На семафорите кај Тинекс на Трета Македонска вртиш лево или десно спрема Јане Сандански зависи од која страна доаѓаш. Пред кружниот кај Јане има уличка десно, на самиот влез на уличката има Агро Техна, на таа уличка ќе влезете одите право, го поминувате Зур маркет од десна страна, потоа од десна страна има парк а од лева страна во зградите е нејзината ординација смајли жолти има залепено на прозорите, а до неа има гиниколошка ординација.
Здраво мајки, нова сум на темава (се породив пред еден месец) и сакам да изберам педијатар. До сега ми ги имаат предложено Спасова кај Буњаковец, Драгана Емел од Идадија, Ѕвезда од Идадија, Душко Фидановски од Систина и Станка Танчева од Систина. Дали имате искуство со некој од нив и дали ми препорачувате (некој од нив или некој друг што е супер според вас)?
Од Систина матичен не може да ти биде никој да знаеш. А иначе ние го носевме кај Филипински и супер е докторот .
Не може, но барам добар педијатар, макар и приватно иако повеќе би сакала да најдам добар педијатар што ќе биде и матичен истовремено.
@Klara91 @TeodoraMJ Имам неколку прашања до вас за докторката Митка Тренчева. Не можам да најдам некои коментари и искуства во врска со докторката, дали вие имате некоја информација да споделите? Баш ми одговара и со локацијата дека и јас сум во Аеродром. Ме интересира и дали прима нови пациенти и како е со закажување термини, дали многу се чека или прилично брзо се закажуваат? Дали е добар педијатар (ова знам дека можеби е повеќе индивидуално, но сепак ќе ми значи секоја споделена информација)? Дали соработува со фондот за здравство?
Да прима нови пациенти, работи со фондот. Мене секогаш ми закажувале за ден, два, не прават проблем, ако е итно може да ти кажат и да дојдеш и дента, работи во 2 смени, една недела прва, една втора смена. Јас сум задоволна, детално го прегледува, што и да ја прашаш ти кажува, ти закажува одма на клиника ако имаш потреба итн
Јас минатата недела бев прв пат, ми закажаа за два дена термин, има посебно време од -до за здрави деца и после тоа болни, па на тел ме прашаа дали се работи за здраво или за болно. Инаку бебуш го прими како нов пациент, работи со фондот и не плативме ништо. Делумно сум задоволна, ама тоа како што кажа е индивидуално, конкретно се работи за 6м бебе прегледот беше добар и детален, но не добив никакви насоки за исхрана што можеби е моја грешка и требаше повеќе да ја потпрашам. Она што приметив е дека има мнооогу пациенти, бидејќи дур ние завршиме, беше полно со деца и родители. Инаку фини се и сестрата и докторката.
Мамички ај ве молам препорака за матичен педијатар во Аеродром, освен Цекиќ пошо не примале пациенти достогнат им бил бројот.
Јас закажав за утре во поликлиника реоника позади лиса во лисиче, кај др сашко Мн пофални зборови прочитав Па ќе ти пишам како сме поминале ако уште не си нашла
Бевме денес со беба кај др Сашко Љубезна е и сестрата и докторот Млад е, објаснува за се што треба, го измерија бебо, го прегледа од глава до пети, ни закажа за 1 месец контрола, ми даде број за било што да ни треба да го барам Си го земавме за матичен Се на се, од мене има 10ка,ти го препорачувам
Е супер мила, баш ми е мило. Ќе се јавам и јас да си закажам и ќе си го пишам матичен. Највеќе и локацијата ми одговара. Фала ти