Majki dali ima nekoja iskustvo so dr.Katerina Vasileva Dimovska od Biotek policlinic za maticen doktor?
Само што ја отворив темава за препорака за нов матичен, и јас ќе го менувам Паскалов. Мене па само Сандра ми се погодила, а Паскалов на преглед повеќе од 3 збора ми нема кажано. Кате еве во три месеци ни препиша трет антибиотик.
Update од денес: Паскалов знаел да збори. Прв пат да покаже индикации зашто го зборат како добар педијатар. Последици од месец дена некоординирано лечење од неговите педијатри, ќерка ми од денес е на трет антиботик во рок од 20 дена. Прво даден Панцеф без брисеви од Кате, качување температура 3 дена до 40, додека го пие, за Сандра да ми го смени на Амоксиклав, завршен во петокот, за денес пак да качи температура малата. Меѓу време се тестирам јас хемофилус. Во петокот бев кај Кате, ми рече супер е, и ги гледаше ушите, зашто и беа заматени мембраните и ради тоа беше на антибиотик. Нема ништо вика, ми пиша потврда за градинка. Денес качува пак температура, одам кај Паскалов, десното уво лом, ургентно на отолог, пукната мембрана, црп 40. Овој пат си лапнавме Сумамед. Значи патешествиево ни трае од 21 април. Со бегање ќе си отидам, само конечно да завршиме со лечењево.
Јас сум задоволна. Ми се погоди на пораѓај па продолжив да го носам кај неа до 1 година. Фина, посветена, достапна на вибер. Ако те интересира нешто конкретно, прашај
Мене ми остави позитивен впечаток. Од тројцата што ни беа на контролите после пораѓај она беше најпосветена и најдетална. Е болно дете не сум носела па за тоа не можам да кажам.
И мене ми се погоди на дежурство еднаш и исто ми изгледаше доста посветена и сакам да продолжам кај нејзе да носам бебе затоа прашувам. Фала ти
Нема да згрешиш, јас поради неа додека не тргна малиот во градинка немав матичен педијатар. Откако тргна во градинка, нормално почна да се разболува и ми беше поекономично да си најдам матичен а и поблиску, Систина ми беше далеку од К.Вода.
@Tea SK Ние сме кај неа со големиот. Нема гужва али да ти кажам упат за крвна слика и урина никад нема да ти даде да направиш. Детето ми беше со кашлица и му течеше носот и го носам кај неа ми вика чај од кромид. После ова отидов во Систина за да го прегледаат таму му направија крвна слика и брисеви и открија бактерија во нос. Баш споделив од претходно искуство туку со неа и пиша уште една мајка дека и на нив така им правела. Мајки препорака од Систина или Ре Медика педијатар од којшто сте задоволни ? Конкретно ми е за 2 годишно дете . Имаме матичен меѓутоа нешто ако е итно а они не се на работа да го носам таму. Само да напоменам дека од др. Обочки и др. Никчевска не сум воопшто задоволна.
Др. Станка Танчева - Систина Одличен доктор, посветена, смирена, секогаш позитивна, отворена за прашања. Мене исто ми е важно што многу брзо ми одговара на пораки и кога е болен не ме паничи веднаш да тргам на доктор. Ќе ми даде совет и ќе каже дека ако не се подобри состојбата за 2-3 дена да го направам кс па да го носам кај нив. Претходно бев задоволна од Живковиќ Ре Медика ама направи огрооомен кикс и веќе не одам кај неа. Малиот настинат со блага кашлица, а таа ми направи невидена паника и ми рече дека има бронхиолит иако сатурацијата му беше 100 и ме испрати на клиника со предлог за хоспитализација. Таму кога го прегледаа се изнасмејаа лекарите и ме пратија дома. Детето за ден два беше како ново, ни кашлица ни бутур така што не ја препорачувам. Тогаш бев тазе породена и ме изнарасплака за на крај да ми рече извини, јас многу паничам кога се бебиња во прашање... Мислам неам коментар.
На пораѓај ми се погоди и после на контроли го носев кај нејзе супер е. Она повеќе форсира природни работи и против АД млекото е додека не се увиди дека е проблем тежината па тогаш да советува. И детево само кај нејзе не плачеше Имам искуство со Фидановски мене ми е океј. Е сега ги фалат и Сајковски и Станка.
Покачиле значи. Јас последно кога плаќав толку беше знам со брисеви и крвна слика скоро 3000 ме фати, инаку јас искачам надвор, а маж ми плаќа. Ќе стигнат до 3000ден до крајот на годината