Здраво мајки. Вие што ги носите децата кај Билјана во Букуршт, дали може да ми кажете која смена е неделава и како е со гужви?
Здраво девојки, нормален педијатар да ми предложите во Битола за матичен. Искуства со ориднација Др. Вангел? Имаат ли сега воопшто педијатар таму?
Има докторка кај д-р Вангел, мислам дека е во тек со специјализација. Колку шо јас знам само Александра е педијатар. Децава ми се кај Ели, иако е специјалист по семејна, работи со деца 15 години и е искусна. Јас барем сум задоволна.
Матичната на мојата ќерка е за пријава, лупа антибиотици како бонбони. Дали е нормално ова? Има каде да се пријави? А и плус и се спремам лом да ја направам. Замислете ми кажа дека детето има наод на бели дробови, а немало врска, во грло имала шлајм што и се слева од носот. Како вака си измислува и тоа само да даде антибиотик.
Во лекарска комора да отидеш. Имам јас искуство со таква докторка. Мојата бивша матична како од шала ми даваше антибиотици. И за затнат нос антибиотик. А татко ми неук, и веруваше. Еднаш ми даде погрешна терапија и завршив во болница. Ужас. Татко ми не пријави.
Ненормални. Ако паничат, нека не примаат деца, ма и возрасни. Кога и да сум отишла јас, ми давала антибиотик. Инаку, не е педијатар, семеен лекар.
Мојата матична важеше за една од најдобрите во тоа време. После случката, престанав кај неа да одам. Ни самата не знам колку антибиотици имам испиено. Незаинтересирана ми делуваше. Само да те откачи ќе ти препише антибиотик. А тогаш која ми ја згреши терапијата јас упорно и кажував дека нема подобрување. Џабе беше.
Ја има на слика со Драгана на денот на отварање на амбулантата. Значи сега они две си се замена една на друга,а Симона ќе биде замена на Ѕвезда?
Не знам, вчера видов на порталот дека се менуваат со смени, но дали и е замена со печат незнам. А ја знаете која е, педијатар е?
Не јас не ја знам. Ние сме кај Ѕвезда. Драгана беше супер замена,т.е. на исто рамниште. Баш ќе ми биде криво ако не си се повеќе една со друга замени