Абе ај шо се познаваше дек е у студио, него не ми е јасно зашто воопшто таа сцена ја вметнале во филмов???? Од шо мака? Шо потреба???? Кај се вклопува таа сцена не капирам!!! Некако таа сцена беше неповрзана .... или шо? да видиме дек Ана знаела и да плачи??? Btw , единствено само поради Џејми го сакам филмов, навистина е типче за плакнење очи
^ Хахаха, само таа сцена да беше неповрзана, абе сите сцени беа буквално неповрзани. Инаку за сцената со хелихоптерот, Он и Чак Норис тие се тие што без гребнатина излагаат од такви дешавки Ова беше усвари на стара слава, реклама итнитн, затоа е и направен филмов. Немаше никаква врска, ни почеток, ни средина ни крај, Некоја поента да имаше да кажам да, добро еве снимиле и 2 дел... Преценето до максимум. П.с тоа Дакота ми е толку мутава, муле, ниакква улога никаква енергија, тоа гласот страшно ме иритира, таква флегма невидена, ко некое бебе збори. Утка им е актерката
аааа многу убав ме стопииииии си сакам вакви лигави филмчиња да си глеам ама нешо не беше баш баш ко шо го форсираја првиот некако пубав ми беше
Дакота Џонсон е типичен пример дека талентот за глума, или, генерално еве, било кој талент за уметност не се наследува под дифолт од родителите. Штета. Без енергија, еднолично... Иако, можеби не сум компетентна да судам, ниеден дел од филмов немам гледано, судам врз основа на трејлери. Кога сме кај тоа, ниту книгите ги имам прочитано. Не се мој стил.
За сцената со хеликоптерот. Во книгата има 50 страни само за тоа напишано. Значи он кога исчезнува па се собираат сите кај него, па тука Анастасија дознава многу работи за неговото детство, се поврзува со мајка му и со татко му. Некако во филмот ја направија смешна сцената дури. Всушност во книгата ( не дека е некое ремек дело) овај момент беше некако прекретница во целата приказна. По мене и првиот и второт дел се утка на големо. Книгите ги читав сите и можам да кажам дека ако филмот е направен за под 18 години, не е тоа тоа. Да бидеме реални овој серијал е еротика која се граничи со порно и тоа е сржта на цела приказна. Останатото е само пролазна работа. Или нека го направеа како треба или воопшто да не го правеа. ДА не зборувам дека глумците се потполно утнати!!
Го има на некој страна филмов со чиста снимка сакам да го изгледам? Го гледам првиот дел и воопшто не ми се допадна знам дека нема и овој пошто го изгледав трејлерот и ужас ми беше Дакота како актерка ја мразам и воопшто не ми се вклопува во улогава а и не сакам ваков жанр на филмови.
http://www.filmovizija.ws/movie/fifty-shades-darker-2017-video_2737ba164.html Тука го има. А што е до филмов не ми се допадна. Премногу нафрлени работи имаше,никаква смисла немаше помеѓу нив. Како што спомна некој погоре од несреќата дојде како да дошол од некој одмор,а не како да преживеал несреќа. И уште многу други работи без смисла. Од филмов и мене само ми се допаднаа песните од Сиа
Мене искрено од филмов ми се допаднаа само секс сцените Другото се беше без врска некако. И песните од филмот беа добри, цело време си ги слушам.
Лично за мене филмот е повеќе од одличен. Го гледав во кино и беше феноменален. Дури ми е поубав и од првиот дел, феноменална глума ама и главниот актер уф е топ. Какво тело има! Баш, како и мојот дечко! Секоја чест, го чекам в година да излезе и последниот дел.
Ако сте ја читале книгата таму Ана е опишана како скромно девојче. Не девојка која ќе ви падне во очи кога ќе ја видите на улица, туку сосема просечна, тивка и повлечена. Дакота можеби физички одговара на улогата, ама глумата и е за никаде. Барем во првиот дел беше.
Можеби на изглед да, меѓутоа факт е дека не знае да глуми и да ја долови улогата како што треба. Ко фригидна е.
Фригидна е вистинскиот збор Цело време дур ја гледав тоа си викав во себе Џејми у риал лајф со брада до колена не е убав ич.
Да ти кажам, навистина ми личи на скитник кога вака ги листам сликите од Оскари. Нека се среди малку, убав дечко е ама не е секој за таква џбун-брада. Туку, девојка му беше онаа придружбата на Оскари? Неубава малку.
Мислам сопруга му е Мм го мачи едно прашање по филмот како реагирала жена му кога го гледала во такви секс сцени
^^ Вон темава, мене истово за Лана на Ристоски женската ме мачи. Си се испофаќаа со Јана Стојановска, г'зот на мегдан, го испоаднаа купишта женски на социјалните мрежи. А, мене ми изгледа ко да се во среќна врска и тоа на далечина. Јбг, некои успешно се носат со тоа изгледа. Извинете ме што тролам.