Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педијатар

Дискусија во 'Бебе' започната од lina-kalina, 22 август 2015.

  1. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    И со тој попуст ако во Ремедика е 2000, пак е поефтино. Лошо во Ремедика е што немаат постојано достапен педијатар.
     
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    4.640
    Во Ремедика почнав со 1100, па 1700, сега 2000 последно плативме :^). Првата цена сигурно беше со попуст.

    Ама луѓе, не што Систина е 3800, 5 мин е прегледот и чини 3800 :@, ко да чекаат да си отидеш, до сега кај 2-3ца што сум била. Сакам пак да одам кај Обочки за консултација, искрено не ми се оди, 1 реченица ми пиша прошли пат во извештајот, а детево со алергии, ни напатствија ни бутур. А во Ремедика ми даваат извештај 2 страни и испод пола саат не сум била на преглед.
     
    На Erika.greeneyes, macalavica, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Aauu poskapele vo Remedika a? Pred tocno dva meseci bese 1200, barem jas tolku sekogas plakav, malata e tamu rodena.
     
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    4.640
    Јас еднаш кога ги прашав ми рекоа докторката става цена, ваљда ако одиш редовно става помалку, ама па она ми кажува кога да одам. Не знам, пред 2 месеци јас 1700 платив. Можно е сега редовна да им е 2000. И јас таму се породив во декември и си ја носам како што ми закажува она.
     
  5. DejziSk

    DejziSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    Taka, aj bas ke vidam, naredna nedela imam zakazano pregled.
     
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    Марина од Ремедика е врв.
    Јас обично по 40мин на преглед сум била кај неа. Толку темелна.
    А замисли тие прегледи ми беа бесплатните што следуваат после пораѓај. Дека имавме проблем со паѓањето на папочето и после месец дена кога одевме не ни го наплати прегледот. Дека таа не повика.
    Дека бесплатни можеше да не помине само ради реда.
    Ама таа ја прегледа ќерка ми детално.
     
    На Coco31 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    7.819
    Пол:
    Женски
    1400 платив јас :)
     
  8. NIKA@

    NIKA@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2020
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Женски
    Мами ,знае некој колку чини преглед во Плодност Битола :)
     
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    8.683
    Пол:
    Женски
    Значи ај да прашам нешто, сите педијатри ви ги лечат децата со солен раствор и чај или само Паскалов така лечи.
    Од прошли петок чешма и е носот и се слива кашла. 4 пати ја носам, ништо не и не, ништо не и е. Денес ја носам ми вика има малце секрет симнато, му викам добро лек нешто антибиотик, сируп, нешто. Ништо ми вика ќе го искашла, течности повеќе, ствараме природен имунитет. Ми ги спои нервите максимално.
    Отидов Хербион и купив за смирување кашлица.
    На мисла сум дал да го мењам почна да ме иритира. Давајте предлог за педијатар во околината на Карпош.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    За педијатар не би знаела да те посоветувам, ама неповикана за кашлицата можам да ти дадам некој совет. Направи ѝ инхалации со физиолошки раствор, ние правиме 2х дневно по 2ml кога има потреба (3-4 минутки макс трае инхалацијата), а ако немаш инхалатор ставај ја близу озонер (и тоа ако имаш) да ја вдишува пареата колку - толку (нека подиши 5 минутки) 2х дневно. Ако не, стави вода да врие во тенџере и застанете на метар до тенџерето и нека дише 5 минути, исто 2х дневно. Многу е битно воздухот да има малку влажност кога се во прашање кашлици и секрет, така ме советуваа педијатри од Систина. Ја моево го лепев до озонер 3 дена по ред 2х дневно (пошто не ми го сака инхалаторот) и ноќе го пуштам у спална да навлажнува, и му помина. Е сега дали од тоа беше, не знам.

    Исто, за искашлување. Легни ја со стомаче преку твои колена кога седиш, главата малку понавалена нанапред да ѝ биде (како за повраќање буквално) и благо тапкај ја по грбчето кај белите дробови (пример 5 тапкања на едно место, па 5 малку погоре и така целата површина). Ова помага да го ослободи секретот што се спуштил и може да го поврати у таа положба, да го исплука или да ѝ се врати па да го голтне и да го исфрли на друг начин. И со ова биди упорна, неколку дена по неколку пати дневно.

    Со лесно да ви помине :hug:
     
    На DejziSk, LazaLaza, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Инхалации само по препорака од лекар. Се чудам, како така лесно на други препорачувате нешто што не е баш така наивно? Па на затнат нос да инхалирате, и замисли има бактерија, па да му се разнесе надоле, да се чуди човек после.

    @Tea SK искрено, и нашава така лечи лесни вирози, кашлица и затнат нос. Солен раствор, ако има потреба спреј за нос како Оперил или Мералис, чајчиња и сирупи за искашлување ако имало потреба. И досега немала утка. Инхалации само кај опструкции, ако е склоно детето. Онака за затнат нос не дава инхалации или којзнае што, ќе пројде.
     
    На Tea SK и Tiny Love им се допаѓа ова.
  12. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Анат, ако педијатарот не констатирал бактерија, ние овде може само да си нагаѓаме.
     
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    4.640
    Другарка па иде кај него е сеа дали е он стално или некој од другите не знам. Ама она нон стоп си прави брисеви и ако треба дава антибиотик. Јас би си направила да сум мирна.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Ама и да не констатирал со брисеви, оти најчесто не се прават, секогаш има бактерии во нос, не мора да предизвикуваат симптоми, евентуално може само затнат нос. Секогаш има ризик да се разнесат кај што не треба со инхалации.
     
    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @Annath инхалации стрикно по препорака на педијатар се прави? Не на своја рака така?
    Немам искуство прв пат го инхалирам по препорака на педијатар
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Ако препорача педијатар, да. Си има кога и зошто. На своја рака не.
     
    На velesanka, Tiny Love и elimkd им се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    8.683
    Пол:
    Женски
    Има стрептокока пнеумонае во нос, правен е брис. Според него нема потреба од антибиотик зашто е вакцинирана и чекаме само да се избори телото, бидејќи не е активна има проѕирни мрсули.
    Многу сум на мисла дал да го мењам. Од една страна знам не треба антибиотик за се, од друга страна па детево кашла една недела, он ми вика ќе искашла само...не знам што да правам.
     
  19. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Е ова е друг муабет веќе со бактеријата. Ја мислев чист е бактериолошки резултат. Би ти препорачала да се консултираш со друг педијатар, што е можно побрзо. Стрептокока е многу досадна бактерија и знае да си се враќа цело време, посебно ако не е долечена.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Зошто не се прават инхалации на своја рака?
    Една мајка ме напиња моево да го инхалирам, зопто она нејзиното скоро па и секој ден му прави инхалации, здраво или болно.
    Не знаев да и објаснам зошто не во ред, ме гледаше како да и викам да му стави кокаин во инхалаторот