав.Мене првиот дел ми беше поинтересен, сепак повеќе секс сцени имаше, повеќе тоа садомазо стил што впрочем се работи и за тоа филмот. Овој благе везе немаше, романтики ме утепаа. Мене не ми се допадна искрено. Едвај чекав да станам да си одам, вртев со очите натака навака.... Не е мој фазон
Agreed. Само саундтракот вреди во филмовиве (и двата дела), и можело тие песни во некое сензуално арт филмче да се искористат .....