Како бе којзнае што прават, знаете ли вие дека тие доктори работат од сабајле до вечер, некогаш одат дома да јадат само и се враќаат. Сте виделе ли некаде доктор кој е подостапен од нив двајца, па и докторките. Инаку мора да искористат одмор зошто инаку казни им пишуваат, ги уништија од фонд со кажни за глупости. За мене подобар доктор нема од нив двајца, а ништо не му е фала богу почнаа повеќето да кажуваат а не само да пишуваат атб.
Zboram za smenite ako ne razbra nesto od site komentari pogore. A za nisto ne mu e, vo cetvrtokot deka nisto ne mu bese denes zavrsivme na antibiotik so crp vo vis i temp pa vidi sea ti dali mu e ili ne mu e. I toa istiot toj doktor sto rece nisto ne mu e pred tri dena denes rece mu e Sum procitala tuka mnogu slucaevi so nisto ne mu e pa posle ajt vo Kozle so bronhiti... Inaku majki, mi treba iskustvo so dobar orl za tret krajnik. Najverojatno za vadenje e, ama sakam navistina dobar lekar da vidi. Sistina ili Remedika, na drzavno ne planiram da se vlecam.
Мирка Шалиќ одлична, работи и со Фонд и приватно. На преглед, бевме и кај Оровчанец и во Систина заборавив како се викаше. Би ти рекла шкртни го Оровчанец, оди Систина. Ние бевме за вадење во Воена. Одлично поминавме, презадоволна бев и од пристапот кон деца од цел медицински персонал и од докторот- Караиванов.
Сигурно може приватно кај Мирка? Слушав дека само со упат примале, а термини не се наоѓаат така, се е зафатено. А ми треба добар ОРЛ и плус важно ми е.
Nekam kaj Mirka, odamna odime kaj nea i samo ne matka. Aj da ozdravi aj da napravime alergotestovi sve nesto izlaga. Plus da ne kazam deka mu dade inhalacija so ventolin a nesmeese da dava ona. Sreka odma sto go prekinav cim mi kaza maticniot. Jas sakam doktor sto ke go operira toj da go vidi. Orovcanec e star veke ne e toa sto bese. Vo Sistina ednas mene licno me zafrkna epten nivniot orl, sea moze imaat drug neznam. Edino sto mi pomogna e edna doktorka orl od 8 septemvri ama nekam da mknam dete po drzavnive plus jas sum trudna. Neznam koja opicja ni ostanuva... I uste nesto me interesira, dali da go nosam na pregled koga e sosem zdrav ili da cekam letovo? Zosto sekoja nedela od skolo faka nesto.
Систина докторот што беше пред 3 години беше многу добар. Само кога имавме преглед баш немаше мака малата, и рече не е за операција. А имаше мака сирота и слух почна да губи, ама така се погоди кај него да е ок. Тие ти се опциите, Воена оперираат после 5 годишн возраст. На клиника мене ме маткаа така 2 годинк, дете слух губеше само не клукаа со антибиотик. Дојди за месец, дојди за два.. затоа отидов Ремедика, докторот преглед 2 секунди и не ми остави впечаток. Па Систина, рече не е за операција. И во Воена само што ја видоа одма операција ни закажаа и детево се прероди. Постот каша попара искочи
Другарка го носеше синот, 6 год., во Ремедика кај Оровчанец, им рече одма операција на 3 крајник плус запушени уши. После го однесе кај Караиванов во Воена, испадна дека ушите се океј, а за третиот крајник им препиша терапија пред да оди деф. на операција. Детето е океј сега. Другаркава е задоволна од Караиванов. За Систина не знам, немам добро искуство со нив, би одела само ако друг доктор ме прати таму, во спротивно не. Со лесно.
Што има врска приватни или државни, пациенти има секаде. Не знам зошто толку ги величате приватните и им ги пуните џебовите. Караиванов горе што ти го спомнале е топ, има и една докторка не ми текнува има мислам Весна беше, топ, немој само во Аудиограм кај Гоце, Гого не пушти таму, ужас е. Јас ОРЛ од што сум претрпела многу само на Караиванов му верувам и на Филиповски во државна ( не сум сигурна дека уште работи)
Одиме приватно зашто нема термини кај овие што ги спомна. Кај тој Караиванов нема за април термин. И што да правам? Да чекам толку време? А важно ми е. Таа Весна што ја спомна, од Ремедика е? Дуковска?
Sekoj kako si saka taka odi. Eve mene primer mi e smaceno od lekari,bolnici, bockanja, cekanja po cekalni so sekakvi. Nesakam dete da vlecam da go maltretiram uste tolku po drzavni i zatoa ke odam na privatno zosto mozam da si dozvolam zosto da ne. Sekoj si go gleda svojot dzep i nema pravo da kazuva za drug. Jas imav/m problem koj go vlecev so godini, kaj sve ne bev na site mozni orl i samo Ana od osmi sept mi pomogna posle tolku godini talkanaje. Ama jas znam sto pativ dur ne dojdam do tamu i sega nekam dete da se maltretira, a doktorkava e dobra, sum slusnala i za Karaivanov raboti so nea ama mene ona mi pomogna. Neznam dali raboti so deca valjda raboti... No sepak prvo ke go odnesam kaj taa Vesna sto vikate vo Remedika (i jas mislam deka e taa gledav i na sajtot niven ima Vesna orl) ako ne mi se dopadne ona ke vidam na drugo mesto ke baram.
Doktorive od slusanje ili od licno islustvo? Vesna e vo Remedika (privatna inace ) Rade Filipovski e direktor na orl vo Osmi Septemvri, sum bila i kaj nego ne sum zadovolna. Karaivanov isto e vo osmi sep. no nemam iskustvo so nego a sum go slusnala/videla dur se akav po lekari za mojot orl problem. Od tuka kako i ti citam iskustva za nego. Goce nekam ni da go cujam Jas baram licno iskustvo nekoj ako saka da mi pise sto vadele tret krajnik i kako pominale, ne od drugarki, tetki babi zabi. Jas koga preporacuvam nekoj doktor poreporacuvam od licno iskustvo, a ne samo kolku da se umesam vo razgovor. Sreka pa ne sum do tolku pa sekoj sto ke pise da zemam zdravo za gotovo pa ajde gotovo tamu idam. Prvo ubavo istrazuvam sekoja mozna varijanta pa posle odlucuvam kade e najdobro da nosam dete zosto dosta mi e od sekakvi doktorcinja.
Не, не, во 8ми септември е. Ама изгледа е Ана што ја спомна другата мајка. Зборете со матичните, за акутна состојба може и приоритетен ваљда. Муабетот ми е дека еве вака праиме беља, добрите доктори заминуваат по приватните зошто им плаќаме на Систина, Ремедика, Мирка, Чекиќ и во државните е празно, јас се изненадив на неколку пати колку брзо сум завршувала работа и коментирав со моја блиска медицинска сестра, вика упола е работата намалена со приватните и сега стварно има простор да се посветиш на дете. Јас освен ортопед за друго дете не носам на приватно. Големото го однесов и на кардиолог ете ама воглавно одиме на државно и брзо завршуваме и одличен однос имаме. Братучетка ми го однесе детето за повторувачки бронхити во Систина, и земаа куп пари никаков однос и ништо не средија, ние со една посета на пулмолог на детска клиника го решивме проблемот и најдовме причина. Мајка јас колку сум напатена од уши мислам дека стрес животен ми е тоа, сум посетила доктори и доктори, пораснав на орл во државна. Среќа немам сега мака. Филиповски беше во Државна тогаш, многу добар доктор. Он и Лидија Чакар ме извадија од калта. Караиванов ме има лечено како мала уште додека бил општ, и беше колега на мајка ми од кај што сум по потекло и одам кај него сега кога имам потреба. И маж го носев и праќам другарки, сите се задоволни. Од сите доктори што ги спомнав само кај оваа докторката во 8ми не сум била, ама изгледа не беше Весна туку Ана што ја спомна. Сум слушнала само добри искуства, другите ги знам сите.
Zboram za Ana Trimoska Radevska od 8 Septemvri, a Vesna Petreska Dukovska e od Remedika. Te molam koga neznaes ne mesaj babi i zabi, nekoj sto vrska nema ke te procita tuka pa ke se zaleta bezveze. Inaku Rade Filipovski 20 godini e vo Osmi Septemvri neznam ti koga si bila kaj nego na klinika ko dete li?
Ај смањи доживљај те молам. Човечки одговарам, човечки одговори. И да има и повеќе од 20г откако сум била кај Филиповски. Реков, докторките не ги знам, другиве кај сите пројдов, што сама, што со дете, што со сопруг. Золва ми е задоволна од Цекич пример, пред да оди во пензија кај него одеше, јас не сум, од 15 спреја, капки и витамини и суплементи нормално дека ќе се опраи ситуацијата, работата не е да се отруеме од лекови.
Не ми текнува, во Капиштец беше, 2 пати отидовме, ни даде спрееви и запна тие па тие а на дете крв од нос од нив му тече му лие. Башка никакви насоки колку да го користи, пројде месец дена тогаш ни рече аааа ова доста, сте претерале. Не сум задоволна.
Не знам веќе. Ние бевме кај Бундевска во Железара, матичната ми ја препорача, ништо не направивме. Не ни прегледа дете што се вели. Ми даде Синомарин, Септаназал, но тоа не помогна. Не ми е само да одам да губам време, сакам проблемот да се реши.
Neznam ti kako me dozivuvas ama ubavo si pravam moabet. I za vakva tema za lekari i za deca mislam ne e vo red da se kazuva kaj koj da odis ako ne gi znaes i nemas LICNO iskustvo so nekoj od niv ili si bila kaj nekoj pred 30 godini ti se molam. Ti ne ni znaes koj kako se vika i koj kade raboti ustvari kazuvas za nesto sto bilo pred 30 godini. Od vakvi rekli kazali ko tebe preku glava. Inaku Cekic si rabotati privatno si ima svoja ordinacija vo Aerodrom ne e vo penzija ne e tolku star bev i kaj nego,neznam moze pak nesto si se pomesala