Влае карпош кисела вода овие ми одговараат највеќе. Но и да е друга локација ако си задоволна пиши ми.
Епа тогаш ти ја препорачувам Др Билјана Христовска од Букурешт.На големата ќерка и е она матична ,млада е ,ама многу сум задоволна и убав пристап има со децата.Заедно работеше со Др Лазеска стар педијатар,ама она отиде во пензија и остана Билјана ама и двете исто ми кажувале,се ми погодувале за дијагноза, големата има еден антибиотик испиено во седум години. Сега малово ми е кај Митка во Аеродром оти ептен ми е пред зграда и претрчувам кога ми треба,не ми се иде до Карпош, задоволна сум и од неа.
Здраво на сите... При крај сум со бременоста па ќе интересира да ми предложите педијатар, живееме во Петровец па ме интересира тука некаде во близина, Илинден, Ново Лисиче па може и Аеродром... Некој предлог за добар педијатар во близина?
Мајки читав наназад, ако сфатив добро, во Рес Хумана и Промедика има матични педијатри што примаат нови пациенти? Ми треба матичен за центар или околината, ако имате некоја препорака ве молам споделете.
Матичен лекар нема да најдеш во приватна болница. За приватен преглед што ќе го платиш приватно мислам дека имаат еден
Мајки кои ги носите дечињата во Реоника во Н. Лисиче... Дали докторот наплаќа за издавање на потврди за здрави деца, пр. за во градинка?
Немаш некој избор голем Охрид...или д-р Билјана или Колеви или д-р Ранко...други педијатри не знам јас, можеби има...за ЕЕГ знам дека на Детска клиника прават ама не знам ништо друго подетално
Се потру антибиотик малиот ради грешка т.е. пропуст при преглед. Не би да навлегувам. Знам нема сјајно нигде, ама малце претерува. Знаеш каков ми е прегледот? -Да давам виранто? Дај. -Оперил смеам? Ставај. Нешто за имунитет. Дефендил треба? Мхм Брисеви, крвна слика црп треба. Што мислите? -Направи. Значи сама си кажувам, прашувам. Не комуницира доволно и некако осеќам ради тоа пропусти се праат. Јас одам за да ми каже што да правам, а не да ќути и да го прашувам. После се лутат сами си ги лекуваме...
Ординацијата и се наоѓа во Идадија. За матичен може да биде, но не знам дали примаат нови пациенти. Јави се и прашај.
Бебе е 2 месеца, досега редовно одевме на мерења и следења. Ме интересира колку често го носите детето на педијатар, по потреба или рутински?
Сега за сега на 1 месец планирам до година, може кога ќе наполни 9м ќе намалам, не знам. Обично ми кажува кога педијатарот, на почетокот на недела дена, па на точно 1 месец, па на 2 и после рече на 4, ама јас закажав и на 3. Прво бебе ми е и искрено повеќе одам за прашања да си поставам си имам цел список. Инаку ми рекоа пред корона на 1 месец биле прегледите, а сега на месец ипол, дали ова за на почеток важи само не знам.
До 8-9 месеци редовно на 1 месец, а потоа до година на 1.5 месец. На секоја контрола ми закажуваат за нареден пат.
Sea mi tekna zaboraiv kontrola da si zakazam posledniot pat...ama aj ke trgneme u gradinka ke sme cesto tamu sekako