Ние сме кај неа, за стручност не можам баш да зборам, до сега било океј, антибиотик не дава, прво остава организмот сам да се избори спрема анализата на крвта. Грдо е дека има премногу пациенти, не закажува и на секое одење се чека по саат време. Друго што мене не ми се допаѓа е што на една поплака од градинка дека му тече нос или не знам што му било веднаш вика седете си дома мајка вируси има ќе ти отворам боледување.... Не знам сеа тоа е мое лично искуство, јас сакав да ми е блиску, да одам и пешки и ја одбрав неа, ама ете после година дена не сум сигурна во изборот.
И јас сум кај Митка по препорака на пријателки кои со години ги и аат децата кај неа. Години женава има работено во јане сандански сито и решето има поминато, ама гужви има секој пат, кога и д апојдам со малата во кола чекаме, па вади ја, проблем е нема закажување аи докторката има пациенти над 18 години, значи функционира и како матичен општ.
Би ви ја препорачала др Кармен Цекиќ ординација Пинокио позади Тренд во Аеродром многу стручна, одличен однос со дечињата и достапна ми била во секое време.
Нас ни е матичен, затоа и пишав прашуваат членки за педијатар во Аеродром...Не ги знам на приватно цените искрено да ви кажам...
А дали прима нови пациенти, јас се извинувам мислев работи како педијатар ама само приватно, а не со фонд
Може ли да ми препорачате добар педијатар на приватно.... дали во Ремедика има некоја искуство и кај кој? Која е цената на преглед? Би сакала да го однесам малиот пред да примиме вакцина. Инаку сме 1м и 20д
Наташа Алулоска, таа работеше на детска клиника на неонатологија, сега е во Систина. Многу убав впечаток ми остави.
Мајки некоја да имала искуство со др.Мира Атанасова во Кисела Вода? Блиску ми е па се мислев таму да го запишам синко
Јас го носев моето прематурче кај Палчевска од кога не пуштија пред да имаме матичен, последно и втор пат и правеше ехо на мозоче на ќерка ми пред месец, два. Јас сум задоволна, посебно на почетокот се детелно ми објаснуваше кога беше ептен малечка и ми даваше насоки за следни чекори.