Јас сум задоволна од Ѕвезда, убаво прегледува, не колу ради реда и секогаш прашува такви прашања баш за развојот, уште на вториот преглед ме праша дали гуга на сабајле кога ќе стане. И многу добри совети дава општо за нега на бебето, а не форсира скапи препарати пр и козметики. Баш еднаш кога ја прашав дали да сменам козметика ми рече, е како не сега ќе менуваш козметика намачкај таму нешто мрсничко како јекодерм. Е сега гужва има исто многу, ама изгледа сегде е така кај подобриве
Јас имам одлично искуство со Симонида Спасевска, ептен добар доктор и човек, брзо и лесно достапна во секое време.
Би ти го препорачала др. Сашко Николовски. Јас сум презадоволна и од услугата и до сега се што кажал погодил со детево што му е. И што е многу битно на вибер е секогаш достапен. Ако не може да пише на вибер ти се јавува и набрзинка ти дава совет.
Реоника се вика ординацијата. Во Ново Лисиче се наоѓа позади Лиса му доаѓа. На фејсбук пиши ПЗУ Реоника, ќе ти излезе бројот за закажување.
Не знаев кај да го поставам прашањево. Дали некоја скоро била кај др. Сајковски да ми каже колку кошта преглед исклучиво кај него и дали прави некои испитувања или само преглед и совет? Благодарам.
Еве мене ако ме прашаш ништо не прави Сајковски. Кај полош доктор не сум била. Едвај слушалка на детево му стави. Само збореше давај му рукола да јаде многу е здрава и прочистувач за воздух да купите идат загадени денови...
Радица Муратовска ептен е добра и позитивна жената. И Душко е добар ептен обрнува внимание на детали. Али Радица ми е бр1
Ептен мене ми се погоди кај нејзе да одам иако не знаев која е. Ама на прегледите се објаснува и она е борец за да цица бебето и за лекување било што гледа на природен начин да се излечи и крајно да бидат антибиотици. И знае како да ги смири родителите ако се испаничени
Зависи за што ти треба. За бебе Душко, Симонида, Станка. За поголемо дете Обочки. Сајковски е добар и мн знае, ама не се замара мноху за 'обични детски болести'.