Да прашам едно глупо прашање. Нели за кај Марина еден месец пред време се закажува а за кај Искра како? Од каде да знам кога ќе ми се разболи бебето и ако ми треба пример во моментов да одам се закажува за која смена е или како
Јас сум била 2-3 пати до сега кај неа и секогаш ми закажувале од денес за денес (зашто нели за болно дете), но сепак мора на закажано, во дадениот термин кога е слободна;
Брзо се наоѓа, а и кога ќе тргнеш кај неа ако има потреба ќе ти даде нејзин број и можеш да ја контактираш за итни работи. Еден период кога беше многу болен се слушавме секој ден, контроли не ми наплаќаше и ме викаше без термин. Мада се наоѓа од денеска за денеска некогаш освен кога има некој сезонски грип тогаш е малку гужва.
Може ли број од др. Искра? Кај Розита во Рес Хумана стана страшен хаос, почнавме по 2, 2.5 саати да чекаме на раб сум да се префрлам Единствено добра работа е што има лабораторија и за бебиња чекаш 5 минути за резултати додека трае прегледот.
Devojki ve molam za dobar pedijatar koj prima patienti. Vo ponedelnik morame. Kaj site kaj so se javiv ne primaat .
Во Ѓорче Зотовска и Маџовска ти се ок, кај поликлиника се во зградата кај Биотек. Ние сме кај Паскалов, прашај дали примаат. Колешки носат во СиМедика или СиМед, во Букурешт, задоволни се.
Јас за почеток почнав да одам кај Живковиќ во Ремедика додека да најдам матичен. Мислење за Славица од ПЗУ Пантелејмон?
Мајки да ве прашам нешто. Можеби е глупаво прашањето ама ме интересира дали и вашите педијатри се вакви ко нашата. Значи секое идење на педијатар нормално го носам кога е болен. Детето ми има 2 години. Под болен ми значи температура,кашлање со шлајм, затнат нос, стомачен вирус значи не идам за глупости. Докторката секогаш е добро де ќе му помине зошто го носите на лекар нормално е ова , до април ќе биде ваков , видете детето си игра значи не треба да кревате паника. Еднаш ми нема кажано направи крвна слика и брис да видиме.И од сето тоа го носам во Систина и таму многу нормално ќе ми ги направат сите анализи и оп искача бактерија во нос , едно друго за да идам пак со истите резултати за да и докажам дека има нешто. Значи не знам дали сите доктори се вакви државно ама стварно ми е некад преку глава од ваков третман што добивам од нив и затоа почнав во Систина да одам.