Мајки во околина Аеродром, Лисиче некоа препорака за матичен, за брзо ќе се породам па и ова прашање да го решам ќе треба
Од Ремедика искуство да споделам. Др.Марина ми остави супер впечаток. А др.Живковиќ не баш, ми остави впечаток дека форсира дохрана.
Ти зборуваше тебе др.Живковиќ да даваш дохрана? Др.Марина ми рече немаш потреба освен ако ти лично некогаш сакаш да одмориш па да и дадеш дохрана. А чим имаш млеко не гледам потреба. Кај Живковиќ два пати бев и некако два пати истиот муабет. Овде читам пофални зборови за неа. Мене не знам не ми се погоди така.
Јас пак напротив, со Живковиќ успеавме со синко да остане само на доење. На два дена одевме да го мери и него и подој, кратевме полека оброк по оброк за да остане само на доење. Можеби сега се смениле работите…
Мене не ми остави убав впечаток уште при испис од болница кога ми рече и ад да давам на 3часа а јас млеко имав од одма. Реков ајде може така ми се простори. На вториот преглед пак муабет за дохрана, не знам ама мене ми се потврди тоа дека форсира дохрана.
Марина ме подржуваше да дојам, ме храбреше дека ќе успеам. Додека пак Живковиќ форсираше дохрана, од кај неа излегував со насолзени очи и се чувствував немајака за моето дете.
Дохрана со ад или молзено, пошто двете се дохрана? Мене Марина ми викаше дохрана, Живковиќ не. И од кај Марина си одев дома со плачки. Ич ич не ме охрабри нит поддржа на почетокот. Мислам стварно треба саглам едукација на персонал во родилишта а и после. Инаку мислам дека тоа е тој еден протокол кои си го тераат во болницата, па дали Марина или Јадранка исто е, никогаш нема да си се спротивстават една на друга. Ако сега си се разочарала од Јадранка, за 5 месеци ќе ти измисли и Марина нешто и од нејзе ќе се нервираш. Ама во секој случај двете ги сметам за професиналци и сериозни отстапки не би им промакнале.
Исто и јас. Кај Марина одев со првото и ради неа сто ме храбреше останав само на доење без да му дадам дохрана. А сега со второво се кај Живковиќ одем на контроли и исто само ми вика дохрана да му давам, а и кажувам колку млеко имам, на моменти се чувствував немајка ради неа. Сега си закажав кај Марина да одам на контрола.
Јадранка има таков некој пристап, сериозен знае и да те извади од памет, јас имам неколку пати излегувано со солзи. Уште во родилиште. Ќе дојде кај цимерката ќе каже се нај нај. кога ќе дојде кај мене ќе смени лик, пример е мајка вашето уште не се искака и викаш што значи тоа дали е ОК бебето, е тоа никој не знае ќе ми речеше такви некои муабети, кога ќе ја видев низ врата одма солзи ми идеа и пред нејзе сум плачела Иако после продолживме кај неа се до ковидот, пошто болни не гледаше она Систина ми се супер педијатрите. Форсираат доење што е супер, нема плачки
Имаше старо твое мислење дека не си задоволна од неа. Кога си го однела со тт. А таа ти се смеела декс е вирус и ќе помине. И цело време зборувала на телефон. Искрено педијатриве кој како ќе ти се погоди, изгледа на моменти се. Секој со своја среќа. Тие децава ги гледаат како по книга. Секое дете е различно и индивидуално. Не може сите исто да напредуваат. Не треба толку да не паничат нас мајките, па да се осеќаме како немајки поради нечиви зборови.