Таа е. Плава со коса до брада. За висината точно не ги запазив, прв пат отидов ама очигледно и последен (барем кај Сандра).
Не дека секогаш терапијата била само инхалации, пиеле и антибиотик. Ако имало бактерија на брис добивале антибиотик. До сега ја погодувале дијагнозата дали е вирус или бактерија.
Од кој педијатар дте задоволни од околината на Аеродром? Првично сакав да го носам кај Др. Митка Тренчева од Јане, ама знам која гужва и кој хаос е, да ми предложите друг/а од кој/а сте задоволни?
Ајо најдеп сподели. И јас бев во потрага лани кога ја менував претходната на мали и на крај во центар почнав да го носам во промедика. Го спомнуваат Сашко реоника - поделени мислења Митка - јас од искуство на блиски не ја сакам, а и замена на нашата беше не ми остави впечаток. Цеќич - отиде во пензија Смоковска - снаа ми не се бап задоволни. Други не ми текнува бар мене во Аеродромов. За големиов дури се мислам веќе и да го префрлам кај нашата, она е по семејна медицина а јас за нас сум задоволна, ама за бебе незнам што да правам. Секаде е хаос од гужви
Јас пред 6 мес кога барав никаде не примаа нови деца и секаде беше преголема гужва, бевме еднаш кај сашо од реоника и се чекаше по 2 саати за преглед, а бевме со новороденче од 10 дена. Сеа сме кај Митка, само она примаше деца и најмалку гужва има од сите други и немавме баш избор. Сега за сега сум ок задоволна, само за редовни контроли сме оделе. Смоковска исто не примаше нови, а и они не се педијатри туку се општа медицина. Цекич тогаш уште работеше ама исто не примаше нови деца. Буквално на сите можни педијатри се јавивме во скопјево и хаос беше сегде.
Па еве година дена сме таму за сега сум задоволна. Не ни има згрешено дијагноза. Не форсира антибиотици. Има комуникација на вибер, кога е поитно одговара побрзо, кога не сум почекувала, ама битно без одговор не сум останала. Е гужва е да, ама има бројче систем и обично јас кога сум на работа зимам бројче, а мм оди по дете и таман да не чекаат многу и слични комбинации.
Има ли некој што носи дете на педијатар во City Medica во Карпош 2 кај Мида? Гледам имаат педијатрија, па како сте задоволни, има ли гужви многу?
Јас ја носам таму од раѓање, кај Благородна. Задоволна сум, мада реално освен контроли и не сум многу носела дете таму. Се дешава да чекам ама јас не закажувам, туку се договарам со докторката и затоа чекам. Имаат своја лаб, сега им работи само прва смена деновиве.
Како ги лечат кога се болни? Со Паскалов се молиме да го убедам дека е болна. Плус прегужва е стално, по 17 деца чекаат. Извикан е ептен ама за ништо не и е, а она кашла буфта, мислам дека секој педијатар во Скопје може да каже, а да не чекаме 2 саати. За лабораторија немам гајле, имам матична, само педијатар барам да не чекаме 2 саати, а да е добар. За болни деца се закажува, како иде?
Спремна бев да се префрлам кај него ама тој бетер од моменталнава бил. Добро што те прочитав, да не се зезнам
Кај сте сега? Многу е гужва кај Паскалов, сериозно не се дочекува. Јас до душа ради Виктор ја носам таму ама како тргна во градинка се попладне ја носам, а Виктор од сабајле е најчесто. Гого треба зборови од уста да му влечеш за да ти каже што му е на детето и увек е исто, ништо не и е, ништо. Ме иритира малце како појава.