Да, сеуште е прва, само во петок втора. Симона исто прегледува. Сум ја носела малата и ради гужва кај драгана ја има гледано и симона и супер впечаток ми остави
Дечки, знаете ли да кажете кој е добар педијатар кардиолог на детска клиника? Има 4 докторки од тоа што гледам на Мој термин. Има ли некој искуство со нив да препорача кај кој доктор да одиме?
Прегледуваат деца и двајцата.Иван посебно е мн приступачен кон деца.А и побргу термин ке добие кај него мислам отколу на државна.
За тоа со термин во право си, по 3 месеци сама бркам на мој термин за да можам да го однесам детето на редовна годишна контрола што му е препорачана. За Чадиковски искрено малку е нов во оваа област и не сум сигурна колку е стручен, евентуално ако не прегледува некој од тимот од Турција што доаѓаат за операции. За Иван сум слушнала, ама кога нас ни требаше не работеше со деца под година така да немам искуство. @Romantic незнам конкретно за што ти треба и колку е сериозно. Инаку можете да одите и во Струга кај Др.Лилјана. Во краен случај ако не дај боже е нешто поозбилно јас можам да ти препорачам во Софија да одите. За таму имам искуство, а имаат врвни кардиолози и кардиохирурзи.
И ние сме кај др.Драгана, па ќе може ли да ми кажеш како online да проверувам за распоред?Ти благодарам
За Милев со 2 раце потпишувам! Ми го прегледуваше големото со наполнета годинка и да ти кажам подобар доктор немам сретнато по приватниве.
Фала на сите за препораките ❤️ Се слушнав со матичната на бебо, според неа кај Милев треба да појдеме, за него чула најпофални зборови.
Јас сум кај Др. Розита, 2-3 пати сум била само за редовни контроли пред вакцина. Докторката си е океј, убав пристап кон бебе ама совети во врска со храна збунувачки (барем за мене). Гужва како гужва, сум чекала и по 2 часа (штом е здраво бебе во друга просторија се чека) а сум завршила работа и за 30-45 мин. Еднаш итно ми требаше, не ја добив, тогаш се јавив на дежурен на клиника. А за дали прима нови пациенти....не би знаела да ти кажам.
извини.Др.Милев сега каде е?беше во жан митрев....И јас треба да закажам преглед за малотот затоа прашувам...
На две места е, Жан Митрев, барем така стои на нивна веб страна, и Кардио вита во Чаир. Јас закажав во Кардио вита, 3200 ден комплетен преглед + ехо.
Мислам дека во Жан Митрев прегледува само еден ден во неделата. Таму комплетен преглед е 4500 денари.