Има ли педијатар приватен во Букурешт, сакам да смениме матичен ама реон Карпош не можам да најдам. Или препорака некоја. Сакав Сити Медика, вчера се јавив ми рекоа докторката можела да биде матичен немала специјализација се уште, панцеф на пример не можела да препишува.
Кога пишува Гого дека е дежурен се јавуваш на телефон и се договараш, во зависност од состојба иде да ја види. На прв ден Велигден дојде да го прегледа моето и купишта други деца, како идевме така не испраќаше со јајца и кошничка.
Да знаев дека е таму ќе ја однесев, а ми беше незгодно да звонам. Плус беше мн рано сабајле, она беше со болки и не можев да чекам. Ти благодарам.
Ако ти е незгодно да му се јавиш пишувај му на Вибер, мада одговара одма. Јас пред 8 му пишав, во 10 беше во амбуланта и ние наличени таму. Откако стана родител е многу поприступачен некако, се шали на своја сметка, иако Ништо не му е си стои сеуште и душа давам да рече денес за малово Ништо не му е.
да, пзу се и тие што имаат склучено договор со фзом може да се матични. но прашањето ти беше приватен матичен и така се подразбира, како да бараш педијатар од приватна болница т.е. што не работи со фондот.
Дали има некој маил од др Марина Поп Лазарова за контакт, тој од ремедика исгледа не е валиден, несе прака маил на него...
So toa nisto ne mu mi ide neznam sto da mu napravam. Cekame saat vreme, pregled edna minuta i nisto ne mu e i si odi, a dete so bakterija i zolti mrsuli do zemja, mu vikam tri dena bese so 39 ako mi vika Od sega ke se javuvam koga ne e na smena da odam. Tesko deka kaj nego pak ke pojdam, viktor i kate da ne se teska rabota deka ke bev uste kaj niv. Kade gledate izvestuvanje za dezuren koj e i sl? Jas gi imam na insta i fb ama nisto nema. Inaku kakvo iskustvo imate so Sandra tamu?
10 дена се влечеме со антибиотик за џабе и уште ми е болно детето, зашто они се некоординирани. Кате и дава Панцеф, Виктор зошто сте и дале Панцеф, Сандра вика ај не Панцеф, еве ви Амоксиклав. Гого фала богу не можеш да го убедиш дека детето ти е болно. Гужвите апсолутно не вредат, по 2 саати се чека секогаш.
И му беше нешто? И Кате и Виктор ќе ти кажат ништо не му е ако стварно ништо нема.. јас пак само кај него би одела или ептен Виктор.. Сандра ми е океј и Кате е океј ама ми е последна на листата Мислам кај кој и да отидам не им верувам како на Паскал што му верувам 99% си гледаат они симптоми и ако треба праќаат да правиш кс или брисеви не се секирај
Sekogas koga kazal nisto ne mu e sme zavrsuvale so antibiotik posle nekolku dena. I da, mu e, si go znam jas deteto podobro od tebe. Krvna slika i brisevi si pravam i bez da kazat deka do tolku im veruvam de od iskustvo, porano da ama vidov deka ne ide taka nisto ne mu e a temp 39 i sekako koga ke odnesev rezultatite antibiotik pa sto sme cekale posle e rabotata...
Немам такво искуство искрено. Големиот ми е 7г кај Гого, малиот он ми го оправи. Малово сега Кате го фати ама се мислам дека е претерано со антибиотиков, ама тоа е. И јас скокав сега пред празников да пие и големото антибиотик и стварно излезе ништо не му е. Веќе не скокам. Јас сум од тие што ако има избор бираат кај Гого да одат, му верувам и тоа е.
Ја па не знам што идете кај некој доктор ако немате доверба во него?! Сменете си матичен и крај нема да се нервирате ни за чекање ни за ништо, па трујте деца со антибиотици за вируси и онака секој втор дава антибиотик од ракав
Pa ne sme nie glupi da davame antibiotik za virus i da veruvame so sekoj ko tebe. Ne si napatena od bolestini pa veruvas vo sekoj doktor. Koga ke trgnes po doktori da si go baras careto za nekoj problem ke svatis deka ne e bas 2+2 4 vo medicinata i dobro ke znaes dali deteto ti e za antibiotik ili ne.
Затоа што педијатри што работат со Фонд почнуваат да се бројат на прсти. Сите избегаа во приватните клиники и странство, а постоечките се преполни со пациенти и не примаат нови. Има населби во кои веќе нема педијатри, само доктори по семејна медицина, што и тие се океј, нормално, ама сакам да кажам наскоро ќе останеме без педијатри, кој ќе ни лечи деца, еве не знам. Не секој има средства да оди во Систина, Ремедика итн.
Првично Панцефот и го даде зашто наводно увото и било црвено. На прашање брис крвна слика, Кате рече не не треба секако е црвено увото мора да пие. Ај си викаш доктор е, знае поубаво Пие 5 дена Панцеф, качува 39 тепм, правам крвна слика, црп 80, гранулоцити качени, идам кај Виктор зошто нема брисеви, што пие Панцеф, па објаснуј се. Епа ај нека пие до 10 дена ми вика. Викендов 4 дена темп до 39.8. Вчера крвна слика, црп 60, Сандра вика ај сега ќе мењаме на Амоксиклав, не бива Панцеф, не се симнува доволно црп. Ама ај вика и на ушно за секој случај. Толку се во гужва, што се набрзинка проаѓаат. @NNK19 мене очигледно тимот на педијатри на Паскалов ми го трујат детево со антибиотици