Ами и има кажано тој пред да снимаат: Жено нека не ти сметаат цицките на Дакота, во живо ни еден маж не би се напалил на неа. Мене вака од страна ми делува ко да ја мрзи да има секс. Или ко да сака да ја убедуваат. Или ко уопште да не сака секс, ама пак, ја мрзи да објаснува дека не сака. Затоа само се смешка и по потреба стенка. Што ќе реагира, позади овие сцени има еден куп луѓе, не дека е многу забавно. Снимаш и ти влегува некој: Чекај малку пудра да ти клам под мишка, си се запотила. Spoiler Доцна е, ај да одам да спијам
По коментариве нз дали со дечко ми или без дечко ми да го гледам филмов ? Имаше овој пат камшици ? Повторно ли одеа во собата за мачење ?
Со дечко..можеби ке добиете идеа плус Имаше секс под туш,во теретана,игра со анални топчиња,секс со алатка од собата за мачење .. ејгиди се ти открив
Едноставно, сопруга која го подржува сопругот во работата. Знае дека тие сцени се дел од сценариото, да сум на нејзино место не би била љубоморна. Барем другата, нека знае што маж имам в кревет и колку е згоден
Незнам кај да прашам али си викам можи тука, 3 дел од книгата има така и како се вика? Инаку овај дел ми беше далеку поинтересен од првиот.
Баш го гледав вториот дел пред неколку дена, повеќе од љубопитство него од нешто друго затоа што и првиот ме остави баш индиферентна.. никаква хемија нема меѓу актериве, се е некако површно колку ради реда изглумено. Карактерот на Кристијан Греј никако не ми го доловува актерот кој го одбрале, премногу меко изгледа како за доминантен, богат и моќен тип. Тотална утка ми се и двата. А за Дакота излишно е и да коментирам... Сцените како нафрлани ми се, скокаат од едно на друго без никаков континуиран тек за развој на настани. Big no from me.
Филмовиве се далеку полоши од книгите, а факт е дека и книгите не се нешто многу добри. Прво кастингот е ужасен, од Дакота и Џејми. Воопшто во книгата не се претставени така. Кристијан Греј е претставен баш како совршенство од маж, перфектен, а мене Џејми тоа воопшто не ми го доловува, многу мутлеста фаца ми има и не ми е ни симпатичен дури, многу повеќе му стои улогата на сериски убиец во The Fall. А за Анастасија да не почнувам скроз промашена, дури имам чувство додека ги гледав филмовиве дека сосила глуми, само колку да се каже, и нормално да си ги собере парите. Додуша сум ја гледала Дакота и во други филмови и е типичен пример за тоа што значи да имаш славни родители, во превод не ја бива за актерка ама ич. Друго вториов дел беше романтики тешки, многу делови од книгите беа набрзина покажани и одма завршени. Делот со Лејла или со Хајд, уствари целата поента на овој дел беше да се истражи минатото на Кристијан, делот со Елена, како дошло до тоа, а тука Елена ја покажа се на се во две сцени. Исто и за Лејла,се појави еднаш, ја зема Кристијан и ја однесе во лудница и толку. Тоа не ми се допадна. И мој совет, доколку ги читате книгите, пробајте на англиски, зашто македонскиот превод е ужасен. Посебно на секс деловите, а книгите се 80% секс делови, се утепав од смеење зашто преводот е трагикомедија.
Па...работа на вкусови е очигледно. Во книгата е опишен како совршенство типот и според мене Џејми е тоа. Дакота е пренежна, далеку од совршена ама не ни треба да биде тоа е поентата. За нивната глума и хемијата помеѓу нив не знам зошто толку не ви се допаѓа мене ми се преслатки и Дакота ми е баш пресекси во тие сцени, дури и ако гледате како се снимал филмот ќе видите колку се блиски и колку им е пријатно еден покрај друг и колку хемија има, и баш сите критичари коментираат за нивната хемија. Вие сте го гледале филмов ама уште пред да го погледнете сте створиле некоја слика дека филмов е чиста глупост затоа и мислам дека не сте си дозволиле баш да уживате во него. Мене премногу ми се допаѓа, поинакво е од тоа што сме виделе до сега, се работи за филм кој на нас жените првенствено треба да ни ја разбуди фантазијата и да направи да посакаме излеземе од сопствените граници и да пробаме нови работи. Значи филм за ние жените да уживаме во него и да дозволиме фантазијата да ни работи, опуштете се, не мора се да критикуваме.
Јас сакав демек романтика со мм да го гледам,ама он се откажа.На крај сама си го гледав, а мм не можеше да одолее,па фрлаше погледи кога ќе доојдеше некоја жешка сцена. Филмот воопшто не ми остави впечаток.Јадење-секс,лифт-секс-премногу секс сцени во еден филм. Од мене 6/10
пиши на youtube 50 shades behind the scenes ќе ти даде И прочитав нешто за сопругата негова ваши коментари, типката изјави дека не го гледала филмот ниту пак родителите на Дакота не сакале да го гледаат зaтоа што фала богу глупаво е и непријатно