Јас па Антони го одбрав иако не ми беше на пораѓај. Некои работи што ги мислев ни се совпаднаа со препораките што ми ги даде. И општо, му верувам.
Дали може да ми кажете како сте задоволни од Др Јула вомполиклиника железничар доколку некој ја има за матичен?
Телефон од Палчевска за итно ако е добиваш од систина мене ми дадоа одма кога имав проблем со капки, жената ми врати смс у 6 сабајле дур е на патување во Шпанија. Презадоволна сум ама сакам да најдам и матичен лекар.
Кај нас беше на брзање првиот преглед по раѓање. И секако, мое мислење е дека треба самата докторка да ти даде број, плус на таа пара што ја оставаме таму не треба да е незаинтересирана.
Сакам кај др Цекиќ да гп префрлам малиот, има некоја мајка овде да сподели за таму искуство? Како е со работно време, дали е само 1 докторка, дали е детална, достапна за комуникација...?
Колку чини педијатриски преглед во Систина а колку во Ремедика? Дали за децата родени во Систина пресметуваат 10% попуст? Кој лекар да го одберам за следење новороденче Палчевска, Станка, или Сајковски?Кој е темелен, стручен и достапен? Првото синче си го носев во Ремедика кај Марина и она е врв,детално го прегледуваше син ми на секој преглед,и секогаш е достапна на вибер за консултација, ако се тука некаде со цени би го носела и бебето сега кај нејзе.
Ке си одговорам сама,во Систина педијатриски преглед чини 3800 ден а во Ремедика 2000 прашав на двете места.Дефинитивно ке си го носам во Ремедика понатаму,претерани се цените за преглед на бебиња.