Не е Кисела вода ама е блиску, др Јула во Железничар. Многу ми се свиѓа како лечи само што на вибер е достапна само во работно време.
Па добро, не одиш за секоја ситница секако, а и кога се болни обично по дадена терапија само се слушаме за апдејт. Во работна недела ќе врати ама за викенд тешко што е сосема ок, за мене.
Радица Муратовска. Ми беше на пораѓај и продолжив да го носам кај неа баш поради тоа што ми се допаѓаше инаку ќе си најдев матичен.
Др Мира Атанасова, ние сме кај неа и ептен сме задоволни, во било кое време е достапна и враќа на Вибер.
За бебе од три месеци колку често одите на педијатар да го види да мери килажа и слично, нашата ни рече да сме оделе само по потреба веќе предходно ни закажуваше на две недели, сега ни вика нема потреба толку често
Од секогаш сум одела еднаш месечно. Ако бебето напредува добро нема потреба толку често одење. Само на почеток првиот месец бевме 3 пати пошо така е во ремедика. На 2-3 дена на 10 и на 30-40 од испис.
На самата автобуска (кај што поминува 24, пилиња кај што продаваат) пред шампионче кога идеш од центар, нема шанси да ја утнеш (се надевам дека добро ти објаснив ) Да, прима нови дечиња, баш вчера бевме на контрола и имаше залепено дека прима нови.
Супер, фала ти. Уште ова, треба да се јавам да закажам па да одам или како е процедурата ? Дали работи во смени ?
Работи во смени, оваа недела е втора смена, следната прва. За прв пат можеш да се јавиш чисто да прашаш дали ќе ве прима, да не чекаш таму. Инаку не се закажува се чека ред, најдобро е кога е прва смена први да отидете, на втора околу 2-3 да не ве фаќа гужва. Ако сакаш ќе ти дадам бројче?