Aма тоа да спушти на гради може да се деси за 2 саати, а до пневмонија има процес што не се дешава така брзо.
Ама еве нас ни се разви за 6 саати. Во козле направија пропуст или можеби толку му треба, не знам. Само со температура ја однесов вечерта, терапија симптоматска, на слушалки чиста, крвна слика уредна, сабајлето со едно наслушување ни рекоа хоспитализација, пневмонија со опструкција. Ама јас тогаш приметив дека нешто не чини затоа отидов пак и верувам дека стварно претходната вечер била ок.
Незнам навистина не сум медицински поткована, само пневмонија е колку што знам прилично посериозна состојба и не може толку брзо да прогресира, ама ете нели секогаш има исклучоци. Не е исто, пневмонија е прилично посериозна и потешко се лечи. Незнам медицински да објаснам.
Пнеумонија е наод на плуќа, бронхит мислам не е. И јас мислам дека спуштање на гради е пнеумонија и кај мали деца прогресира брзо. Не е тоа бронхит.
Акутниот бронхитис често се јавува по настинка или други вирусни инфекции на горните дишни патишта. Бронхитисот е воспаление на бронхиите, мали цевчиња кои од дишникот водат до белите дробови. Симптомите кои се јавуваат при акутен бронхитис се кашлица, покачена температура, болка во грло, болка во мускулите, омалаксаност, чувство на тежина во пределот на градите. Кашлицата која се јавува на почетокот на болеста е сува. Со текот на времето станува “зрела” и содржи се поголема количина на секрет. Акутниот бронхитис вообичаено трае 7-10 дена, но кашлицата може да биде присутна три недели, па и подолго. Воспаление на белите дробови, односно пневмонија има скоро исти симптоми. Разликата е во тоа што таа ги зафаќа белодробните крила. Најчесто е неопходно лекување со антибиотици. По болеста често доаѓа до поголемо губење на тежината. Дијагнозата лекарот ја поставува на основа на физикален преглед, биохемиски анализи и други параметри од крвната слика, меѓу кои е и важен биохемискиот параметар,CRP. Едит: не сум доктор, ова од гугл
Да точно е кај бебињата може многу брзо да прогресира состојбата и затоа треба да се следи секој ден/два на слушалка. Муабетов со докторката ќе го кажам и подетално, значи детето ми се разболе и бевме на инхалации една недела пропратно со антибиотик за бактерија во грло. На контролата го слушна и рече супер е детево оздравено е толку со инхалации, арно ама ние во меѓувреме закажавме во козле чисто да го видат пошо и пред тоа долг период се повторуваше грчење после јадење. Значи не може саат време после нејзиниот преглед да ми речат во козле пневмонија и тоа сериозна што едвај ја излечивме. Башка шо и покажав видео како ми дишеше детето во даден момент после јадење и ми рече 'ништо не е'
Znae nekoj kako e situacija so brojcinjata kaj dragana emel? Eventualno link od redot za cekanje. Na toj sto go imav samo zvezda stoi znaci ovaa drug ima ili nema ic
Има бројчиња и сега може да се земаат online. Треба да ти дадат корисничко име и лозинка според картонот. https://junior-med.konto.com.mk/ObrCekalna Од сабајле може да се резервираат бројчиња после 8:30, за попладне после 14ч мислам дека беше.
Еве кај мене малата има опструктивни бронхити. Последниов пат кога имаше бронхит, вечерта во брза помош на слушалка немаше наод, сабајлето кај замената имаше.
Ете тоа, никој да не го снајде, ама може брзо да прогресира, не дека треба неколку дена. Затоа колку сакаат нека ми се смеат ама 3ца педијатри прашувам ако нешто не сум сигурна.
Што прегледи се прават на новороденче во првите неколку месеци на кои доктори ако може да ме упати некој?
На педијатар секој месец до 1г- мерење главче, тежина, висина, фонтанела. Ортопед - (јас бев) на 2м и на 6м (требаше на 5м) гледаат колкчиња со ехо и сега (мојов ќе биде 9+) ќе биде преглед без ехо (мислам дека тука гледаат седење, исправање, вртење итн)
Не се слуша секогаш наод на плуќа, посебно ако е вирусен. Треба добар педијатар/доктор да слушне. Затоа некогаш прават утки. Може да спушти на плуќа, ама за пневмонија да се направи треба подолго време. Може да направи бронхиолит или бронхитис побрзо. Кај доенчиња бронхиолитот е многу почест. Моево бебе од 25 дена со толку секрет во нос и хрчење, го следат на слушалка два пати на ден. И да, топла препорака за Симонида Спасевска во Систина за бебиња. Смирена, одлична.
Како е кај Драгана Емел сега со гужви, чекање на новата локација? Паркинг? Работното време што им е објавено некако по ок ми се гледа од претходно.