Zborese Dragana deka planiraat j toa da napraat. Ama i ova e sasvim ok otvaras gleas kolku ima dali da ides sam ili so dete
Сега поради падот на системот на ФЗО неможе да се регистрираме кај матичен педијатар и мораме на приватно. Кој доктор би го препорачале за преглед на приватно, освен Систина бидејќи 3800 ми е скапичко за проверка на тежина
Прашајте таму каде што планирате да ви биде матучен, сигурна сум дека ќе ви излезат во предрет и че ви го примат бебето на контрола како нивен пациент. На пријателка и го примија така.
Можете кај кој било педијатар што има склучено договор со Фонд и ќе ви наплати 300 ден од преглед како неосигуреници кај тој доктор. Евентуално кај Љиљана Којиќ во ВФВ Клиника во Бутел, 1000 ден е комплетен преглед, термини има и од денес за денес, гужва нема.
Ептен задоволна. Бидејќи ни е прво бебе, па едно може 20 минути не' воведуваше во грижа на новороденче, не' виде така исплашени и загрижени, па дури после ја прегледа. Бевме до сега неколку пати и за консултации само.
Ајјј тоа истата ли е Којич? Што беше матична? Па жената беше ужас дури беше матична Е сеа приватно др. песна
Добро стварно како ви функционира комуникацијата со доктор Паскалов? Значи ок, прочуен е, стручен е, ама мислам дека треба малце повеќе посветеност.. Јас не знам како да остварам нормална комуникација со човекот.. Ако не прашаш и влечеш зборови, а те глеа како паничар и се осеќаш глупо што прашуваш, јас не знам стварно како треба со него..
Децава ми се од Август таму, еднаш,до два пати кај него ми се паднало ... комуникација он Тихи, ја потиха
Др Светлана Крстевска Блажевска во Систина, педијатар кардиолог е. Читам за на клиника прашувате, ама да се уфрлам зошто гледам би препорачуваат и од систина. Др Чадиковски е хирург-за кардиолошки педијатриски интервенции, и не е нов, напротив тој е одговорен за развој на детска кардиохирургија кај нас. Меѓутоа ако ви е за преглед кај др Крстевска
Дајте ми предлог за второ мислење каде да го однесам бебето? Да е приватно и да е достапно за брзо време ... Педијатарот вчера ми рече све е супер,а детето затнато и не цица и полудев од грижи... Или да го носам на дежурен во Систина? Не знам кој ќе ми се падне,немам најсјани искуство со еден од таму
Јави се и прашај кој е дежурен денес во Систина, па ако не е тој со кој имаш меубаво искуство, носи го. Можеш и на Детска клиника ама и тсму ти е лотарија, може и специјализант да ти го прегледа, а може и топ доктор да ти се погоди.
Јас не сум задоволна од педијатрите во Систина. Многу убав впечаток ми остави Искра од Ремедика. Темелно прегледува, објаснува. Настрана што Систина е прескапо за педијатриски преглед. Не користат ехо, а ќе те чини 4.000 денари, треба малку да намалат.
Јас го имам носено кај Станка ко беше болен, задоволна бев. Инаку, претходно дури немавме матичен, ко си беше здрав го носев кај Живковиќ и бев многу задоволна, сè до моментот кога ми настина, се исконсултирав со неа само преку порака, ми даде насоки ама бидејќи бев загрижена го однесов Систина на дежурен и сè помина ок, само витамини ни дадоа и детето од ден во ден си беше подобар. Некој ден после тоа имавме редовен преглед кај Живковиќ, а малиот уште малце ми кашлаше, таа така ме испаничи што ќе го памтам тој ден цел живот, ми кажа дека има бронхиолит и дека е за итна хоспитализација, му мереа сатурација и му беше 100ка, значи одлично, но сепак морало да се хоспитализира бидејќи не се знае кога ќе падне сатурацијата. Јас од таму со плачење одма заминав на Детска клиника и бидејќи имам позната таму, додека возевме од Ремедика до клиника и се јавив и и кажав, а тие ми спремаа соба. Кога го прегледаа детето на клиника ми рекоа дека е здраво и дека може имал блага настинка ама се гледа дека е во фаза на заздравување ама на плуќа нема апсолутно ништо и дека тоа што кашла најверојатно му се слева малце од носето и го дразни. Ми кажаа само да го цицам што повеќе и толку. Затоа, најтопол совет, внимавај кај кој педијатар го носиш. Јас претходно бев презадоволна од Живковиќ, имам и тука пишувано, долги и детални прегледи, прекрасни совети ама овој стрес да ми го приреди не и требаше.