Ординацијата е на докторката Лидија и кај неа ги носам уште кога работеше во Ремедика. Весна ни е матична, ама ги носам и кај двете, во зависност од тоа како ни одговараат термините. Лидија е одличен дијагностичар, децава ради неа не завршија во Козле.
Дали Драгана и Ѕвезда се и двете на работа? Да не е случајно некоја на одмор па да работат една смена?
@Lea.Messi мами бев и јас кај Сашко. Ептен ме бендиса, супер доктор. Пристапен, убаво ја виде ја провери. Убаво ми кажа ми објасни се. Ми даде телефон, рече достапен е во секое време и на вибер. Си го пишав и јас матичен да и биде
Женчиња, кога се бира матичен педијатар? За да се упише како матичен тееба бебе да има извод и книшка? Дајте препорака за матичен педијатар во околина на аеродром/стар аероодром
Кога сакаш можеш да си го запишеш. Јас на месец ипол ја пишав мојата. Ти треба извод, книшката и да ја немаш ќе средиш накнадно тоа. А у околина на Аеродром тешко, кај Цекиќ пополнет е бројот. Најблиску Ново Лисиче, Реоника се вика ординацијата Сашко е докторот. Јас таму сум, доста солиден доктор.
Искуство со Катерина Андоновска во јане сандански? Она е по семејна медицина, ама гледам и бебиња носат кај неа.
Па што сум читала од други искуства ок била ја фалат.Инаку во Аеродром имаш и ординација на Др.Смоковска во Острово позади Палма,кај Др Митка позади Воен базен и тие во Јане ,тоа е нема избор,затоа на времето првата ќерка во Букурешт ја носев ,а сега бебе носам кај Митка оти ептен ми е во маало.
Дали имате инфо за др Драгана Емел, дали е денес на работа? Настинато е детево па го носам на незакажано.
Смајли ординација, позади базенот сега брзо прочитав тука ја фалат. Ја ја носам во ординација др Смоковска и сум задоволна, тоа доаѓа позади Палма, на Комаров ама во февруари имаа уште 2-3 слободни места, не знам дали ги пополниле.
Искуство со др.митка и дали прима нови пациенти? Дали е достапна за комуникација на телефон? Се плаќа нешто за прегледи или не?
Има ли некој друг број освен оној на фб Радица Маџоска од Ѓорче? Се убив од ѕвонење, не можам да закажам
Здраво на сите, ве молам за инфо дали за запишување кај матичен лекар треба извод бидејки во ГАК ми викаат откога ке не испуштат во рок од една недела да го носиме кај матичен а знам дека за извод се чека најмалку 2 недели.
По правило да, не само извод туку и во фзо треба да ви биде средено за да може докторот да го запише бебето како пациент…ама мислам дека секако за еден преглед би ви излегле во пресрет
Не ти треба извод,кога ќе извадите извод и книшка ,тогаш ќе ги однесеш кај педијатарот. Кај нас каснеа со изводот скоро 1м а во болница поднесовме.