Морам да пишам тука! Ѕвезда е одличен доктор. Драгана е на боледување, па Ѕвезда прегледува. Секоја чест на преглед, внимание, совети.
Се согласувам. Кај неа бевме за второ мислење, прекрасна е во секоја смисла. Многу ни е далеку инаку за матична ќе ја пишевме.
Препорака за добар семеен лекар во Јане Сандански. Ми треба семеен, малата ми порасна над 6 год е...има ли втора смена и дали има лабораторија?
Јас презадоволна од Симонида Спасевска во Систина,обврнува внимание, ти дава совети буквално за се и мене што ми е најбитно во секој момент е достапна на вибер за било какво прашање
Ѕвезда беше денес на смена? И ние бевме,ама само до шалтер. Се враќаат од понеделник со нормална работа?
Здраво, Ќе ве молам доколу може предлог за добар педијатар да ми дадете зошто мојава матична што ја имам , кога и да ми треба за малава неможам да ја добијам на телефон
@Bicka77 дали знаеш дали примаат нови пациенти? И од други сум слушала убави работи за таа ординација и тие докторки.