Јас дете не носам на доктор освен ако ставарно не и е арно. Оди во градинка носот цело време и тече и за такви работи или темп до кај 38 не ја носам. Ја носам кога реално има потреба, висока температура, густи мрсули кои се слеваат, кашлање и сл. И он таму ми вика ништо не и е. Па на доктор идам да го лечам детево не да ми кажуваш ништо не и е, ако е за ништо не и е, рандом некој ќе прашам. На страна тоталната некоординкраност и начинот на лечење со другите доктори кои се таму. @0ли ми рекоа дека е ок млада докторка, сега има и доктор да ја покрива другата смена и не е прегужва. Антибиотик тешко дава, што е во ред за мене, и секогаш праќа на крвна слика и брис пред да го даде.
А си пробала ли да му се обратиш поотворено, да не речам да се конфронтираш со него штом има таков однос? Јас би му рекла, добро, докторе, ве прашувам, очекувам и одговор бла бла. Културно и смирено. Е ако и после ова нема реакција, тогаш менувам лекар и чао пријатно.
Дали др. Весна и Моника од Промедика примаат нови пациенти и дали за рутински преглед кај нив треба да се закаже?
Да, знае да има многу гужва и да се чека. Еднаш ни се случило да нема никој па веднаш влеговме. Зависи од периодот, сега беше период на вируси и хаос беше. Здрави и болни деца на едно место се прегледуваат, тоа не ми се допаѓа.
@Tea SK ,@0ли имам пишувано страници наназад за др Билјана.Супер ми беше мене,големата ќерка ја носев кај неа 8 години ,ама откако се роди второво се префрливме кај нас поблиску дека далеку ми беше од Аеродром до таму да одам,инаку не би ја менувала.Млада е,ама работеше со др.Снежана Лазеска стар педијатар отиде во пензија и двете истото ми го кажуваа и дијагностицираа,еднаш само во осум години и даде антибиотик, инаку се што ми кажале точно испаднало,ако е вирус тоа е.И другарка ми ги носи двете деца кај неа,задоволна е.
Како си задоволна од нив? Сакам некој што е стручен, добар дијагностичар и да е пристапен, да одговори што го прашувам. Сакав кај Паскалов ама далеку ни се од местото на живеење, битно ми е да можам да земам количка и сама да отидам.
Еве и јас ќе ти споделам мое искуство. Додуша со Весна немам искуство, окај Моника ги носам и досега не сме имале толку итна ситуација за да мора кај Весна иако колешка моја и од неа е задоволна. Моника е супер, приступачна, отворена за дискусија, не дава антибиотик туку така (откако е кај неа големиот еднаш само пиеше антибиотик во ве години), комуникација на вибер има (сум и пишувала и недела, може не одма ама ако е итно одговара). Да гужва е прилично особено во сезона на вируси и грипови. И да нема посебно здрави/болни деца. Ама па има бројче систем - си земаш бројче и ако има многу за чекање можеш да си прошеташ слободно. За здраво дете (за бебево) практикувам среда/четврток кога е прва смена да сум таму најдоцна 7:30 и обично сме први или втори.
Благодарам за споделеното искуство. И пријателка ми ја фалеше многу, па ќе ги запишам најверојатно и двеве деца кај неа.
Океј е вака Моника, приступачна е. Не сме имале итни ситуации и не бил носен кај неа кога е болен, само за рутински прегледи сме оделе. Е сега, еднаш сум ја барала на Вибер и дури по 5 саати ми врати, не знам дали е секогаш така или не. За почнувањето со кашички никако не попушташе да почнеме под 6 месеци иако детето ми беше гладно и не издржуваше 3 часа без млеко, па го однесов на друго место да ми дадат насоки и почнав со кашички. Најголема замерка ми е што кога Весна беше на одмор, Моника беше сама прва смена, страшна гужва беше и се изначекавме за кога стигнавме на ред да ни рече дека и завршило работното време ( во 11:00 зедовме бројче, во 13:30 стасавме на ред). Тогаш ептен се искарав бидејќи требаше да не известат дека не може да постигне и да не земаме бројче, ме прими ама го прегледа брзински. После нас имаше сигурно 15 души и настана хаос затоа што не примаше пациенти веќе. Инаку пак ќе кажам, океј е за рутински прегледи, за кога е болен не знам.
Во 13.30 и завршило раб време? Гого во 9 не има прегледувано, а знам дека во еден ек на вируси пред некоја година во 9 имаше 32 книшки пред нас, ние си отидовме, другите сите до еден биле прегледани. Што со родителите што не можат да излезат од работа и треба во втора смена да одат а ете нема доктор, празно оставаат, нема доктор и тоа е тоа?
Ова беше затоа што кај неа тој ден одеа пациенти и од кај другата матична која беше на одмор. Ние бевме 50ти според земеното бројче. Другарка докторка кога и раскажав ми рече дека доктор не може да изврши повеќе од 30-35 квалитетни прегледи на ден и дека сè над тоа е невозможно т.е возможно, но не со максимален квалитет и концентрација.
Искрено не ми е јасно ни на мене. Јас со него немав контакт дур не направи малава годинка. Се кај Виктор бевме. 3 пати се погодив кај него само ме изнервира. До сега ради Виктор таму бев. Да завршиме со сегашново лечење и бегам од таму.
За жал нема избор , ама па и ова не го бива. Мојата е семеен лекар, ама 90% се деца, газдарицата е пензиониран педијатар од ремедика она си прегледува приватно, ама презадоволна сум, за син ми што дека беше педијатар , цело време ништо не е ништо не е , а завршивме у козле па уште не искара што сте иделе у козле демек сами сме барале да лежиме Со женава буквално се просветлив, на вибер не е баш достапна , сака да те слушне телефонски, ако инпишам на вибер сама се јавува да ме испраша, на бадник се слушавме моите спуштија со антибиотици и снимав како кашлаат , ми рече не иди у козле по урбазони и да лежиш со нив , ќе ги опраиме и како кажа така бидна и двајцата ми ги спаси од козле , ептен заглавија со грипот тогаш Сакам да кажам има и добри семејни лекари, може и за нив да се подраспрашате
Абе види, кога на некој ќе му излезе името сите трчаат таму ко да нема друг лекар... Јас исто познавам мајки кои така се истрчаа кај него, па од тоа "ништо не му е" завршуваа на клиника. На една пријателка и правеа проблем и од градинка за неговите потврди, се гледа дека детево болно, кашла се корне и е со зелени мрсули до колена и она носи потврда за здраво дете пошто нели "ништо не му е" и и реагираа, ја прашуваа како ја добива потврдата кога се гледа дека е болно детето.
Isto, radi Viktor. Jas sekogas se javuvam prasuvam koja smena e Viktor i togas odam, ako ima nekoj drug doktor so nego obavezno go baram Vitkor i da pregleduva zdravi deca toj den cekam da zavrsi pa da ne primi. A i on veke ne nauci zosto se nesto mu e i sve kaj nego.