А Ѕвезда дали прима? Одлична е и она. Мене па може ме примија дека големата ми беше запишана кај нив одамна.
Радица Муратовска во Систина. Душа човек ми е, одличен доктор. Осум месеци е бебе, и на редовни и на вонредни контроли само кај неа ја носам. Ми влева доверба, почнав и големата да ја носам таму. Ретко јас доктор да свиѓам, али неа ептен
Здраво на сите? Препорака за добар педијатар? Моментално сме кај Драгана Марковска, добра е докторката меѓутоа како комунивирате со нејзе тие што ви е матична? Никако не можам да ја добијам на телефон. За сестрата Јасна па да не зборувам, катастрофа…Ве молам за препораки, прво детенце ми е и понекогаш сњ случува да имам потреба од кратка консултација на вибер. Последно еве уште чекам да ми врати на вибер дали е во ред крвната слика за да го вакцинирам детето, поминаа 3 дена..
Да ти пишам во врска со крвната слика само, затоа и ја бараат во диспанзер. Има доктор таму што ја проверува, ако не е ок верувам дека ќе ве врати. За педијатар и ние мака помачивме, сега е кај Митка Тренчева, жената е повозрасна, ама достапна е на вибер. Може нема одма да одговори, ама во текот на денот да. На Велики петок вечерта ми се јави од што беше загрижена за моето дете, совет да ми даде.. и сестрата е супер.
Ти благодарам многу. Не спомнав дека сме од Карпош, така да д-р Митка не би ни одговарала. Сепак фала
Јас го запишав кај Билјана Христоска. Во Букурешт е. Немам некое големо искуство...само еднаш бевме. Вака супер ми изгледа...го прегледа се, објаснува, ако нешто те интересира, ќе ти одговори...на вибер ми одговори брзо. И за закажување на преглед беше од денес за утре. Е не знам како е за болни деца или ако има некој проблем....ако некој друг има поголемо искуство може да каже.
Nie sme novi pacienti do sega 2 pati na viber sum i pisala i mi vratila...ne vednas za nekoj saat ama pa ne bese ni itno vednas da odgovori. Za vednas info se zvoni ama ne sum imala potreba do sega
Ако си во Карпош и јас ти ја препорачувам Др Билјана Христовска во Букурешт.Мене големата ми е кај неа од бебе, задоволна сум за дијагностицирање кога се разболуваше првите години од градинка,сега не сме биле две години може, а бебево ми е кај Митка оти ми е пред зграда ординацијата и реално повеќе имам потреба од педијатар,инаку ќе ја носев и неа кај Билјана. Митка исто и мене за бебево одма ми врати на вибер,а беше на одмор ,ама ми излезе во пресрет ептен.
Да ве прашам, дали педијатрите ви бараат да закажувате за преглед на децата? Не прашувам за редовен преглед на новороденчиња, туку на поголемо дете кое има акутна состојба. До сега никогаш не сум закажувала и ми е ептен глупава таа практика, ама последниве два пати матичнава нешто ми наспомна дека требало да се закажува ќе одам деновиве пак, ќе ја препрашам, ако инсистира на закажување, ќе ја сменам Додека детево ми е со Т или повраќа или слично, јас да мислам да се јавувам на телефон, па додека ги добијам, па додека ми закажат... отиде возот. @Ano тебе исто ти е матична, ти спомнала за закажување? Ако треба да се смени, кажете ми добар педијатар (па и не мора да е педијатар, само да има искуство со деца) во Аеродром, Ново Лисиче, каде што не морам да закажувам за преглед? Или јас сум ептен заостаната со времево
Кога барав потврда за здраво дете на крај на август, како да му спомнала нешто на мм дека треба закажување (ова во конотација на муабет, ама треба да го видам за да издадам потврда, а сега немам ни термин да ви закажам - нешто вака одел муабетот, ама ни издаде без проблем). После 10 дена од оваа случка кога беше болен, не прими без проблем ниту пак ми спомна нешто за закажување. Мислам дека Мими сигурно не би вратила болно дете. Може за контрола би можело да е со закажан термина, ама вака не верувам дека би вратила. Се надевам во скоро време нема да имам потреба да го носам, ама ако има нешто ќе ти пишам.
Не дека ќе ја врати, ама на секое да ми збори дека треба да закажам, ме нервира. А и не очекував таков однос од неа, искрено. Од лекари кои лечат онлајн и по телефон сме до ова дереџе. Не сакам таков лекар и за детево. Јас утре ќе ја носам ќерка ми, па убаво ќе се разберам со неа.
Се подреков. Денес носев на дете зошто од мрсули што му се појавија пред некој ден почна да ми кашла. Не прими без проблем и ништо не ми спомна за закажување. Како поминавте вие?
Чисто се сомневам. Додуша новата сестра може и да не чита од некаде. Прв пат ја гледам. Претходната супер беше. Оваа малку бавничка ми се виде
Мене секогаш ми одговара драгана, па и Јасна. Последно не ни сфатив дека е на боледуцање доктирката бидејќи совет без проблем ми даде. Јасна секогаш ни пишува. Не веднаш; ама одговара.