Ние сме кај Моника во Промедика, ок е докторката, коректна. Обично досега сме оделе за рутински контроли. Одговара и на Вибер.
Јас ги носам и двајцата кај Моника, и ок е докторката. Не е паничар, не препишува антибиотици од ракав. Не ми се допаѓа само што нема здрави/болни деца па бебе го носам обично многу рано во 7:30 да фатам прва или меѓу првите.
Здраво, ќе ве замолам препорака за педијатар доколку знаете околина Општина Илинден, Гази Баба, Петровец.. не сум во можност за подалеку Ви благодарам однапред
Да, кај Коруновски, таа зграда. Само пази за паркинг, ме дигнале и казни сум платила овде 2-3 пати. Само долж улицата на обележани паркинг места со плаќање и на Кјуби со рампа паркингот, или земјениот кај полицијата, ама не после знакот од ПОЦ за станари. Тие што се пред зградите пред влезовите е само за станари.
ќе треба да мењаме после или се префрламе кај неа? знаеш? Ваљда ќе има замена таму, т.е. прва и втора смена? Вчера бев кај неа, ама не знаев за ова, инаку ќе ја прашав. Ако некоја мајка дознае нека сподели.
Само Драгана. Не, мислам ќе си ги префрлат картоните на новово место. За смени изгледа ќе си оди како сега, а не знам дали ќе има уште некој со нејзе. Е сега ако е некој кај Ѕвезда веројатно ќе си остане картонот во Идадија.
И јас вчера бев, може сме се сретнале. Во сабота сме на контрола кај неа, па ќе ја прашам. Претпоставувам картоните што се кај неа ќе се преместат исто во новата ординација. Замена Симона да не и биде?