Не се сомневам дека причината и е сварно оправдана. Познавајќи колку си ја сака работата @Sofi.ja Не е дрска,само го кажува она што треба,а не што би сакале ние да чуеме. Јас ја сакав пред се заради тоа нејзино искуство.
Кај Сашво Реоника термини закажува за здрави деца за да не се прави гужва сега во пандемијава. Иначе ако имаш било каква потреба можеш да отидеш во секое време без термин секако. Термините се за редовни контроли.
Мене по тоа што се самопроизнесува на фб и по коментарите на членки на чии деца им е матична таков впечаток ми остави. Да го спомнам не примањето на деца поради ковид пандемија (заштитена бела мечка) додека други педијатари и деца со тт прегледуваа (како главен симптом на ковид) Утре Драгана е прва, Ѕвезда е втора смена
Znachi ovde se shirat informacii na princip rekla kazala... Ne chitajte na pamet,eve pogore pishala chlenka koja denes bila bez da zakaze termin kaj d-r Sashko.
Денес бевме кај Сашко без закажан термин. За редовна контрола ни закажа нареден месец, за се друго рече да го контактираме на вибер и по потреба може да се оди на незакажано фала богу. Само сестрата е претерано дрска..
Да ова стоеше, ама јас изгледа сум начекала да е отворено. И без картон можете да пишете друг матичен, не се малтретирајте по дождот. Новиот ке отвори нов картон.Дај Боже се помалку д ни треба.
А зошто не изреагирате за сестрата? Еве јас ве читам и сакам да се префрлам кај докторот ама ова со сестрата ми фаќа око. Ме интересира дали е докторот добар дијагностичар.
Искрено да ти кажам додека беше помалечок син ми истеравме со првата сестра, што беше ептен срцка. Сега еднаш само таа крв му земаше уште еднаш не одам кај неа. Му кажав на докторот и ми дава директно во авицена да си одам. И јас се мислам на наредна средба да му спомнам. Вчера беше баш во гужва, не застанавме мн муабет да правиме. Инаку според мене е добар дијагностичар до сега. За се што сме биле, погодил дијагноза и соодветен третман. Еве дури и бактерија излековме без антибиотик.
Здраво, може препорака за педијатар за новороденче во Центар/Капиштец? Прочитав многу убави работи за др. Драгана и др. Ѕвезда, примаат нови пациентчиња? И каква е процедурата? Кога ќе се излезе од болница се оди директно на првиот преглед или треба претходно да се оди кај избраниот педијатар? И што би требало од документи за бебето? Извинете,сигурно е поставено прашањето ама воопшто не сум упатена а треба полека и на тоа да мислам
Јас сега се јавив во Реоника да ја префрлам и сестрата по телефон беше фина и ми објасни се што треба во врска со префрлувањето кај нив. Картонот од кај Коиќ немора да се земе они електронски си ги превземаат информациите. Ми побараа само име презиме матичен и преку која фирма е осигурана.
Скоро се јавив, не примаат нови пациентчиња. За истиот реон барам и јас. Кај сите што беа блиску и фалени се јавив не примаат. Малиот ми е 4 месеци уште нема матичен педијатар.
А Промедика? Кај Рамстор што е? Прашавте таму? Немам читнато ништо за таму, некој ако има искуство да сподели?
Јас сум слушнала дека се добри докторките од Промедика. Немам искуство со педијатрите, општиот доктор Билјана е сосем ок.