Не ми е толку мака во лабораторија за 2 минути завршувам работа, најмака ми е чекањето 2 саати ред кај докториве, ми се темни кога треба да идеме
Подобро, на близок мој скоро му земаа крв во Идадија, примерокот го пратиле во Драчево (не знам зашто) и му вратија погрешни резултати.
Во идадија кога носите бебе на контрола за да види докторката дали е ок после примена терапија....дали треба да закажам претходно со термин или си чекам ред?
За Идадија станува збор така? Од карши може за крвна слика на спрат лабараторијата. Само треба да посочиш дека сакаш за таму. Инаку најчесто за Синлаб даваат.
Мајки ве молам предложете ми добар педијатар во Кисела Вода. Да не случајно некоја има искуство со педијатрија во Неуромедика, тоа ми е одма до дома. Ви благодарам однапред. Убав ден мами
Не знам сега како е. Постариот син кога беше помал сум го носела во Пролече со упат од Идадија, таму немаше. Ама мислам дека брисеви исто може во лабораториите кај што одите за крвна слика.
Женски, кога и каде барате педијатар? Некако многу во последно време ми стигаат муабети дека тешко се доаѓа до добар педијатар, освен во приватниве болници, ама претпоставувам треба да се има некој општ матичен педијатар, па ако е неопходно и приватен. 9-ти месец сум, ама други родители ми викаат требало да најдам и фатам ред уште пред да се роди. Има ли некој подокажан, каде што имате добро искуство во околина од Ѓорче до Карпош, па и Центар, само да не е во Аеродром?
Не знам Во право си. Си помислив да не е како со матичните гинеколози што треба да ти водат бременост, па се јавуваш по препораки за каде има место да закажеш термин или да отидеш да се догвориш неофицијално, без извод и без дете за да те имаат предвид. Муабетиве беа веројатно као да не чекаш да му бидне нешто на детево или да дојде време за редовна контрола, вакцина па тогаш да бараш педијатар пошто може и да не најдеш, не знам.
Прашувам и јас за да знам од истите причини. 8ми месец сум, па ги имам истите размислувања размислувам кај ќе ни биде најпогодно околу центар
Здраво мами. Дали некоја може да ми даде број за закажување за прв преглед на новороденче кај др. Драгана Емел? Локациски најмногу ми одговара, а ако може да ме посоветувате и за други педијатри во реон Центар, Скопје? Дали исто така може да ми објасните како иде процедурата за запишување на матичен педијатар со оглед на тоа дека бебка сеуште нема извод, кои документи ми се потребни? Прво бебче, малку сум изгубена.
Za zapiahuvanje kaj matichen pedijatar nosi go samo kartonot od rodilishte,na sledna kontola ke odite so zdravstvenata knihka za da vo kartonot pedijatarot go zapishe matichnuiot br.na bebeto.
За запишување носи само картон од родилиште. Коа ќе извадиш извод за бебето, ќе си купиш книшка од книжара и ќе ја однесеш на работа, да ја заверат со печат. После книшката треба да се иде во фонд и таму да се завери. Ама тоа ако сакаат и од работа можат да ти завршат. Јас сама си носев пример. Коа ќе ти биде спремна книшката кај педијатарот само ќе пријавиш за да те внесат во систем.
Dzabe si se mknela do fond prifakaat i bez pecat...mojata nema pecat nikoj ne ne vratil ni od vakcina ni od maticen
Ццц . А баш ја прашував сестрата кај педијатарот и она ми кажа дека морало во фондот да е заверена книшката