Не знам дали имаат дежурен, затоа кога беше болен го носев Систина затоа што знаев дека има дежурен со сигурност. И мене ми ја фалеа Марина ама јас навистина многу бев задоволна од Живковиќ и ниту пробав да одам кај Марина. Сега имаме матичен, се надевам нема да има потреба да трчаме по приватни. А инаку, верувам дека ако имаат дежурен во Ремедика ќе те примат на незакажано.
Nemaat dezuren pedijatar vo Remedika. Bolni decinja pregleduva samo Iskra, ama vo tek na rabotno vreme ( iskreno ne znam kako e so saatnica ona). Marina i Zivkovic se samo za redovni kontroli.
Марина не прегледува болни деца. @Iris-1234 жал ми е што си имала такво искуство со Живковиќ мислам дека на почетокот ти пишував дека сум презадоволна од Марина. Мене Живковиќ ми се падна на пораѓај и после кај неа првата визита и првата контрола вака како тебе со плачење си заминав дома. Нема добар пристап спрема мајката. Треба да поработи на тоа како ги ксжува вестите на прворотка. Мене ме извади од памет дека го изгладнувам детето и слични глупости. Од тогаш на другите бесплатни контроли кај Марина бев и уште неколку пати бев само еднаш платив. На вибер е секогаш достапна иако може 4 месеци веќе не сум била кај неа.
Ako ne e kasno veke, nosi go utre kaj Viktor kaj Paskalov, ama javi se prasaj koga e na smena i isklucovo viktor baraj go, ako ne vi e maticen nema da ve vrati
Кога виде како ме растревожи и ме расплака, ми се извиниуваше ама џабе стресот е тој. Инаку и јас кај неа од куп одења на контроли,самк два пати платив. На вибер исто беше нонстоп достапна ама ете, се сличи што се случи, а ептен добри совети ми даваше...
Значи многу тука сме плачеле кај Живковиќ Изгледа таков и е пристапот, сериозна, незнае како да каже, еве на пораѓај со син ми, син ми не заплаче одма, му вадеа вода имаше наголтано, беше малку на кислород јас и викам дали ќе биде добар она ми вика никој незнае… Ок. на визита доаѓа, за цимерката се нај нај, се префрла кај мене “ За разлика од на цимерката бебето,вашето мајка” … и јас почнував да плачам …. Кога ќе ја видев на визита ми се стемнуваше Ама продоложивме кај неа, она го префрли син ми на ексклузивно доење… Не препозна пневмонија , за еден саат разлика носен во Козле не задржаа во болница а беше само 7 месеца син ми. Се испаничи и она и само ми се јавуваше и пишуваше смс Марина Сум пишувала. Она за мене не е педијатар Да и однесеш дете во моментот да има конвулзии и она да рече имам закажано прегледи не сте мои пациенти, нека си ја скине дипломата. Колку сака нека е речита и фина и достапна , да филозофираш дури син ми се тресе цел, место да дадеш прва помош, се друго паѓа во вода Мизерија, дно.
Моето искуство со Живковиќ е одлично. Многу е пореална од Марина. Кај Марина е се супер, розево, чувајте се, гушкајте се, јас во прегледот кај неа не добив конкретен совет. Живковиќ кажува реална, фактичка состојба и затоа многу ја почитувам. Ми помогна од комбинирано да го префрлам само на доење, ми даваше реални совети.. Кога ми се падна Марина на втор преглед, како совет за доењето немав, ми кажа давај Ад за да бидеш одморена…
Јас од памет се извадов, си велев како не приметив дека детето ми е толку болно а тој весел си беше, цицаше без проблем, убаво дишеше, немаше температура, само што уште малце кашлаше, а претходно секој ден го носев на детска клиника да го наслушуваа секој ден ради кашлицата и ми имаа кажано дека сè е во ред, да не го носам веќе и затоа си го закажав на редовен преглед кај Живковиќ за таму да ме тресне гром од ведро небо, за џабе. Докторот на клиника ми рече, ако детето е болно вака ко што ти пишала во извештајот нема шанса да не приметиш, забрзано ќе дише, нема да цица итн. Тогаш нè прими др. Реџеп Мемеди на клиника и многу сум задоволна од него, детално го наслушуваше едно 15тина минути.
Е ајде де... сега кај и да одам на педијатар со страв одам затоа што не знам што ќе ме снајде, фобија имам.
Значи осет никаков. Не сум имала некој поголем здравствен проблем со ќерка ми ама памтам за хемангиомите ко и се појавија нови колку испаничив и отидов бледа ко крпа на педијатар од ко ми кажаа дека можело да има внатрешно крварење детево, ме смируваше докторката ко нејзино дете да е у прашање. Се живо ми објасни, до детали.