Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педијатар

Дискусија во 'Бебе' започната од lina-kalina, 22 август 2015.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Епа ништо :D
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Зотовска од такт ме вадеше со рекламни ливчиња со печатче и оди во таа аптека до Зегин. Три дена да одев, три различни чуда по 700+ денари. Не ги купував, на крај и реков, па не можеме се да испиеме колку ни давате.
    Кај Паскалов тоа нема.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Дали "лесно" дава антибиотици и колку од прилика се чека?
     
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Кај Паскалов попладне знае да се чека и по саат, саат ипол. Увек е прегужва.
    Антибиотик тешка работа. Со течности иинхалации лечи спуштено на плуќа.
    Антибиотик само еднаш и даде и тоа дека имаше инфекција на увото.
     
    На TeddyGrey и Emotional123 им се допаѓа ова.
  5. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    I spustenoto na pluka projde taka so tecnosti i inhalacii?
     
  6. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    2.874
    Пол:
    Женски
    Срна ќе се надоврзам и јас на оваа тема, а и Теа ќе пише искуство.
    Од Козле поголемиот така го третираа за бронхит, многу добра шема ни направи докторката со инхалации, за 5 дена немаше ништо.
    Ама треба да се вклопат сите коцки.
     
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.491
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Инхалации недела дена, тапкање и чаеви еден тон.
    Подолго е лечењето ама се излечи.
    Јас искрено се нервирав се закарав со него кога ми рече ништо ама на крај во право испадна.
     
    На Kolache na mama и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    За Паскалов ти пишале.
    Ако прашуваш за Зотовска, дава антибиотици ама не "лесно"... пак ќе ти напоменам, немам искуство многу. Само за ушето ми пиела големата антибиотици.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    @Pacient srna
    И моите често ги третираат со инхалации кога имаат бронхит. Таква терапија сме добивале од матичната, од доктори во Систина и од Козле.
    Инхалации и тапкање помагале, без вклучен антибиотик.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    И јас ко што гледам кај Зотовска поише е затворено од отворено, пред на Маџовска ординацијата тутма луѓе гужва, кај неа никој нема. Не знам искрено, што е проблемот. Јас проаѓам од таму често и затоа пратам иначе не сум таму. Јас Паскалов не го мењам за ништо, макар чекала по 3 саата. Мене не ми треба доктор антибиотик што ќе ми даде, ми треба доктор што ќе ми го лечи детето, а антибиотик не е секогаш решение. Одиме, прво прашува, не ко на внука ми старата матична Добро мајка ќе видам јас, си знам! па го прегледува и на крај отвара картон, не да пишува само од ѓутуре антибиотици, гледа што делувало што не. Едино не сакам таму кога го гледа Кате, немам доверба во неа, Виктор и Гого ми се топ, имам супер искуство со нив, Сандра не сум ја начекала. Здравје и бебе ќе си го носиме кај нив.
     
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Малиот ми настина, уште нема месец, го однесов кај Сандра и веќе со очи не сакам да ја видам. Го наслушуваше 10 пати, па влегуваше излегуваше од ординација без ништо да каже и на крај ми вика воопшто не е добар, има наод на плуќа, не диши добро, итно носи го на Детска или Козле нека му мерат сатурација. Животот ми го скрати! Избезумена заминав во Систина, го прегледаа, ми викаат никаков наод нема плуќа, само затнато носе, нема потреба ни од анализи ни од терапија. Следниот ден и на Детска клиника го однесов и таму ми рекоа нема наод на плуќа.
    Така што докторката е крш и слободно може да си ја скине дипломата!!!
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Не сум имала искуство, не знам, со Кате еднаш немало да потрефи дијагноза или терапија, ама затоа Гого и Виктор живот му умаат спасено на неколку пати. Виктор лично не спроведуваше на пулмо кога отидовме за алергии и тоа само што не виде надвор во ходник, без да му побараме. Не знам што да кажам искрено.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Кате таа со црната коса?
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Да, колку што знам Сандра е кратка плава и повисока, Кате е со долга црна коса и пониска.
     
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Да, Сандра ја викна Кате за консултација и да ја "потврдат" дијагнозата... Катастрофа!
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Ауууу
    Треба да му кажеш на тој Паскалов да знае што вработил
    И им кажа дека врска нема наодот
    ?
    Баш живот кратење е тоа :|
     
  17. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    И кажавме, па ни рече да поминеме нареден ден пак да го наслуша, аха важи, сигурно. Најјако од е сè е што ме убедуваше да не го носам во Систина, најдобро било сатурацијата да се мери да клиника или во Козле, викам не сакам со толку мало бебе да чекам во таа гужва со други болни деца, многу е мал и ми вика а што мислиш ти, во Систина нема божни деца? Ок викам, фала ви пријатно. Во Систина ни отворија во ординација на неонатологија да ја причекаме докторката кога видоа за колку мало бебе се работи. Следниот ден кога го однесов на клиника на договорено, веднаш да ми го прегледаат и да не чекам бидејќи е новороденче, докторката сама ми рече дека добро што сум го однела во Систина затоа што кај нив е хаос периодов, а кога и кажав за дијагнозата на Сандра, се изнасмеа, вика нема врска, здраво право дете со чиста плуќа.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.944
    Допаѓања:
    123.520
    Ужас.
    Да, во Систина така прават веднаш прегледуваат ,во другиот дел
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Moze nas taka ni se pogoduva a e spusteno bakterija iskaca deka zakacila pa mora sirup da pie. Ednas kaslase mozda cel mesec na pocetokot cisti brisevi ama posle mesec ja odnesov vo kozle i tamu rekoa sirup crp pokaceno. Stvarno ne znam sto e ispravno ama do sea moevo dete ne uspealo skroz da se izleci bez sirup. Obavezno zalepuva use neso i taman ke se podsredi kaslanjeto ke izvadi zeleni mrsuli i druga kaslica
     
  20. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Чекајте сега, која е Сандра што работи кај Паскалов?! Кате ја знам, нас ни погаѓа дијагноза, не утнала, ама повисока од неа со плава коса не сум начекала, има една релативно нова, пониска, со коса до брада, таа да не е? Таа исто еднаш ја начекавме на смена, ок ми се виде.

    Ама откако ја сменија локацијата, ко и гужва повеќе да има и треба сестрите некако да се преорганизираат зашто кај нив долго се чека.