Во Систина сум ги носела вон работно време на матичната, за викенд или ноќе во итна. Голем дел ми покрива приватното здравство па затоа се одлучувам за таму во тие ситуации.
Абе ја не викам не, кој може да си дозволи супер. Само штета што сите добри доктори отидоа во Систина и ние сиромашните останавме на милост и немилост на тоа што има во државните. Тоа е.
Систина педијатрија им е воглавно ужас. Знам од многу искуства а и работно. Верувај ,клиника е понекогаш незаменлива .
Верувај многу добро знам колку ДК е незаменлива за сите приватни клиники, нажалост од искуство лично.
Кое приватно го користиш за децата? Јас сум преку Сава ама рутински прегледи не ми покриваат т.е треба да извадам упат преку матичен ј да го доставам до Сава за да ми организираат и покријат преглед, а синчето повремено го носам во Систина кај др. Станка и многу сум задоволна па супер би ми било да ми покрие нешто приватното.
Од Триглав ми е осигурувањето, но рутински прегледи не опфаќа. Јас ги носам моите во ургентен таму, на рутински контроли не сме биле. Ги носам, го плаќам прегледот, па им пуштам пријава на штета за рафундација.
Ама сепак можеш така, а преку Сава не може. Мораш мислам да најавиш преглед за да ти кажат дали ќе ти го покријат.
Девојки ве молам за информација.. Која смена е Драгана Емел? Ѕвонам на фиксниот, никој не се јавува Фала ви
Денеска е втора смена... Да не имаат некој др.број во ординација јас цела недела звонам и никој не крева..
Замена е на мојата матична додека е на одмор... Ми треба да ми отвори боледување, детето е со пневмонија.. имам извештај од пулмолог. Треба да го однесам и детето за да ми даде? И како функционира кај неа, со закажување термин или одиш/чекаш
Не мора да го носиш детето штом имаш извештај.Нас Емел ни е матична, ама Симина ми го отвори болувањето.Јас носев к.слика од детето само.Кажав дека сум за боловање и ми отвори без проблем.